Количка

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 6 јануари 2011.

  1. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Не плаќам ни јас онлајн, тоа ми е муабетот, за плаќање на доставувач се вадат дека не даваат фискална.
     
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    тогаш ДПИ :)
    јас мислев онлајн на сајтот со картица се плаќа.
    Јас би ги пријавила, па нек се к**чар
     
    На LivingGlam, IRBBB и 0ли им се допаѓа ова.
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Ич не ни знам дали се плаќа на нивниот сајт, не сум забележала, поубаво ми е на доставувач и не плаќам онлајн.
    На пример, Бебе Супермаркет прво ми понудија да ми ја испратат кога ќе им стигнат парите, да не се маткаат со сторна ако некој го врати производот. Но бидејќи купувам редовно и ги земам производите, со наредната нарачка ми испратија и за претходната, а веќе ми праќаат со секоја нарачка.
    Исто и постелнини од фирма порачував, на домашна адреса ми ја испратија во плико.
    Зара, Локо Кроко ми испраќаат заедно со пратката.
    Да не редам понатаму, само овие паметни се прават дека не давале. Ќе ме изнервираат и со доказ во приватна порака што ми пишаа ќе ги пријавам ]:)
    Вадат производ од дуќан, не вадат фискална, не даваат никаков документ, значи тие не ни пријавуваат дека продале.
    Ај да не се нак*рчам, да прекинам :rofl:
     
    На dunika, hello-kitty.90, Happyinlove и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bebe Home

    Bebe Home Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Здраво, ние сме овластен сервис за Maxi-Cosi и не е точно дека само ги прскаме со уље. За среќа, но и поради фактот дека во Bebe Home продаваме само проверени брендови и производи, рекламациите се минимални и СИТЕ се завршени во полза на клиентот. Ширење невистини не е убава работа истото е казниво со закон.

    Со почит
     
  5. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    18.521
    Пол:
    Женски
    Прочитајте си ги горе коментарите кај што ви пишуваат дека не праќате фискалнии дека не сте ја чепнале количката,членката погоре од искуство ви пишала,не ми се обраќајте мене!
    Поздрав!
     
    На lovely91, LivingGlam, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Значи колку е моќен форумов тоа е невероватно нешто,последнава недела се докажа и покажа тоа.
    @Bebe Home добредојдовте,лош влез во дискусија,наместо извинување одма закани,само докажувате дека се е точно како што ве опишаа наназад.
    Неиздавањето фискални не е казниво со закон? Објаснете ни зошто не ги издавате и тоа на упорно инсистирање на купувачите.
     
    На eli25, LivingGlam, WORRIED.BT и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Bebe Home

    Bebe Home Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Не е точно дека рекламацијата не е прифатена. Имено самата количка е тотално функционална и единствен 'проблем' e
    Здраво,

    Навистина ни е жал што е дојдено до недоразбирање, но онлајн порачките што се прават на нашата веб страна не подлежат на законот за трговија на мало туку на законот за трговија по пат на пошти.
    Согласно тој закон се издаваат потврди/фактури за секоја порачка и за истата се пресметува и плаќа уредно данок.

    Фискална сметка и гаранција немаат никаква допирна точка, освен што преку тој механизам државата сака да ги натера потрошувачите да бараат фискални сметки секогаш кога пазаруваат.

    Вашите права не се воопшто загрозени, бидејќи со самата он лајн порачка добивате на емаил потврда за порачка и уште еден емаил потврда за испратена - завршена нарачка, Тоа е сосема доволен доказ дека сте купиле уредно производ.

    Имено, сите други фирми што праќаат фискални сметки заедно со производот на одреден начин го кршат законот бидејќи во моментот кога ја издаваат фискалната немаат средства со каса.

