На Макси Кози имаше модели каде што може еден додаток за бебе и др за поголемо детенце , разгледај баш , мислам тие за близнаци не ти се баш корисни со поголемо дете и бебе.
Има некоја мама искуство со оваа количка? https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-jaya-essential-graphite/ Gb Qbit+ All-City отпаѓа, не сакам со дупли тркала и плус ја нема овде кај што живеам. А оваа од макси кози ми се допаѓа и на изглед, и компактна, лесна... Имам уште една што ми се допадна, на киндеркрафт, ама реков нив ќе ги оставам ептен за последен избор.
Kanella, јас и ти мислам имаме иста количка, и јас сум во потрага на летна количка, бев запната по Chicco O la la ама е само до 15 кила и некако ме кочи тоа…моево нема ни година а веќе има 11, ми е страв да не ја надрасниме брзо…Gb како се движат со килажите? последна опција ми се Фри он тие се до 25 кила, гледам многу мајки задоволни од нив, кај мене пола град има фри он
Мене килажата не ми е проблем, уште 10кг нема ќерка ми а 14 месеци е, многу е ситна. ГБ ако не сум грешка беше околу 23.000, нека ме поправи некој ако грешам, и ем скапа ем наа изглед не ми се допаѓа, а тука во групаваимам читано многу задоволни мајки од неа. Чико о ла ла ми е така така, ама дупли тркала абе ич не сакам нз зашто, и дека живеам во странство нема овде чико.
Многу бе 23 илјади..поефтин систем 3во 1 ќе најдеш што се вика..а има нешто врска тркалата дупли, единечни? Од практична смисла или? Деф ништо не се разбирам
https://krs.mk/kategorija/beb/kolic...ixwpsf[taxonomy][pa_brend][filter]=1&_paged=2 Извини сум ја утнала цената за 10иљадарки Ама некае, не ми се допаѓа на изглед. За тркалата освен дека не ми се допаѓаат мене дупли не знам што да додадам.
Мајки на близнаци, ве молам да ми предложите количка за близнаци со транспортер, која е лесна, удобна, убава и со пристапна цена? Убав ден
За во кола се користи транспортер, не корпа. Транспортерот може да се прицврсти со каишите од колата или ако има изофикс и систем за изофикс на него. Поентата е бебе да е безбедно додека се вози, а не да има кај да легни. Мека корпа не ти треба за ништо, не можиш да ја ставиш ни на количка, единствено ќе ти фаќа место. Зошто те буни тоа што спијаат бебиња во количката? Ако лежат на рамна и цврста подлога, нема проблем да си спијаат. По правило не треба да се возат во транспортер на количка и после 2ч престој во транспортер (при патување) треба да се направи пола саат пауза. Летните колички се убави, лесни и практични, ама според мене се за поголемо бебе/дете, не за новороденче. Плус таман ќе потпорасни за да го шеташ повеќе, веќе ќе залади. Јас на ладно време не би го возела во летна количка, бидејќи самите материјали се тенки, летни. Обично купуваат зимска, па по потреба плус летна. Има и лесни колички, ама мислам дека ниедна како летните, сепак поинакви се материјалите. Во однос на цената ќе бираш и бренд. Тука можеш да прочиташ доста искуства за повеќе колички. За Макси кози, конкретно лила ја имаме ние. Преубава е, маана е шо фаќа премногу простор во багажник. Мој совет е доколку си во можност да шеташ по продавници, да одиш на лице место да видиш сѐ и да ги пробаш, да повозиш. На некоја можеби сѐ ќе ти е погодено, ама рачката ќе биде фиксна и тебе ќе ти е прениска /превисока. Само пример давам зошто треба да гледаш во живо. Ако ти се даваат пари, инвестирај во Макси кози. Има опција за додатоци за второ седиште.
Јас конкретно ја имам Адора2 и не сум задоволна од макси кози. Количката уште од прв пат почна да тропа на предните тркала. Ја носевме де во сити мол де во аеродром, упорно ни велеа подмачкајте ги тркала, пола боца уље потрошивме пак лупа. На крај ја однесовме на сервис ја зедоа и ставиле гумички некои. Ок не лупа ама ни се тера ни се вози ко закочена е, на крај ни рекоа им било мана на адора пластика на пластика удара и тропа. Нејсе зедовме и зимска вреќа за количка уште одма почнаа да глават патентите од страна. Не знам дали јас само имам лошо искуство со макси кози ама не би зела пак истата.
Здраво. Искуства во врска со оваа количка? И дали некој има нарачано од страната KoKI KiDs Online Shop?
Искуства со Chicco Best Friend Trio количките? Вчера ја разгледувавме, ми се допаѓа ама подруго е да се прочита искуство од некој што ја користи
Може ли некоја мајка која добро ги има простудирано количките да ми посочи што е тоа на што треба да обрнам внимание при купување количка? Бебе ќе се роди во јуни, ми треба корпа или не? Или ќе се вози во транспортер? Да знам дали да купувам тие комплет количка, транспортер и корпа што е. Ако не купам корпа, дали бебето ќе можам после откако ќе го израсне транспортерот да го возам директно во количката? Удобно ли ќе му е? Знам дека е пожелно рачката да се врти на количката, да внимавам на стабилност, на тркалата.... Друго нешто плус? Читав, читав, читав и не најдов конкретно одговор на ова што ме интересира.
