Никогаш не ми спомнал дека мора да има таква шипка. За количката само ми рече да не го врзувам кај рамењата, да е врзан само околу половина и долу нели меѓу нозе, за да може слободно да се исправува во количка кога ќе го возам, да не го спречуваат појасите горе. За ништо не се фаќаше, така почна да се крева и седи без да се држи. Шипката не ја ни допрел, далеку му е, хоризонтална е пред него и не ја регистрира Барај си по мерак количка
Не знам што ја спомнал, небитно ја викам да не згрешам... Фала ви девојки штом така тогаш веќе си најдов количка одамна ја видов оваа. Некоја мајка ако ја има нека пише искуство. Од сејфти фрст сум задоволна мислам нема да згрешам со оваа..
Не знам каква бараш, ама оваа нема позиции скроз е исправена... Да не му паѓа главчето? Колку месеци е? Инаку вака ептен е малечка секаде ја собира
Па јас бе јарец заборајв на тебее ти ќе ми помогнеш. Штом така таа отпаѓа. За од 8м-9макс ќе ми треба. Барам до кај 50еу би ја користела кратко не очекувам долго за тие пари...ако имаш предлог праќај
@jarec6 Кога ќе имаш време, предложи и за мене, да не е над 20.000, сакам да е удобна, позиции да има на наслон, лесна, тендата да се спушта повеќе, да има добра амортизација, да не фаќа многу место склопена. Или многу барам? Ти знам спомнуваше дека двојни тркала не препорачуваш, но заборавив зошто.
Леле скапотија се е над 5000. Само 3 ти најдов, според мене немој без позиции, ќе заспие ќе си имаш мака у тоа Пепсот Несакајќи го испратив без слики мислењево па нешто се укочи...
Само овие се околу 3000 од 3290 до 3590... Немој без позиција,мало е, да има барем малку зошто ако заспие, а ќе заспие бебе е ќе имаш мака... Оваа од Енци Менци мислам некој погоре ти ја имаше стаено, не е лоша за парите ич. @0ли ќе најдеме, за тие пари и авион
Фала ти многу ќе ги видам овие и во енци менци мила ми ги стави од нив ќе се најде некоја сигурно. Ќе баеам обавезно со позиции секако ќе му се приспие мало е. Среднава од локо кроко плавата некако најубава ми се гледа Фала ти
Да се замешам тука малку. Јас ја послушав Кукла и не зажалив. Земав gb qbit+ all terrain. Тендата е голема. Иде до скроз лежешка положба. Лесна е, мала кога ќе се склопи. Е да, двојни тркала се, имаш и со единечни, таа е gb qbit + all city. Наслонот сама си го местиш со каиш позади. Планирам ја само да си одбележам на самиот каиш каде се 45, каде 60 степени. Редовната цена и е околу 15000. Во Крш ги има.
И ич не ги сакам раздвоените рачки, би сакала да можам со една рака да возам Ја имам предвид неа исто по препорака на @kukla21 и на @emkaemka, лани пред неколку месеци ја пробав во Крш. Во комбинација ми е, но сакав да видам и некоја што нема дупли тркала, а е добра за нерамен. Многу ми е важно да не дрнка мнооогу по калдрма, имам што дрнка, а сакам да го шетам малиов по калиња и по нерамен терен. Знам дека сосема не може да не се осеќа, но барем малку од малку да му е попријатно.
Да да, знам за што збориш, ама од пракса ти кажувам дека тоа не е нешто да мора да го имаш. И без тоа детето ке си седи без проблем. Ти секако нема да го возиш со часови, туку 2 3. И на хранилка ке се вежба, не само во количка.
Денес нарачав летна од бебехоме,конечно стигнаа имаат и 20% попуст мислам дека се што бараш можеш и таму да разгледаш,јас ја порачав Maxi Cosi Diza Brejf Grafit
Одличен избор си направила. Која е цената на овој модел? Мене само малите тркалца не ми се убави на око. И на мојата се мали, а мерак имав за количка со големи.
За оваа што си ја земала? Искрено поминаа неколку години, ова гледам ново моделче е, не го знам, ама за квалитет секогаш ги фалам Макси Кози мене ми се секогаш фаворит , така да во однос на тоа се многу издржливи. Не верувам дека е нешто поразлично со оваа количка Со здравје да си ја користите!
8000 е плус е 4 кг лесна е.одамна се гледав се залубив во нејзе,мене најбитно ми беше да не се дупли тркала и да е лесна @jarec6 фала ти, ја нарачав а немам ја видено во живо се заљубив од зимата во нејзе
Убава цена, и мене ми изгледа убаво. Освен тркалата. На мојата се дупли, што не ми пречи, ама мали се а ја сакав големи. Со здравје да си ја користиш.
Мамички дали некоја ја има купено оваа количка и како сте задоволни? Некако практична ми изгледа. И дали знаете дали ја има некаде на попуст сега. Во енцименци е околу 26000 ден