Јас ја најдов во крш, не стигнав сеуште да разгледам на други места дали ја има. Еве линк од конкретната а ти разгледај на страната, има неколку варијанти од истата : http://www.krs.mk/index.php?route=product/product&path=62_137&product_id=4871
Праќаат фискална обавезно, сега јас за душекот немам гаранција па само фискална, а за количка би требало и гаранција. Пиши им на фб, јас кога порачав ми рекоа во ред ќе ви биде пратено тоа и тоа и фискална ќе имате во производот.
Праќаат фискална во плико залепено на самиот производ, од искуство со други производи купени кај нив. За количка конкретно не можам да гарантирам сигурно, прашај ги, затоа што јас си ја платив во Велес, па си ја зедов фискалната и потоа само ми ја испорачаа.
Ние зедовме количка така,таму ја нарачавме,плативме капар и за тоа добивме фискална,кога ни ја доставија исто си имаше фискална регуларно се.
Баш овде прочитав дека нарачувате онлине од зара. Па би ве прашала како? Пробувам веќе неколку дена цело време loading...
Здраво. Јас пред два месеци порачав количка од Либерта на невидено, не бев во можност да отидам во нивните салони, а и ја немаа на залиха баш таа што ја сакав. Можам да кажам дека беа екстремно професионални во текот на целиот процес. Една од вработените ми беше секогаш достапна на вибер и беше многу љубезна. Количката стигна со фискална и гаранција и се беше според договореното. Задоволна сум.
Драги идни мамички (особено тие на кои што ви е првпат и сте тотално неупатени како мене ), морам да ви кажам дека оваа веб страна ми помогна многу при истражувањето и изборот на количката. Може да пребарувате по брендови и модели (ретко да нема нешто). И секако благодарност до сите членки на форумов кои претходно имаат споделувано свои искуства и мислења за одредени колички и брендови https://www.strollerbase.com/strollers/
Дали некоја има искуство со некоја од овие две колички Kunert Master i Bebetto Magnum? Како да се одлучам која да ја земам иако на изглед се скоро исти, или да ми препорачате некоја скрос трета до 25илјади? И последно како да изберам боја/шара, во смисла темна/светла, да е полесно за одржување?
Немам искуство ама ако планираш да ја земеш да знаеш во Чико Бебе Струга на фб барај ги 20.990 денари е намалена количката.
Ние имавме Кунерт, друга не Мастер. Тенк. Со овој памет никогаш нема да купам повторно. Количката е прекрасна. Амортизери, управување, се е супер. Ама, рамот е 9 кг тежок, плус транспортер 3-4 кг, плус бебе. Ако имаш кај да ти стои склопена, ок. Многу е тешко да ја пикнеш во кола. Јас би ти пишала повторно како погоре: што полесна и со една рака да се маневрира.
Благодарам на информацијата... Сеуште ни е рано за купување, истражувам брендови и мислења, правам споредби за да бидам спремна кога ќе дојде редот на купување
Јас ја имам супер е, задоволна сум. Многу лесно се собира лесна е за носење можеш со една рака што е исто така доста практично за во случај кога си сама и треба да одиш некаде. Плус и последниот дел за поголемко кога е се собира заедно со рамката тоа е уште попрактично ретко која е така обично мораш да го извадиш делот па посебно рамката и тежат по 25кг заедно. Од мое искуство топ. Еве здравје сега и друго детенце кога ќе дојде ке се користи пак.