Значи овие од Бебе Хоум се крајно непрофесионални, многу разочарувачки. Да одам да ја проверам мојата дали има ист проблем Јас им се бунев за фискалната, како ќе ми важи гаранција без фискална? Па викаат ви испративме потврда за нарачка на меил. А не е исто потврда за нарачка и потврда за платен производ. Па испратија нешто друго на меил, демек еве ова е. Значи не ми се верува дека требаше да се убедувам дека се должни да достават сметка со пратките, како што можат сите други нормални продавници. Затоа и транспортер не купив откај нив, ќе ги бојкотирам.
Може мислење за оваа количка Isola 3 in 1 од Bebe stars? Ме привлече тоа што заедно рамот и седиштето се 9кг
Па споредба сити мол и аеродром, во аеродром беа многу поуслужливи и коректни, дури мислам на глава им се качивме. Ние и количката и креветчето од таму го зедовме.
Ќе си пријавиш во пазарна инспекција, тие нека си се расправаат. Не можи нов производ со фабричка маана да не ти го сменат. Само нека не поминува многу време, да не испадне на крајот механичко оштетување од твоја страна и така да ти остане.
Надвор од темава, ама јас од Либерта душече порачав и луѓето внатре сметка ми имаа пратено, а не па за количка од толку пари. Јас си имам и личен проблем со таа, таму работев, ама еве уште еден доказ дека е одвратна. Нивна должност е да пратат сметка! Треба да се пријави дека не праќаат. Утре ќе се прави наудрена, без сметка ќе рече прави што сакаш ништо не ми можеш...абе опасна е
Стварно и од Зара праќаат фискална за минимални суми према количка со нарачката. Абе невидено ова кај нас.. Со некоја од Аеродром имаш работено?
Не, не. Јас од салон ја зедов. Но ми дадоја спакувана, последна им беше таа и уште една на излог. Ја видов на излог и ми ја дадоја спакуваната. Може одма требаше да ја проверам таму, ама кој да знаел што може да се случи..
Фабриката знам дека многу лесно прифаќа и заменува, а на нашиве што им е проблем не разбирам, претходно во Бебеконфорт ги продавав, после во Бебехоум и секогаш вака се трткаат за правење,а фабриката прифаќа,не ми се јасни.
Уште се мислам за количка, иако имам време (а и пребрзо ми минува) сакам полека да си спремам се. Сега и овој модел ми се допадна од Graco. Но се мислам за брендот незнам кој е подобар во смисла за издржливост и безбедност. Гледам од Chicco, Graco и Maxi Cosi... Што мислите?
За он лајн нарачки нема потреба од праќање фискачна сметка. Само потврда за трансакцијата, со опис на производот и колку е платено
Јас имам Грако, не оваа конкретно, друг модел е. Не знам дали ги имаше овие тука. Трио систем е . Со корпа и транспортер. Единствено корпата остана нова и неискористена. На се друго душа и извадивме и уште е како нова. Ја перев во машина и светнуваше. Сега ја пензиониравме. Ама ќе служи и за друго бебе.
Е зошто бе Кукла да не праќаат? Продавница сериозна се или што се? Јас не очекувам фискална од рачни изработки што нарачувам онлајн ама од вакви продавници и за вакви суми богами и те како сакам фискална. Мене и од Либерта и од Енци ми ги пратија производите со фискална.
Онлајн нарачав, да. Немаше ништо, никаква потврда, никаков документ што има и колку е платено. Сто пати го прегледав пакетот и надвор и внатре. Само примопредаја, дај пакет - на пари. Затоа им пишував. Плус, еве читам дека @IRBBB добила една година гаранција од продавницата. Како изгледа тоа? Јас ништо такво не добив. Мора да има документ со сериски број, датум на купување и се' останато, ко за секој друг производ. Тоа е гаранција од продавница. Јас кога им пишав ми рекоа само регистрирај се на официјалната страна на Макси Кози. Никаква дополнителна гаранција од нив не спомнаа, ништо немаше во пакетот. Не се работи за страна од ФБ, мислев дека сериозна работа купувам. Прочитај овде (точка 2.4) и надолу препорака од УЈП. Не ми е толку за фискалната, ме револтира што апсолутно ништо не добив. Мене ми е јасно дека и да има гаранција кај нас ништо не ти важи. Ама кога нешто не е во ред, ич нема да им барам оправдувања.
Ни мене никогаш ништо не ми пратиле, а баш се расправав со нив за тоа. И глупаво е да ти дадат фискална во дуќан, а онлајн ништо.
Мила не знам дали ќе сум од помош, ама пробај. До 15 дена (не знам после истек на овој период како е), доколку производот што го имаш купено не ти одговара/не функционира ко што треба/фаличен е, имаш право да го вратиш или да бараш замена за друг нов. Во спротивно можеш да ги пријавиш во ДПИ, па они нека се занимаваат. https://opm.org.mk/wp-content/uploads/2017/12/Negovi_Prava_MK.pdf