Која е цената? https://www.babycenter.mk/mk-freeon-vozicek-3v1-trio-comfort-black-974248.html https://www.babycenter.mk/mk-freeon-vozicek-3v1-trio-comfort-grayblack-964266.html Јас овие ги гледав
Кажете добра летна количка, да може да се спушта за спиење, да се склопува како чадор и најнајнајбитно да е лесна, зашто се искилавив со сегашнава
https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/kunert-2/kunert-silver-3-vo-1-5 https://www.facebook.com/bebesupermarket.mk/photos/a.1047508665334136/4770810993003866/ Дали имате искуство со овие два модели и ако можи мислење. Читав низ форумот ама не сретнав за овие конкретно мислење. Или понудете некоја слична до оваа цена да е со три дела.
Здраво, некоја членка што има Макси Кози Џиа од 0+ да сподели искуство, како е за ракување, се перат ли сите текстилни делови од неа, тешка ли е да ја носиш? Фала
На Чиполино гледав вчера, некои модели како чадор се склопуваат, ама не можам да ги најдам на нет. Тоа само директно во продавница негде да прашаш.
Здраво, дали некој од вас има искуство со оваа количка и како сте задоволни? Ме интересира дали е лесна и дали е лесна за склопување?
Лично искуство немам, ама да знаеш дека сите дотатоци се местат само во еден правец, не може да се менува бебе да гледа на пр кон тебе на спортското седиште. Земи во обзир и тоа што рачките не се споени, па ќе мора со две раце да ја возиш количката.
Фала ти многу за советот, ова ми е прво бебе и не знам на што да обрнам внимание затоа и прашав овде. Дали може да ми дадете препорака за добра количка што веќе сте ја пробале?
Обрни внимание рамот да е алуминиумски, тркалата да се полнета гума, рачката да е споена и да може да се подесува висински, деловите да се вртат во два правци, да не е многу тешка, па ни прелесна и да фаќа помалку место складирана. Мој совет е да не купуваш количка без да ја видиш/пробаш оти едно е на слика, сосема друго во живо. Јас имам Макси кози лила, преубава и преквалитетна е, ама не е многу лесна (јас не можам да ја маневрирам со една рака) и фаќа прилично место во багажник. Едит: во овој ценовен ранг е safety first hello, Мислам дека е многу убава количка. Ако не сум грешка @mamaJana ја има, ќе сподели искуство.
Здраво девојки, чисто сакам да ве прашам за мислење, гледав количка 2 во 1 во локо кроко. Првата е Tornado t4 која што според мене е доста лесна, а другата е Lizard 2 целата е алуминиумска и може да кажам дека на гурање е потешка и поскапа е. Самиот материјал е поквалитетен и плус кај што му ноџињата може да се мести горе доле, а кај Tornado не може, статично е. Ми треба ваше мислење која да ја изберам
Јас ја имам и сум задоволна. Пак би ја купила. На око не е најубава ама ја возам активно 2,5 години и уште му е добра на синко затоа што е чадор систем. Корпата е пространа и ја користев најмногу додека спиеше синко на тераса преку лето. Транспортерот е супер. Лесна е прелесна. Кога се користи делот за седење, од 6 месеци до 2-3 години, тогаш гледа само напред ама делот е топ, широк удобен за спиење. Прелесно се затвара и е доста мала. Барај мои мислења може заборавам нешто. Маани секоја количка има. Нема да најдеш количка која е се во едно. Некои се тешки други мали и тесни. Јас никогаш не би купила количка која корпата за бебе се прави во седечка положба. Мали се за кога ке порасне бебе. Скоро секоја мајка со таква количка докупува летна кога ке порасне детето.
Одлична е количката. Да треба сега да купам пак би ја одбрала. Максимално искористена со првото дете до речиси 3г на секакви терени и локации. Сега почнуваме да ја користиме пак со второто. Се собира чадор систем и фаќа малку место. Лесна и за собирање/отварање, а и за возење. Гледам коментари дека лошо било што не се споени рачките, мене искрено ми беше лесна за маневрирање и со една рака. Делот од рачките каде се држи се ротираат и секој може да си подеси како му одговара. Јас возев во една положба, маж ми кој е повисок ги вртеше нагоре пример. Лесна за возење, а издржлива за пазарење (колку само сме ја товареле и плус дете во нејзе). Мн практична. Сите делови ги искористивме максимално. Добро е и што корпата и транспортерот може да се монтираат во кола за да се вози бебе во нив. Според мене нема да згрешиш ако ја земеш.