    За се што треба сме достапни и слободно може да не исконтактирате на било кој начин,

    Со Почит

    Здраво

    За оналјн порачките на www.bebehome.mk не се издаваат фискални сметки бидејќи фискални сметки
    се издаваат исклучиво за трговија на мало. Онлајн порачките се водат како трговија по пат на пошта и тоа е регулирано со друг закон. Имено поштата која ги наплаќа парите ги префрла истите на нашата трансакциска сметка. Нашиот онлајн софтвер изготвува фактура за секоја порачка и генерира емаил до клиентот. Клиентот добива на својот емаил потврда за порачка и добива уште една потврда за завршена-испратена порачка.

    Другите фирми што праќаат по пошта и издаваат фискални сметки на некој нечин го кршат законот бидејќи согласно законот за трговија на мало фискална се издава во моментот кога се прима готовина/кредитна картичка во малопродажно место. Обврската е на фирмата дневниот промет да го уплаќа следните ден на својата трансакциска сметка, а во онлајн трговијата од денот на куцањето на фискалната до денот на уплата на парите може да поминат и 7-8 дена. Зошто тоа го прават незнам, најверојатно немаат софтверско решение за истото.

    Сите наши оналјн порачки се регистрирани и за сите има издадено соодветни документи, и секако за сите е пресметан и уредно лпатен данок.

    Најбитно од се, ниту едно законски загарантирано право не е ускратено на нашите клиенти без разлика дали купиле во продавница или онлајн.

    Со Почит,

    Здраво,
    Вас ви се обраќаме бидејќи Вие како наша поранешна вработена многу добро знаете дека сите рекламации (а се минимални на број) ги имаме решено и истите ги имаме сервисирано (заменето дел) а погоре кажувате дека само ги пропрскуваме.
    Исто така многу добро знаете дека за секој купен производ во нашите продавници се издава фискална сметка. За онлајн порачките веќе објаснивме на друг пост.

    Со Почит,

    Здраво
    Ве молиме проверете си го емаилот и ке видите дека имате потврди за порачката.
    Доколку ги нема слободно пратете ни во порака на наш емаил или на социјалните мрежи број на порачка за да провериме да не имате грешка при оставање на Вашиот емаил.

    Поздрав

    Здраво,

    Сите документи ги имате добиено на Вашиот емаил. Доколку Ви треба дополнителна помош слободно пишете ни на социјалните мрежи или на емаил.

    Воопшто не треба да се грижите, сите законски права што ги имате како купувач не Ви се загрозени.

    Со Почит,
     
    На SecretName1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.654
    Пол:
    Женски
    Еве, рекламацијата што сте ја извршиле на @SecretName1 воопшто не е во нејзина полза.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bebe Home

    Bebe Home Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Не е точно дека рекламацијата не е решена во полза на клиентот.
    Рекламацијата е решена така што е порачан нов дел (конструкција за количка) од Maxi-Cosi. Имено самата количка е исправна и функционална и клиентот може непречено да ја користи се до пристигнување на новиот дел.
     
    На SecretName1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SecretName1

    SecretName1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Сепак се реши на крај, за што имав и погоре update пишано. @Bebe Home :)
     
    Последна измена: 18 февруари 2021
    На cresa-jagoda, Bebe Home и IRBBB им се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.654
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што сте го решиле проблемот на членката.
     
    На SecretName1, cresa-jagoda и Bebe Home им се допаѓа ова.
  12. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Zara plakas kes pri dostava
     
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Да.
     
  14. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Pa zatoa e fiskalnata sakav da kazam ustvari:)
     
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Ама на сите така им плаќам, онлајн не плаќам, подобро ми е при достава. :)
     
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    мене па позгодно ми е онлајн. Кеш никад немам :)
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    57.076
    Пол:
    Женски
    Не го кршат другите фирми законот :)
    Постирав во мислењето линк и препорака од УЈП, купувачот при плаќање на доставувач треба да добие сметка. Испратница барем. Вие не праќате ништо. Ако е погрешен производ внатре како купувачот ќе докаже? Да верува на збор дека сте чесни? :)


    Не сум ги добила сите документи преку меил. Гаранцијата каде е? Зошто тие што купуваат од продавница добиваат гарантен лист со печат а преку достава не? Не ми ни спомнавте за гаранција од вас, само препорачавте да се регистрирам онлајн а тоа е автоматизиран систем што секако ќе помине со прикачен скриншот. Ако настане проблем би барале документ што го немам. Самиот систем вели keep your receipt :|
    Друг меил пративте подоцна откако се пожалив. А гарантен лист од продавницата што содржи сериски број и други податоци? Како меилот го заменува тоа кога гаранција таму не се спомнува?

