Вчера ја видов,кога ја објавија. Ако раѓам 2ро,само ради седиштево ке биде.Па и да е машко,што Ќерка ми во црно ја возам.
Само мене ли не ми се допаѓа количкава? Машко женско, црна количка сакам. И алишта сакам крем и бели. За второ, би сакала макси кози да имам, ама чиково скоро па нова е.
Здраво. Пред нецел месец земавме Макси Кози Гиа, и по само 3 дена кога прв пат го пробав механизмот за кочење на предните тркала во една насока, согледав дека на десното тркало не работи како што треба, односно не враќа до крај при откочување, па треба напор за да се одглави тркалото. Најверојатно фабричка маана, бидејќи спакувана беше. Да беше од излог немаше да ми е толку мака. Ја оставив на сервис и ми ја вратија недопрена, со одговор дека немало проблем, а има. Јас не сум сервисер и го гледам проблемов. Дали некоја од вас имала ваков проблем и како го решила или па да ми кажете некој сервис за колички да ја однесам да ја направат.
Дали да ги перам навлаките од количката, или убаво да ги избришам само? Количката пакована во пакет беше, така ја земавме. Дали ги перевте вие и како?
Од самата продавница имаш 1 година гаранција за количката. Однеси им ја, тие нека си ја средуваат, а тебе нека ти дадат нова.
Зошто година? Не е 2 веќе? Инаку @SecretName1 барај си нова зошто овластен сервис нема, лажги со опашки се, они чепкаат,прскаат со уље тркала и слично.
Има колички чии делови не се вадат и не се перат. На програма за рачно перење, не се сеќавам дали ја перев со ладна вода или на 20, а центрифуга не најјака, ни најслаба.
1 година имаат и плус со регистрација на официјална страна доживотна гаранција. Не го признаваат дефектот не па нова да ми дадат. Катастрофа..
Како не признаваат нели викаш не кочи тркалото. Кога им покажуваш на нив дека не кочи што викаат? Глупости ако не прифаќаат имаш ДПИ одма пријавувај не чекај
Се укочува, ама за откочување механизмот нр клика до крај и треба да го поттурнеш тркалото насила за да се одглави. Во салон им покажав и викаат аха ок ќе видат во сервис. Ја оставив 2 дена и ми ја вратија со одговор не прави ова проблем не е страшно битно одглавува, а одглавува насила. Се гледа дека жлебот не е повлечен скрос. Се нервирам ептен. Им пишав на фб викаат ја провериле ок била, немала проблем количката. И ај разбери се.
Нема да прифатиш одговор "Не е страшно" за твои пари бараш исправна количка. Кажи им или да ти дадаѕ нова или да ти вратат пари ако не прифатат тогаш пријави си во ДПИ
Паметни се бе, за количка од 500 евра да кажат не е страшно. Ја одма би пријавила, штом еднаш те вратиле, втор пат не би одела.