Јас би обрнал внимание на тркалата да се од полна гума, единечни. Рачката да е со подеслива висина и би ја пробала дали ми одговара во продавница.Тежината на количката, да е цврста ама што може полесна, дали лесно се склопува, дали ја собира во багажникот на автомобилот доколку е помал. Бебето транспортерот го надраснува негде кај годината... Ама тој првенствено е за возење во автомобил и повремено кратко возење на количката, не за прошетки. Јас ги возев во транспортер на количката моите само ако негде одиме со кола па за кратко да не пакуваме плус корпа/седиште. Имате опција колички 2 во 1, кај тие седиштето се прави корпа и со подлога супер функционира и нема потреба од додатна корпа, јас имав таква. Читајќи назад имаше мислења дека кај нив кога се како седиште поставени малце идат пократки и дека им висат ножињата... Јас таков проблем немав бидејќи ја користев количката за постарото до пред втората година а после ја наследи малиот. Инаку првото ми е родено во јуни и како корпа и највеќе ја користев, ем за возење ем за денските дремки. И за малиот исто како корпа до 5 месеци ја користев.
Moeto bebe kje se rodi zdravje bozhe vo maj(inaku mi e prvo),kupiv kolichka koja e vo 3 dela ,korpa,transporter i sedishte site delovi se so zimska pokrivka plus dodatoci za dozhd i komarnik.Golema e ama namerno ja zemav takva za da mu e komotna koga kje porasne.Moj sovet ti e 3 vo 1 ako ti e prvo dete,mozhe bi drugjite deca kje se rodat vo zima.Plus vo korpata mozhe da si spie plus i se nishka.
Моето се роди март. Немав план да купувам прво зимска па летна количка и се одлучив за GB Quit + . Се спушта седиштето до долу. Јас лично сум презадоволна. Едноставно такви ми беа мене префернциите. Не ми беше битно да имам корпа или да се врти према мене. Плус сакав да е лесна,мала за во гепек и мал лифт. Супер пројдов со количкава си спиеше бебе во неа супер надвор како помало. Сега сме десет месеци секој ден ја користиме. Е сега имаш премногу избор на колички зависи што бараш. Плус имам и транспортер само за во кола.
Кога купував количка се изначитав и многу фалена беше макси кози кога ја видов во живо некако се разочарав. Доста голема ама некако не ми фати око ама ич и си реков сама себе изгледа само јас не ја бендисав количкава ама еве не сум сама. Мајка јас би ти препорачала 3 во 1 систем количка. Транспортерот ти е само за во кола и кратко на количка, не е препорачливо да се вози бебе во транспортер на количката подолго време, подобро е во корпа. Иако е летно бебе мислам дека во корпа би ти било попрактично за возење. Корпата се отвара цела па не би требало да му е топло на бебе плус се каде каде покомотни од транспортер. Понатака кога ќе порасне после 6 месеци ќе го шеташ бебе во седиште. Барем сега грото колички се со зимски прекривки и со прекривка за дожд и ветер и комарник. А и здравје боже следното дете може ќе е зимско па ќе имаш фул опрема. Понатака обрни внимание на колцата гледај да се полна гума, да има убава амортизација, рачката да се подесува за висина за да си ја наместиш како ти одговара тебе. И да се врти корпата/седиштето и спрема тебе и обратно. Да видиш дали може материјалите да се перат во машина. Дали ќе ви ја собере во кола. За склопување да ти е лесна и ако можеш на лице место најубаво е да видиш. Ние ја имаме Бебето Тито од либерта бебе центар. Полско производство. Презадоволна сум искрено од количката лесно се маневрира 3 во 1 е систем и има се додатоци (прекривка за дожд, комарник, чашка за кафе за мама од страна, торба за мама за на рачка, торба уште една што е на количката долу, зимски прекривки, адаптер за транспортерот за на рамот од количката). Едино мана што е гломазна и зафаќа доста простор. Види на страната од либерта има бајаги избор и има и видеа од количките што мислам ќе ти помогне околу изборот. Се надевам ти помогнав.
Второ бебе ми е, за првото користев "наследена" количка, ама од постарите модели, не е од овие нови и модерни. Имаше премногу недостатоци, и за ова бебе си ветив дека ќе му купам количка по мој мерак. Имам веќе еден транспортер, па ако не ми врши работа за возење (многу мајки имам видено каде ги возат бебињата во транспортер), па си мислев дека така е подобро, иако знам дека повеќе од 2 часа не е препорачливо. Количките кои ги гледав седиштата им изгледаат како корпи, па затоа прашував што е разликата меѓу корпата и нормалното седиште? И има ли некој кој веднаш го возел бебето во седиште или не? Гледав ваква количка, има некој? Мислење?
Moja препорака safety first hello 2 in 1 од Babyhome, 14900 ден е моментално. Мене ми е одлична, ептен по ќеф. Видете неколку страни наназад мислења, јас кога купувам нешто ми се чини сите мислења од почеток на тема ги читам