    Убаво што се појавувате вака да ја пишете и својата страна. Јас ја споделив мојата без никакво извртување. Членките ќе прочитаат, ќе решат сами. Ако сакаат купување на жими мајка без сметка и гаранција, нема да ги спречи моето искуство да нарачаат преку сајтот. :)
     
    Последна измена: 18 февруари 2021
    На cresa-jagoda, 0ли, Milkiway и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Bebe Home

    Bebe Home Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Здраво,

    Во недостаток на соодветно законско решение УЈП дава мислење односно како да се функционира.
    Во врска со Вашиот случај Вие имате добиено потврда на емаил што е 'receipt'. Receipt е и фискална сметка, и потврда за порачка, и фактура.
    Ниту една фирма што врши достави на пратки во Македонија не дозволува да ја отварате пратката и да проверувате што има внатре, туку на самата пратка има вредност, и податоци за примач. Согласно условите на нашиот веб сајт, доколку утврдите дека нешто не е во ред со пратката може да се обратите кај нас.

    За гаранцијата сте во право, треба да добиете гарантен лист во формат како што добиваат клиентите при купување во продавниците. Ке поработиме на ова решение и за скоро време ке имплементираме решение да ја добивате гаранцијата на емаил.

    За сите непријатности Ви се извинуваме,

    Поздрав
     
    На SecretName1, LivingGlam и kukla21 им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    57.076
    Пол:
    Женски
    Вака сега.
    Имав време да седнам на компјутер и подобро да истражам, па ајде уште малку да се дообјасниме.
    Кој е тој закон за трговија по пат на пошти? Обично сите закони ги наоѓам онлајн, вакво нешто не најдов? Дали може да ми испратите линк за да го прочитам законот, а по можност и да го копирате соодветниот член?
    Еве јас постирав што вели членот 4 став 3 од Законот за регистрирање на готовински плакања. Би сакала и вие да приложите со факти, а не само на муабет.

    Screenshot 2021-02-18 at 19.10.15.png

    Ова не сакав ни да го спомнувам, ама ајде да се доразбереме.
    Кај мене не дојде официјален доставувач. Не беше Карго, Брза Пошта, Глобко, Ин, никој. Комбето означено со не знам што точно, некоја работилница или нешто. Овластен доставувач не беше - 100%.
    Овластен доставувач МОРА да има испратница што носи во комбето, за ако го застане полиција да има документација. Кога доставува пратка МОРА тој што ја зема да потпише дека презел и што презел. На овој пакет немаше залепено испратница од доставувач. Не потпишав ништо. Буквално примопредавање на жими мајка.

    Ова немам како да го докажам, секако. Само споделувам искуство на потрошувач. :)
    Ако сум потпишала некаков документ за достава од официјален доставувач, вие како фирма секако ќе може тоа да го докажете. :)
     
    Последна измена: 18 февруари 2021
    На Naatashka123, Coco31, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.857
    Допаѓања:
    36.488
    Пол:
    Женски
    Вакво нешто и мене ми се има случено (не со Бебе Хоме, сосема друга беше нарачката) Ми дојде доставувач од некоја сендвичара со обележан автомобил од сендвичарата и ми ја достави пратката :drunk:
    Се надевам ќе најдат некакво решение, оти онлајн нарачките кај нас земаат се поголем замав, особено сега со пандемијава. Мора и ние како купувачи да бидеме заштитени некако.
     
    На Coco31, cresa-jagoda, duffi и 2 други им се допаѓа ова.