Од Пики иам порачано количка ама не летна и е иста како на сликите. А и безброј играчки и плус тротинет. Нема да погрешиш ако порачаш од кај нив, и плус се многу услужливи.
Абе јасно ми е дека нема да е којзнае што, ама ми треба 2-3 месеци да ми брка работа. Колку за шетање летово, ради повеќе простор во гепек...А и секој со свој буџет на крајот од денот. Ако сретнеш негде пиши
Те разбирам јас, ама мислам дека не е баш за 2 3 месеци. Синко е 21 и уште ја користиме. Некои деца и до 3 години се возат. Размислуваш ли големата да ја продадеш па да купиш саглам летна?
Па не, мислам големата да си ја користам здравје боже од есен пак. Убава ми е и лесна за шетање. Не ја користам ни 6месеци. Ќе фатат студовите пак ќе сме повеќе дома
https://www.encimenci.com.mk/kolichka-billy-blue-butterflies-moni-066b731 Во енци менци имаш од 2500 3000 ги погледна ли? https://www.encimenci.com.mk/kolichka-joy-grey-moni-066s01016
Фала ти многу ги видов ептен ме бендиса оваа на Сејфти фрст и други имаа поевтини ама немаат шипки напред а бебе е мало мислам дека мора да има ќе им отидам пак во салон
Види шипката е повеќе како украс, ти бебе со каиши ке го врзеш. Мислам убаво е да има, сега баш ке видам слики дали синко се држи за шипката напред. На ниту една слика не се држи.
Ај од вас по искусните да прашам . Бебе не ми е љубител на количка т.е. да седи да ужива и да разгледува, да може би ја расклопил количката на делови освен ако го ставам на највисокото ниво за седење така му одговара. Е сега сум во мисла за летна количка или трицикл што се спушта и за спиење, овој што ја го гледам е од 6 месеци. https://www.encimenci.com.mk/tricikl-prime-t560-gray-qplay-t56016
Здраво, тие што имате Бебетто колички, дали ги склопувате задно со спортското седиште на нив или тоа не е возможно?
Не и не сум пробала кога одиме да се шетаме делот за седење е на сувозачкото седиште,конструкцијата е во багажник.
Да не има врска возраста? Он би имал 8м кога би го возела. Ортопедов ми кажа да ја користам сега да се фаќа и влече за неа за да учи да седи. Он е 6м уште не се фаќа да се влече и ако се обидува. Затоа и барам со шипка затоа што мислам дека ќе му треба? Стварно не знам дали е во ред без шипката, да не му направам проблем со седењето? иако он веќе почнува да седи самостојно...
Мојата количка нема таква висока шипка на таа позиција , не се влечел на неа, а пак седи без проблеми Кога ќе ги извежба мускулите, ќе си седнува исправен и во количка самиот, не му е неопходна таа шипка за да седи.
Јас па денес и ја извадов шипката, цел пат кога шетаме се тегне накај неа и ја шмука така потпрена на неа Не знаев за ова за ортопед Едит: Исто еднаш и давав кашичка додека седеше во количка, пола каша на шипката отиде, јас и дадам лажичка, она накај шипката и шмука
Детето ке почне само да седи кога ке почне да лази. Од лазење ке си седне. Без никакви помагала ке дојде до тој момент. И ниту ке требаат перници да го држат од страна, ни количка да се влече. Количката може и ке помогне во тој процес, знам дека треба, ама не е нешто да мора да го има и нема да има негативно влијание врз развојот тоа што нема шипка. На мојата количка шипката е доста напред, не е ни згодно да ср држи за неа.
Па јас слушам совет од ортопед. Мислам и ти одиш кај Антоније. До сега се што кажал држело вода и за ова би го послушала...неколку дечиња сум гледала низ улици што се држеле за шипката. @0ли ако велите не треба уште поубаво за мене полесно ќе најдам количка. Не знам зошто антоније инсистираше на тој дел...
исто ја шмука напред ја само ја чистам ама џабе. Убаво му е ќе се навали и разгледува. Ама нема сила премногу долго да се држи. Може си ги чеша забите пред да му излезе така правеше