Нема и јас барав количка што се мести рачката. Сега новите модели се врти корпата дали сакаш накај тебе или обратно.
Океј тоа, тоа е друг муабет. Муабетот ви беше дека нема да сака, па дадов пример од искуство дека не мора да значи дека нема да сака. Инаку, тоа со рачка местење е практично, но еве можеби поголем ризик има механизмот да се расипува и сл.
Од 4ипол месеци почнав тој период отприлика фатија и убави денови и по самото бебе се гледа бар моево плачеше во корпа се нервираше од кога наполни 4м
јас едвај чекам да можам како во седиште да ја носам, корпава некако ми е навалена или нејзе ѝ тежи главата и се си мислам крвта во глава да не ѝ оди.
@Bicka77 @kukla21 Бев денес, ја видов стварно е тип топ количката, ептен практична и собрана ич не зафаќа простор, ама едино што ме предомислува е тоа што седиштето не се вади и транспортерот се мести врз. Не знам стварно колку ќе е океј новороденче да се вози од старт на седиштето, а и фала Богу вработените беа толку “услужливи” и сѐ ми објаснија. Да беше зимско бебе, сигурно немаше да шетаме толку на почеток и ќе ми беше прв избор, вака уште се мислам (ама кога тогаш ќе ја земам ). Други две што ги гледав беа Cybex Balios S (таа од некоја страна поназад) и уште една од GB (не знам која беше, по ова што го гледам на нет можда Maris), па ако доколку некоја членка има искуство/ мислење ќе ја замолам да сподели, дали е океј за почеток од 0+ седиштето или во транспортер сеедно, оти корпи плус нејќам .
Колку направи бебе? Не знам зошто така мислиш по цел ден спие во количка денските дремки еве 6м има така го успивам само преку ноќ во креветче . Нешто да не не е наместена? Инаку ако го имаш и транспортерот вози го така надвор само малку е потешка за маневрирање ама уживаше моево чат пат го возев така
2+++ и е доста долга па не можам да ја наместам подолу за да се избалансира тежината (антоније рече да не удира со ноџињата во корпа), а во транспортер ја имам шетано кога сум со кола негде отидена, ама во корпа мислам ѝ е поудобно за спиење или кога сме на прошетка што трае над час и половина.
Понудава е повеќе од одлична Може ли да споделите искуство збор два за количката ? Ми одговара што е прилично лесна и тоа што се мали тркалата, лесно и брзо се склопува/расклопува и компактна е за во помал гепек.
Само за транспортер да ти споделам искуство. Имам друга количка со корпа и транспортер, искрено никад не сум помислила да го ставам транспортерот на количката, увек со корпата сум. Секако за момент да сакаш со кола да отидеш негде па да шеташ бебе ти треба таа опција ама ние се шетаме само локално па ради тоа вака ми испадна.
Имаш простор сигурно моево 6м доста крупно ама еве уште корпата ја користам уште не му се допираат ноџињата
Знам мила, мене корпите ми се многу слатки и јас не би го возела во транспортер ама немам место по дома и гледам да заштедам на простор, па правам математики како е најпаметно.
Јас до 4.5м го возев исклучиво во транспортер, многу практично, вадиш бебе од кола и местиш. Де спиело, де ќе спие сеедно, моментот на вади/стави/мести го скокаш од *2, што и те како значи. Транспортер дома си чував и супер, спремна искачаш Да, не е баш лично кога на гб ќе ставиш адаптер и транпортер, ама големо гајле, после 3г ќе си раат. Количката е авионче А можеш и во слинг марама да го шеташ до 5м Од 4-7м најчесто во кенгур го шетав мојов, превоодушевен беше, престанав дека јули дојде. @Bicka77 со убаво да ја возите Од првата количка јас само торбицата ја погодив, како си легна на гб то Штета оддамна ја немаат
Фала ти Емка. За количка со корпа се снајдовме од пријатели поради фактот дека до кај 6 месеци ќе се користи. Сакав некоја посаглам за понатаму и ете бидна
Немам искуство ама топ е, не прочитав да се пожалил некој од макси кози. Мене ми останаа во око количкиве, преубави се, и квалитетот е топ. Земај не се мисли. Ама прво во продавница пробај ја како ти лежи на рака. Ако немаш место можеш и без корпа да поминеш. Јас синко малку го возев во корпа, прво секаде одевме со кола, па некогаш на преместување ми се будеше. Наместо да се опуштам јас во грч го преместував. Вака транспортер од дома го местам, во кола, на количка кај треба. Друго, многу брзо ја надрасна корпата, не е нешто неопходно. Мада можеби има разлика од корпа до корпа.
Има разлики и те како во корпите. Мојата си беше голема, широка, ама скрос непрактично за јас сама да баратам со неа и бебе. Тоа местење делови мене ме вадеше од такт, па гломазно, па дури извадиш, склопиш бебе се покакало или му се пријало Воопшто овие во делови ако се има опција само да стои склопена и кога треба да тргнеш ми се ок. Во спротивно ми се промашена инвестиција, налет убавина, изглед, немам јас толку време и нерви
Да, да знам дека до 2 саата максимум, ама секако мама е мрза, повеќе од саат време не шета (освен на шопинг ). @Bicka77 Со убаво и смеење да си ја возите количката, најпаметно сте направиле. Да можам исто би направила и јас. @emkaemka да ти кажам право, прво дете нити знам марама да местам, нити како е со кенгур да шетам, сум видела количка - едноставна е за користење . Не сум паметна што да правам, ич нејќам гломазна количка да земам за првите месеци и после да завршам со летна, оти знам дека така ќе биде. Ама имам време, ваљда како и секогаш од многу бирање ќе утнам на крај во изборот .
Мислам дека не се спушта задниот дел (грбот) туку целата се навалува, и практично нозете на бебето кога спие се свиткани во колената...не може да спие на страна или на стомак. Моето дете често спие на страна, па затоа ова го забележав. Јас имам Адора, рамот е црн, беше убав само на почеток, како почна да се гребе ... изгледа многу грдо, да знаев тогаш ќе изберев сив рам... Инаку јас барам многу лесна летна количка, на која и се спушта задниот дел, и која има продолжеток за нозете, да не и висат кога спие. Предложете некоја од која што сте задоволни