Леле многу убавко Кажи ми кога го дознавте полот на близначињата? Јас оваа недела ке одам на преглед се надевам ке знам што пол е бебето мое
Има ли некоја од вас искуство со количка од Jumbo, не се некој бренд мислам дека немаа ни некое посебно име но вака делуваа солидно со метални рачки и солидно материјалче. Може да се користи од 0+ и сега ми ги мати плановите, бидејќи е 2900 денари и на памет сум да ја купам бидејќи е поприлично поефтина во однос на се останато што видов...некој совет...
Многу е ефтина таа некако, по таа цена обично се оние летни колички. Немам искуство со такви колички, ние имаме од Graco, само количка, без транспортери и слични додатоци, од брат ми ја заедовме. Јас искрено, никогаш не би купила изгор скапа количка, марката не ми е гаранција дека количката ќе биде квалитетна. Има убави колички и во Бебе Супермаркет, до кај 6000 денари, исто убави се количките на Бертони и Чиполино, па не се многу скапи. Само проценете дали ќе ви треба транспортер или не, оти тој обично се користи до година дена. За во кола се наоѓа, некои го искористиле и дома, ама во глобала, немаат сите позитивни искуства. Затоа, најдобро е количката да има три позиции на седиштето, лежечка, полуседечка и седечка, за да може да се користи до тригодишна возраст и да не ви е потребен транспортер. Е сега, ако донесат закон кај нас да мораш да користиш транспортер за бебе во кола и да мора во транспортер да се изнесе од болница, тогаш ќе мора да се купи. П.С. Ако не беше количката од помалата внука, ние ќе купевме количка од CAM, 8000 ден. беше, немаше никакви додатоци, ама добивме гаранција дека е 100% исплатлива (од лично искуство на продавачката). Повеќе сакам така, продавачите да се искрени со мене, а не да се обидуваат да ми продадат најскап модел само за да заработат.
^ И мене ми мати памет дека е навистина ефтина, јас гледав претходно од Чико на некој попуст беше накај 8000ден и делуваше ок. Искрено оваа од Џамбо на изглед е и посимпатична но сепак ќе барам некој со искуство да ми потврди. А за реласатор и транспортер имам така да ми треба само количка немам потреба од оние што одат со се нив. Сепак фала за советот и мислењето!
Еве ја нашата колиЧка која ја купивме денес Двата дела идеа заедно , додека се докупува Maxi Cosi (транспортерот) и секако практиЧно е за во кола а се прилагодува и на колиЧката , така да 3 дела
Јас избрав колицка за моето бебенце само незнам дали сетоа тоа оди заедно или посебно се докупува.Мамицки ве молам несто за совет да ми кажете ако некој имал ваква колицка дали е добра или да барам друга.еве ваква е http://www.chicco.com/ProdottiChicco/Sc ... fault.aspx Поздравциња...
Јас купив иста таква количка, само без транспортерот и корпата, зашто го имав транспортерот од ќерка ми. Во Чико комплет мислам дека беше околу 25.000 или нешто повеќе, лани во август кога барав јас. Можеш да си купиш и одделно количка и транспортер (така беше околу 19.000), а само количка јас како што си купив ме кошташе 13.000
И ние ја имаме истата колича .. максимално ја искористуваме дома преку ден спие во неа .. ептен сме задоволни.. ја купивме одделно само количката 13900 во септември 2011.
ЗнаЧи тука цената што ја има ставено на оваа станаhttp://www.bimbomarket.it/trio-enjoy-fun-moonstone-2012-P17682.htm е само за колиЧката а додека другите работи ако ги сакаш се докупуваат оделно така..поздрав
За истите пари јас би ви ја препорачала Трио Ливинг на Кико количките, бидејќи седиштето се врти и накај мајката и на другата страна, многу попрактична а во цената и нема баш некоја голема разлика. Инаку на Нео Нато количките се најдобри, зборам за издржливост, имаат поголеми тркала, гумени (за разлика од кико кои имаат пластични тркалца и после некое време тропа количката ко да е од пред 10 години), големи и убави метални шипки и најбитното амортизери мнооооогу добри. Ги има на илинденска во продавницата спроти Пионерски дом, не ми текнува името. Имаат често промоции па може да се начека количка и транспортер за 13 000 денари
А инаат ли веб страна да видам какви се зошто не сум во мк. па ако ми се допадне нешто ке пораЧам да ми донесат.Ти благодарам однапред.
http://www.youtube.com/watch?v=bKs2hxp1tAg http://www.amazon.co.uk/neonato-Baby-Pr ... ato&page=1 http://www.neonato.it/en/home/ Повели, се надевам ти помогнав
Ти благодарам многу ми помогна и многу ми се допадна колиЧката таа пордавница се наога во скојпе така сигурно ја имаат оваа колиЧка да ја пораЧам.Се извинувам за досадата.Ти благодарам многу поздрав
Ние имаме летна количка. Немам прекривка а мислам дека ќе имам потреба од неа пролетва и на есен. Видов на интернет дека Fisher Price продава вакви прекривки (footmuff) па ме интересира дали во Скопје некаде сте го виделе овој производ, или пак да ми кажете каде во Скопје може да се најде поголем избор на Fisher Price опрема.
И ние си купивме ваква прекривка . Дефинитивно е потребна Нашата е ваква само кафена Ама не ни е купено од Мк ама сигурна сум дека ке најдеш
Знам дека Бебирон држат поголем асортиман на Фишер Прајс производи, ама мислам дека се претежно играчки. Нема штета сепак да се јавиш и да прашаш. Побарај ги на фејсбук, имаат своја страница, сигурно го има телефонскиот број Имам исто видено Фишер Прајс производи и во Супер Тинекс некој, ама пак како да беа само играчки... а можеби и други производители има? Види во Cam (Златарска Уличка во ГТЦ), или пак во Енци Менци... сигурно и Chicco има слични производи.
Ако некоја знае каде во Скопје има ваков тип на прекривки ве молам да ми каже... Инаку немаат во Бебирон, а на Чико прашав во Енци менци и сеуште чекам на одговор.
Ние биравме, т.е. бирав количка едно недела дена сопругот веќе ми се лути, плус изненадувањето му го нарушив . Гледав кико, грако, пег перего, чиполино, бертони и што се не. На крај се решивме најверојатно за модел на бертони (искрено над 10,000 за количка ми е многу), без транспортер затоа што иако реално е до 13 килограми можеш максимум до 6 месеци да го користиш а ние сме веќе три и нешто. Подобро ќе му земеме сега асално седиште. Еве, станува збор за Бертони Сити баш ваква. Околу 9100 денари е.
Си ја купивме количката и презадоволна сум од тоа како изгледа. Ми изгледа многу цврсто, сами ја склопивме на наше барање, па сопругот ја стегна машки што се вели. Дај боже убаво да не служи Баш вчера мислев ќе се возиме ама времево не не' послужи.