Здраво Вие го имате цитирано делот од законот за регистрирање на готовиснки плаќања. Закон за трговија по пат на пошти е погрешно наведен од наша страна, станува збор за закон за електронска трговија, дел за трговија на далечина. Во консултации со пазарна инспекција и надворешни советници, посочено ни е да се издаваат фактури за сите порачки што ги добиваме, и ние тоа го правиме. Средствата ги добиваме на трансакциска сметка уплатени од страна на поштата со која соработуваме. Самите пошти имаат договор и овластување од Агенција за пошти за оваа услуга. Ние соработуваме со три пошти, ДелЦо, Карго Експрес и Фалкон Логистик. Во однос на доставата не би знаеле кого они ангажирале, но од наша страна е издадена фактура за секоја порачка. Секако дека мора да Ви достават доставница за секоја пратка, и ке провериме за Вашиот случај зошто тоа не е така. Пријатна вечер
Мене кога ми го доставуваа креветчето исто не дојде брза пошта туку самите они со нивно комбе како што памтам. Разликата е што ми беше веќе платено во салон, инаку да на врата не добив ништо да потпишам...Нејсе, муабетот ми е дека миже они лично ти го донеле
Не може вие да издавате фактури позадински, а ништо да не издавате на крајниот корисник. Нема закон кој тоа го кажува. За фискалната се согласувам, ама за вакви испораки без документ не сте во право. И вашево е далеку од електронска трговија ако јас се прашувам. Вие само електронски примате нарачки.
Да. Обврзани сте да работите по сите закони на државата. Што имате да кажете во врска со тој член? Кој дел е овој? Го најдов законот. https://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-elektronska-trgovija-02-11-2007.pdf Го прочитав набрзина. Кај е тој дел за кој зборувате? Не најдов член што ве ослободува од издавање сметки? Ако може малку појасно, молам. Важи, ќе чекам да ме информирате што бил проблемот.
А имаше фактура или некој документ? Од Офис Шус порачував и немаше фискална, но имаше фактура со сите можни податоци. Од Зара уште не ми стасала пратката, а претходниот пат имаше фискална. И јас набрзина го читав законот, не го најдов делот, но можеби не го забележав бидејќи набрзина го поминав.
@Bebe Home мене креветчето ми го доставивте преку Пункт мебел или некој друг камион на кој пишуваше име мебел. Имаше и кревет, па веројатно уз пат била доставата. Платив и ништо не добив, фискална, фактура, нииишто. Од зара имам порачано над 20 пати, и јас и мајка ми, од различни профили и со секоја пратка имало фискална. Во плико е надвор залепена, може некој ти ја собрал. Од фешн груп и спорт вижн секогаш имало фактура. Фискална не.
Курирот, вработени во карго итн. Пиши на чет, нека проверат што е работа. Без фискална не можеш ништо, ни да смениш, ни пари да ти вратат.
@Bebe Home во целава фрка, ајде сега едно јавно благодарам на @jarec6 за постојаната реклама на вашите производи. Благодарение на нејзините совети јас купив количка, транспортер и креветче од кај вас. Исто и други членки. Да не зборувам седиштата за во автомобил колку ѝ се изнафалени на форумов. Не морам да набројувам, доволно е да разгледате мислења низ сите теми за производи за бебе, јасно ќе ви биде.
Среќа немам сега за мењање но нарачав пак и може ќе треба. Ако нема на курирот одма ќе му кажам. Нема барав, бараше и маж ми он е луд по сметките дека ги праќа на мој ддв и баш он се бунеше. Ќе видам сега следна пратка.
Навистина,сега видов немаше шанси да ми текне дека тоа е пликце, само горниот дел го видов податоци што има. Фала ти
Истото сакав да го кажам. Наместо суптилни закани за искажано негативно искуство, можеби треба да се фокусираат на другиот дел кај што споделувала безброј позитивни мислења за нивните производи. И многу оттука сме купиле кај нив баш поради нејзини препораки.
@monik55 Ти реков мало бело плико залепено. Ајде давај му ја на мажот ти да скенира, да не се нервира човекот @Bebe Home Ајде регулирајте тоа што треба, ми се порачува седиште од кај вас, а богами не е евтино за да го земам на жими мајка @jarec6 пишуваше за вашите седишта и пред да купам, со неа пак ќе се консултирам. Се согласувам дека треба да и' се заблагодарите. Тука цело време се вртат ваши производи, инаку од форум најмногу се добиваат муштерии, а богами и се губат