Ако ггледаме така на секое седиште за во кола и количка ја пишува килажата што значи дека некое бебе на 6 месеци тежи 9кг, а некое на 14 месеци тежи толку а во висина се сосема различни сигурно нема некоја мајка да го тера бебето о свиткани нозе да седи бидејќи е така "безбедно". Никој не може да каже од толку до толку кила може во обратен правец да се вози бидејќи сите бебиња се различни. Јас ја имам Вејрон од Енци и транспортерот е доста длабок иако е до 9кг моево со 9 кг нозете до заби му беа едвај во корпата го собира, а не пак во транспортер.
СИДС се случува со првата година од животот, не само во во многу рана возраст. Ама ајде не е битно. Практичноста на вртење на рачка е многу помала од вртење на корпа/седиште верувај ми. Имаше една комшика таква количка и кога е свртена рачката тркалата што ротираат ти остануваат позади и количката се претвора во тенк. Практично е невозможно да свртиш со неа односни ти треба многу простор. Така што веројатно со причина се врти седиштето на количката, не рачката. Ништо не е идеално, ама јас сум вртела и седиште со бебе внатре. Мене тоа ич не ми беше проблем. Количката имаше пластична подлога на која стоеше седиштето (не се држеше само на држачи од страна и да види во воздух) и вртењето беше лесно зашто не можеше да падне седиштето, односно и да го испуштиш ќе си застане на подлогата.
Рачката може да се врти на моделите што сите 4 тркала им се исти. Ако се задните тркала поголеми од предните, нема смисла и да може да се врти рачката. Како што рече и реинбоу, си ја местиш корпата пред да го возиш бебе. Ако веќе мораш сред возење, ќе го крениш в раце, ќе ја свртиш и ќе го вратиш внатре. Понекомплицирано ми се гледа така отколку заедно со бебето да ја вртам.
Јас еднаш од дома до кола ќе го носев легнат в транспортер, се искилавив и никогаш повеќе. Одтогаш транспортерот си стои в кола. Не би се осудила да го вртам в корпа дури лежи.
Седиште никогаш не се бира според кг. Се бира според развојот на детето т.е. дали детето оди стабилно или не. Ни транспортерот не е поврзан со килажа туку со висина. Ако главчето е внатре тогаш е точен. Колку за споредба синко имаше 9 кг на 6 месеци. Во транспортер се возеше до 9-10 месеци не знам точно и имаше 80 цм тогаш. Не можам да се сетам дали го префрлив во седиште затоа што почна да му штрчи главата. На 10 м одеше по мебел па не е некоја голема грешка. Нозете во ниту еден момент не беа проблем а важи за високо бебе.
Девојки ќе ве молам за совет при избирање на количка. Од она што досега се информирав, заклучив дека транспортерот ми е неопходен за почеток, за во кола? За што друго? Поправете ме ако грешам. Каква количка препорачувате? Гледам има со корпа која посебно се наставува но се користи краток период, а гледам дека има колички на кои подлогата им се спушта во лежечка позиција а се доста подолги и можат да се користат до поголема возраст? Дали таквите колички би биле океј за мало бебе, ми делува дека ќе му биде ептен широко? Да напоменам дека воопшто немам искуство а некако има премногу модели, премногу разлики, па ве молам за совет на што е најважно да се обрне внимание и секако препорака за добра количка. Благодарам.
Prvo definiraj si budzet pa posle vo potraga....inaku da transporter za vo kola prakticno e da ti pasuva i na trkalata od kolickata. Korpa se koristi kratok period ama mene mi e super sto si ja imam,bebe e komotno vo nea, za presoblakanje bilo kade mi e pogodena. Treba da gledas da e lesna za vozenje i stabilna kolickata i da ima prostor,da e udobno za bebe. Prosetaj po prodavnicive ke vidis nekolku kolicki ke ti stane jasno sto e kako e
Здраво мамички, дали може некоја да сподели дали сте задоволни од количката за близнаци на Chipolino Duo TWIX или од кои колички за близнаци сте задоволни, дека нема многу голем избор и сакам да ја порачам преку интернет. Ви благодарам
Да, транспортер ти треба за у кола. Друга опција тија е седиште за у кола од 0 месеци ама мене транспортерот ми е попрактичен. Го ставаш бебе во него, влегувате во кола, на излегување го земаш транспортерот со тебе и за кратки дестинации како на пример до педијатар, ставаш транспортерот на количката и тераш. Морам да признаам, јас никад ја немам возено во транспортер на количката ама пак ќе кажам, штом излезеш од кола и ти е кратка дестинацијата, многу брка работа така. Корпата за новороденче е најчесто поголема затоа што е наменета да се користи до кај 6 месец со бебе свртено накај мама/тато. Количките на кои седиштето им се пушта до лежечка положба се супер ама ако немаш плус корпа, гледај седиштето да може да се сврти накај тебе, за првите месеци, па после кога ќе почне да се интересира да си гледа околу, ќе ја свртиш напред. И убаво ти пиша Срна, одреди буџет па барај количка.
Мами некој да сподели искуство со бебето тито премиум количка? Некако ептен ми падна во очи таа количка од либерта бебе центар?
Буџетот не е проблем, туку која е најдобра и најпрактична опција. Прошетав благодарам. Благодарам за деталниот одговор
Ќе ја цитирам Јарец, таа е стручна во оваа област. Ние ја имаме макси кози лила и засега сме презадоволни. Нема корпа, туку седиштето се спушта до 0 позиција и е погодна за новороденче. Единствена маана е што е голема при склопување и бара кола со поголем багажник. Во секој случај, без да видиш и да пробаш низ дуќан, да не купуваш. Оти на слика е едно, во живо сосема друго.
Јас ја имам на Joie од енци менци.... уште не ми е пробана со бебе де, ама вака за возење е супер, лесна, лесно се склопува со една рака.... микс е летно/зимска Единствена мана што седиштето не е реверзибилно за да си го гледаш бебе свртено накај тебе за да го гледаш.
Јас ја имам Anex type M од бебе хоум и сум презадоволна. 2во1 е, корпа и седиште кое се спушта и во лежечка позиција и на сите степени. Огромна ташна долу за се што сакаш плус ранец имаш со количката. Тркалата се екстра. Можеш да ја пробаш во бебе хоум. Само транспортер доплатив ама за истата количка и си се монтира и на количката, сега го користам како второ седиште во на маж ми колата, ја собира убаво уште, 9 месеци е бебе сега. Прелесно се склопува количката ама ти треба поголем ѓепек, големка е. Единствена маана е што е тешка ама мн лесно се склопува па немам проблем со ова. Имав еднаш проблем со тркалата ама моја вина беше тоа, имало копче уствари хаха, да не влегувам во детали долга и широка е https://bebehome.mk/product/anex-m-type-2во1-fog/ има и повеќе дезени