Бебето во корпа ми изгледа многу позаштитено од ветар, студ итн.. Јас имам 2во1, корпата се прави седиште, многу потенок е материјалот и не е зештитено бебето доволно. Имаше дупки и процепи па ги пополнував со играчки, ќебенце итн... да треба да купувам повторно количка за есен/зима дефинитивно би била 3во1.
Super gi vidov dimenziite, samo uste nesto sto mi padna vo oci bese deka sedisteto odgovara za do 18 meseci ?
Здраво, некоја да не знае дали може да се најдат и каде нови каиши и закопчување за количка, за делот што е летно седиште?
https://www.encimenci.com.mk/kolichka-trio-best-friend-comfort-plus-silverleaf-0m-chicco-799353039 некој искуство.. мислење за количкава?
Мамички има ли некоја Чиполино Адора и како сте задоволни? Мене како модел ептен ми се допадна, само не ми се свиѓа што не видов амортизери на количката
Во јуни купив летна количка на free on black diamond, сега ми е за фрлање раскантана од одмори ама и катастрофа за чистење цела изгризана со запчињата од син ми, на страна тоа. После месец дена распукаа тркалата, оди на десно крш квалитет 0
Еден совет од мене за сите нови мамички што треба да купуваат количка. Обавезно гледајте да може количката да де вози со една рака! За ако ви се погоди бебе ко моето шо квичи па мора бебе у раце и да се турка празна количка
леле и мене вака лични ми беа ,се мислев ама како читам нема изгледа да купам таква а имаше една розевка како ми фати око
Јас затоа секогаш кенгурот го носам долу во баскетот, порано повеќе ќе притребаше, сега си сака во количка
Се утепав од читање и гледање колички... најмногу ми се свиѓаше како опција maxi cozy lila 2 vo 1 , ама во моментов ја немаат достапна не ми ни текна да прашам дали ќе добијат бев одлучена ако не таа тогаш на чико best friend.. овде читам дека количката била мала... трета опција што немам видено во живо ми се бебето во либерта и се мислам да отидам до велес... ама како што ги гледам повеќето се со гуми на надувување што овде многу членки го пишаа како слабост.. искрено тргнав со помисла да купам количка докај 300 евра 3 во 1 ама кога ги гледам на слики на нет и во живо немаат врска пак ми искача дека барем количките докај 25-26 илјади изгледаат многу поубаво... на maxi cozy ме нервира што се само колички нема 2 во 1 или 3 во 1... а се мислсм дали и би можела да искомбинирам некоја количка само со транспортер за докај таа цена луѓе секој совет ќе ми дојде добро за докај оваа цена што ми е најпаметно да направам
Моја препорака safety first hello 2 in 1. Имаме пишувано неколку членки ја користиме. Лесна е, стабилна, со добра амортизација и лесно се управува. Јас ја купив на акција за 14000 ден со Транспортер, се продава и посебно само количка 10000 ден. Ја користам 5 месеци и ок ми е засега, седиштето се претвора во корпа што засега ми е плус, но мислам максимум до 1.5 или 2 години може да ја користам, ја ставив ќерка во неа да ја возам (нели мора се прва да проба) и мала беше да неа количката, главата надвор од корпата и беше. Ќерка е 2 години и 9 месеци. Јас многу сакав макси кози количка, ама многу ми беше скапа, посебно бидејки веќе две колички имам купено за ќерка ми, ама за синко мораше нова пошо од ќере едната се расканта, а другата беше розева.
Јас ги знам до 15кг. Син ми на 3.5 год имаше 15кг. CBX ја користевме до негови 2 години, и не изгледаше нит мала нит тесна за двегодишно дете. После земавме летна Queeny што ни одговараше повеќе на потребите со тодлер и заради патување. И на Queeny препораките се до 15кг. Препораки најчесто користат како инфо ОД кој месец да се користат, заради наслонот, а ДО колку пресудни се килограмите на детето. И желбата за одење и трчање кога ќе прооди
Како си задоволна од CBX? Ние се одлучивме за оваа https://krs.mk/proizvod/bimisi-flex-trio-smoky-anthracite/ Истата ја имавте?
Со здравје да ја возите. Не е баш иста со нашата, ние cura ја имаме. Рамот е истиот, седиштето изгледа од различен материјал. Не сте згрешиле, ќе уживате. Минималистички дизајн- ненатрупано, а толку удобно и функционално. Арно ја отворив темата, време е да ја исчистам мојата дур уште има сонце
го имав прочитано и твоето мислење листајќи низ темава. иначе и јас ептен се имам загреано за макси кози ама стварно се скапи. оваа што ја гледав е 22.000 количка со транспортер и е океј нешто што ми одговара ама ја нема им пишав баш да видам дали ќе ја добијат секако не ми се брза, во секој случај ако пројдам и поевтино е супер и така требаат еден куп работи да се купат. фала ти за советот ќе одам да ја ѕирнам пошто вака кога ги гледам на слики сите ми изгледаат океј...