Ми дадоа гарантен лист, каде што има напишано број на гаранција, важност, шифра и производ. Два такви листа ми дадоа, еден за количката, еден за транспортерот. Ама ме замисливте сега, бидејќи требаше да се транспортира креветчето (и креветче одтаму зедовме), веќе стигнато е во бт, а не сум таму за да проверам што има. Во продавницата освен фискална, за него ништо друго не ни дадоа. Инаку за онлајн нарачки мора да испратат или фискална сметка или фактура. Па фирма се, не е нелегален продавач на фб. Инаку еве, ако му е од помош на некој. @SecretName1
А што им е проблем да дадат фискална и во случај да не се должни да дадат? Секако производот излегува од дуќан како што е и да си таму. Ај еве ако не мора, зошто па да не дадат ако може, туку одбираат да не дадат. Проблемот со овие е што ај што не даваат фискална, туку и ништо не даваат.
И мене така ми објаснија кога се бунев оти од Фешн Груп, СВ и останатите кои нарачувам онлајн и плаќам со картица не ми праќаат сметка, туку само испратница. Не се должни и толку. Законот ги штити.
затоа то како ќе ти даде фискална? Таа е за готовинско плаќање во продавница. На база на тоа се следи и дневен промет. Ко ќе им дпјде ујп - на фискален апарат 100 денари, а во каса 20?? мора документ да дадат. Само не фискална
Има продавници што испраќаат фискална кога ќе им стигнат парите од доставата. Така ги имаат парите и покриени се за фискалната ако им дојде УЈП. Не е дека нема начин ако сакаат. Како се покрива Зара што испраќаат сметка сосе производите? Ја зедов Зара како пример, има и многу други. Ама тие не го даваат она што се должни, не па ова што може да го дадат ако сакаат.
А кај ќе го приложат прометот откако ќе си ги подигнат парите од доставувачот? Еве што вели законот, @LivingGlam постира погоре.
Епа тоа е цел проблем, што јас гарантен лист не добив. Ни испратница, ништо. Само ми рекоа регистрирајте на страната. А таму исто бараат официјален документ. И друга е таа гаранција, продавницата треба да достави друго. Непрофесионално е скроз, како и да го вртат.
Ептен непрофесионално. Не е во ред. Не купуваш тетра печена, туку количка. Не знам дали може нешто да се направи, да појдеш во продавницата да ти дадат?
Не одам до крај само зашто знам дека ништо не им значи и да го имам а да треба да исправат нешто. Плус тоа ми беше целта на онлајн нарачката, не можам да патувам до СК.
Ај не се нервирај, мешко да не се вознемирува. Дали може друг да ти земе документ, на пример кога ќе одам во Скопје да отидам до кај нив, да ми го дадат и да ти го донесам во Охрид?
Update со BebeHome Им пишав денес и ми кажаа да им пратам фотографии од дефектот и ќе испрателе рекламација до Maxi Cosi. Се надевам ќе бидне нешто. Фала што ме охрабривте да си ги барам правата.
Фала ти, ептен си Ама се откажав веќе, пробав со нив да решам да испратат нешто, ко со ѕид да се објаснуваш и се откажав. Важно убава ми е количката, си ја сакам и се надевам нема нешто да се деси. Ама искуството ќе си го споделам и пак ако треба Значи онлајн нарачки од нив — не.
Женски, јас не велам дека не треба да ви дадат документ, треба! Ама тој документ не е фискална! парите од онлајн плаќање легнуваат одма на сметка и има трага за УЈП и се регистрира ддв.
Гаранцијата им е поврзана со пуштање фискална, кога ќе пушти фискална им дава опција системот за гаранција за производот,затоа ако нема фискална нема ни гаранција. Ајде само они се увозници, па ако имаш проблем ќе ти излезат во пресрет се надевам, не се замарај.
Должност е да пратат фискална сметка, освен ако потрошувачот не е фирма, па да оди на фактура. Од Енци Менци, Зара, стално што и да сум порачала, имало фискална. Барајте си ги своите права, за ваши пари, не дозволувајте да ве зезаат. Ова што го читам за Бебе Хоум е мизерија, а ко ќе се сетам дека сакав од кај нив количка, креветче, душек и постелнина да земам, мило ми е што сум се предомислила.
Во Енци релаксаторот го плати снаа ми онлајн од странство,па ми го доставија со фискална. Овие од Бебе Хоум ептен се непрофесионални дефинитивно.