Сега само така дезифицираја како што ти кажа кукла. После кога ќе се прља ќе ја ставиш цела во када и со омино бланко и со она за туширање како сунгер што е не ми текнува како се викаше. Јас мојата така како нова ја направив.
Мајки, дали корпата ја користите за шетање? Дали ако да, ставате нешто меко кај главчето? Или само таа подлогата што си е од корпата?
Да, додека го собираше во корпата го шетав во неа. Транспортер не користев за шетање, само за во кола. Над подлогата само постилав тетра како чаршавче на целата должина бидејќи бљуцкаше и да не ја перам секој ден. Не ставав ништо меко како перниче под главата.
Дајте помош и совет за количка каде да се гледа и купи.До сега сум зирнала во Енци Менци на нет,Андреј компани и Локо кроко.
Некој искуство со оваа количка.Ке синидам за мк и сакам да ја купам и да ја земам со мене но добро би ми дошло искуство
Јас ја имам. Немам мн искуство бебе ми е 19 дена, ама до сега ми се допаѓа. Мала е, воопшто не е гломазна, безшумна е, лесна за маневрација, лесно се склопува.... За сега толку можам да кажам. За парите ептен е исплатлива, според мене
Здраво женски! Прво да ве прашам, кога земавте количка? Јас сум 23 н., па не знам дали е многу рано. Неможам да дочекам Сакаме да почнеме со разгледување. Исто, да ми препорачате некоја добра количка? Чико или Макси кози? Јас и Бебето ги меркам. Сеуште сум на умисла дали да земаме со корпа, зимско бебе ќе е моето, па додека да стигнеме да се шетаме долго ќе ја порасне. Ваши искуства? Фала
ја имам Бебето Холанад и пре презадоволна сум од нејзе(после 5 ипол месеци ја користевме не сакаше во количка)тешка е ама мултифункционална,не осеќаш дека количка буткаш,Макси кози имам летна количка и од нејзе сум задоволна
Кога бев бремена земавме комбинирана од локо кроко cleo модел, заедно со транспортер и торба. Не ја сакам од старт. Живеам на 5ти спрат без лифт. Количката во кола ми е секогаш. Се симнувам со бебе и ја вадам количката од кола. Секое шетање ми е стрес, комплицирана и тешка е. Цела тема ја исчитав, да си најдам спас, сакам да си ја шетам бебка со мерак, ќе прави 6 месеци во недела. Ќе ја почастам gb qbit+ Се мислам само дали тиркизна или црвена. Абе ќе си заплачам од радост Сакам да им се заблагодарам на @kukla21 @emkaemka @BoaVista @Bicka77 Нивните мислења живот ќе ми сменат
Јас ја користам од раѓање на бебчето мое и е предобра ,најдобра одлука што ја земав ,исто читајќи ги мислењата на членките што ги посочи. 5 месеци сме и си уживаме во количката. Имам мал лифт и багажник и ова беше најдобра варијанта за нас. Ќе се изнаужувате и вие
Мами да ми кажете како ги перевте деловите од количката, на рака или во машина за алишта и на колку степени? Исто и деловите од транспортерот,релаксаторот и Next to me Креветчето?