Јас имам креветче од првото, само нов душек ќе земам. Останатото ќе видам што ќе докупам, затоа и реши буџетот да го вложам во колича. Добри се и Макси Кози, јас имав такво седиште за во кола.
Таа што си ја ставила ти е поубава од макси кози. За второ е полесно затоа што имаш работи од првото. Зависи и пол и сезона кога се родени ама не е се од нула.
Првото ми е пред 8 години, верувај ништо немам, количката ја продадов облеката раздадов. Сега пак од ново ќе купувам облека и слично. Само креветчето остана.
Во Мк ги нема, доста се популарни во Хрватска и Србија, секоја втора блогерка има #nunakolica и #nunajaje (транспортер) а и по слики што ги гледам и седиштата за кола им се популарни. Инаку Dutch се мислам
Сега пребарав, ги имало и во Хрватска. Врска немав дека се толку популарни, ми излегуваа како sponsored. Не се ефтини, ама моментално имаат некоја акција и се наоѓаат по 600-700 евра. Не е воопшто малку. Ама пак овде од 400 ев се количките.
Јас ја имам Vayron од Енци и жива катастрофа е. Што од тркала, па и корпата. Доста се слични. Ако би фрлала пати подобро земи рамна количка во делот кај нозете и килажата да е до 25 кила барем, оваа ти е до 15 кила. Секако и после годината спијат барем по 1 дневно ќе ја користиш подолго секако. Имаш и опвија во Локо Кроко мислам како летна количка со зимска навлака.
Ако ја купиш пиши искуство...мене ми е мислата меѓу оваа и О лала од Чико...ама јас дур се решам ја вратија О лала на старата цена и сега ќе чекам попуст...а сестра ми работи во аптека и таму продаваа колички од Фри он и оваа жолтава и една ментол боја рече како алва се трошеа, многу задоволни родители имаше
Мами предлог колички со следниве карактеристики, ве исчитав од 150 страна и ми настана хаос во глава Ми треба количка што е 3 во 1 по можност комбинација од зимска и летна да е (незнам дали сите 3 во 1 се уствари такви) да биде лесна бидејќи сум ситничка да можам сама да ја ставам во кола и качувам на втор спрат. Да има одлична амортизација бидејќи во нашиот град улиците се угорници удолници, калдрма, коцки .Да се склопува лесно, прочитав дека има некој со копчиња. Да биде од 0+ до колку може поголемо, удобна за беба, да и се вртат рачките да можам да си ја возам свртена накај мене. Да не и се пластични тркалата, да се спушта до позиција на спиење. Со цена сме ограничени до кај 30-35илјади.
јас имам ваква количка, количката е супер амортизери има подобри од колата моја НО не ја препорачувам доколку немате голем простор, јас се зезнав малце низ врата за на тераса не ми ја збира а преголем проагор ми фаќа дома, но што е тоа е, бришам после секое идење надвор.