Женски читам доста позитивни коментари за количката од Бебехоме, Safety First, па да ве прашам, како е на пр за поголемо бебе (на пр за 10, 11 месеци)? Да не е мн мало седиштето?
Treba da se pere materijalot. Mojata si ja zemav spakuvan vo kutija, ja otvoriv samo da dzirnam dali e toa toa. Doma ja sklopiv da si ja vidam i nazad vo kutiite do april
Не е воопшто мало седиштето, денес ја видов количката. Одлична е, лесна, со огромна корпа за пазарење.
Мајки дали знаете каде има добар footmuff, по можност универзално нешто, а конкретно би го користела за Maxi Cosi Gia. @LivingGlam, можеби ти знаеш ако си земала.
Вакво на Лорели видов во Охрид. Материјалот е убав, водоотпорен а внатре меко. На цената не се сеќавам. Имаше светло сиво, темно сино, црно. Ако знаеш каде има производи на Лорели, види го. Мене убаво ми изгледаше. Не купив, уште разгледувам. И на сајтот на Енци Менци ѕирни.
Тие што ми се допаѓаат на maxi-cosi во Бебе Хоум ги нема на залиха. Овие баш мекички изгледаат, фала ти.
Мајки и идни мајки, на која веб страна ги регистриравте макси кози количките? Ми излегува на интернационалната страна да сликам потврда за купувањето, а во продавница ми дадоа код што треба да го внесам.. ви благодарам
Девојки бевме до Либерта бебе и се мислиме меѓу неколку модели. Бебето Лука ни е фаворит, но во игра се и Бебето Тито и Бебето Нитело. Некој да сподели искуство со моделиве? Гледам генерално дека сите модели на Бебето се со слични функционални карактерисики, разликата е повеќе во дизајнот. Од Кунерт се откажавме, не се лоши, но каде каде послаб квалитет од Бебето, ептен се приметува.
Кунерт има многу изложени пластични делови, пример подлогата за нозе на спортското седиште е целосно пластифицирана, за разлика од моделите на Бебето каде што е обложена со материјал/еко кожа. Безбедносните каиши на Кунерт се некако со многу ефтин изглед, аматерски направени, а општо и материјалите што се употребени за целата количка се познава дека се со понизок квалитет. Не дека се лоши количките, јас лично бев ептен загреана за Кунерт Мастер, ама од кога ги споредив со тие на Бебето во живо, сфатив зошто е и разликата во цена, дефинитивно се една класа подоле. Кога ќе ги видиш во живо ќе разбереш поубаво што сакам да кажам.
Здраво друштво, Ве молам за информација која од вас имаше порачувано количка од Србија? Од која страна за детска опрема, прочитав негде дека некому му испратиле до Врање или Ниш па од таму сте си ја подигнале... Дали ви ја царинеа и слично? Фала ♥️
Dali ja ima nekoj kolickata Neela od loco croco da spodeli iskustvo ili slicen model kako ste zadovolni? https://www.lococroco.com/количка-loco-croco-neela-2-во-1