А само Лилата? Освен што е до 15кг, што е разликата од останатите две? (претпоставувам дека е океј тоа што е од 0+.. )
Да супер е што е од 0+, барем за нас беше предуслов кога баравме зошто не сакавме дополнителни додатоци како корпа и слично... Разликата е во тркалата на Lila задните се големи тркала, и за нијанса е поголема на склопување, мислам исто дека Cp и Sp се малку потесни во рамката (валда баш поради разликата во големината на тркалата). Во однос на седиштето мислам дека се горе доле исти, искрено за нијанса Sp и Cp ми изгледаа покомфорни од Lila-та, ама ова е чисто мое согледување не знам реално со димензии дали е така. Во една од Cp/Sp (не ми текнува која беше) верзиите продолжетокот за ноџињата се подесува горе-доле а на Lilа нема таква опција. Друго мислам дека се минимални разлики, барем јас не увидов нешто поголемо, а не ми ни посочиле девојчињата кога сум гледала... . А, исто и корпата доле на Lila-та се вади како tote bag, а на останатите е покласична и не се вади.
Ја видов, мислам дека е добра акцијава па чисто да ја споделам https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2045240428948515&id=141621532643757
Здраво мамички, дали некоја од вас има искуство со колички од Mothercare Ramstore mall? Го видов овој модел и премногу ми се засвиѓа, па да видам мислења ваши. Моментално не знам која цена е, не сум била повторно, ама количката беше преубава..
Јас ја купив оваа. Но искуство неможам да ти кажам. Дури во јуни, јули здравје Незнам дали ја имаш видено во живо, но мене многу ми се допаѓа. И изгледот, веднаш се склопува, се брзо се мести, лесна е. И низ дуќан и низ дома си ја имам пробано супер е, па сега ќе видиме во пракса надвор како ќе биди
Да прашам едно глупо прашање. Ја перевте ли количката пред да се роди бебето? Мислам на поставата, тоа целото што се вади? Јас денес решив да го направам тоа, ама има некои сунѓери внатре во делот за корпата што се закопчува и не знам да не извитоперат после сушење и не исправ. Тоа се друго, транспортер, креветче, се средив, уште количката и не знам што да направам. Инаку ја добивме спакувана во кутија, не е изложбен модел па да била изложена на нешто од надвор (ако тоа менува нешто).
Јас ја перев, бидејки ја земавме од Лотус и им беше изложена во салонот и право така ја земавме. Сите тие работи што се вадат ги перев во перална на 30 степени на кратка програма. После откако почнавме да ја користеме пак ги перев некогаш на 30 некогаш на 40 степени, дали еднаш месечно или еднаш во два месеци, во зависност колку ја користевме. Летно време два пати ја перев надвор во дворот без да ги вадам, ставив жешка вода и прашок во кофа, со сунгерче убаво ги поминав материјалите и на крајо со црево од чешма плакнев и на сонцето се сушеше за еденн ден.
Цела ја исправ, сè се вади и во машина на програма за рачно перење исправ. Не беше изложена и мојата.
Јас знам дека се се вади, ама сунѓерастиот дел, нема да промени форма? Зато што сунѓерот на тој дел не може да се извади од внатре, пробав. Конкретно на ова мислам и ми е страв.
Ако е предвидено да се вади сè, претпоставувам дека нема да се деформира. Мене ништо не ми се промени, истата си остана каква што беше, а има сунѓери, меки делови. На 2-3 пати ги исправ деловите, не ја преполнував машината. Ако ти е шубе, не мораш во машина, на рака запери или пребриши ја.
Јас имам ваков модел, посунѓереста здравје,ја исправ на 40 со центрифуга ништо не и е. Само еве капата пошто има пластики што не се вадат, на рака, друго се во машина пикнав, и од количката и од транспортерот.
И јас на седиштето не му се плашам, има исто многу сунѓери, ама некако ми изгледа дека нема гајле, ама за корпава ме фати шубе, не знам зошто (најверојатно затоа што завчера му подрасипав едно душече, ама среќа не многу битно ). Ама штом има етикета дека може да се пере, тогаш може, па утре ќе си ја пробам среќата
Здраво мајки! Ве молам за мислење и искуство со количките на Бебето. Најмногу ни се допадна Бебето Лука и Лука-еко, меѓутоа колку би била практична и удобна еко кожата за бебето? Планираниот буџет ни е одприлика до 35 000 ден. Ние сме високи со мм и бараме поголема количка да ни биде пријатно за буткање. Живееме во зграда со лифт и не ми е проблем тежината на количката. Добредојдени се и други предлози, само да биде комплет 3 во 1.