Ај споделете искуство што имате црни колички, се валкаат ли многу, се познава ли прашината многу на нив?
Има ли некаде да се продава заменско платно за количка,или да се сошие по мерка.Имам количка Грако ептен практична ама би ја освежила со ново платно за новото бебе.Количката е мн лесна,се склопува со една рака,ја собира во кола не фаќа мн место и би сакала да ја искористам.
Здраво дали некој има искуство да сподели со количкава? Дали е лесна, дали делот за седење е комотен кога ќе порасне бебето ? Дали сите делови се вртат да може детето да гледа и напред и кон родителот ? И ако некој има препорака за убава количка до тој price range (20-22 000), ве молам споделете
Што е по паметно, по практично и по искористливо според вас? Три дела количка, транспортер, цврста корпа и седиште или само два дела, транспортер и седиште? Не знам за што да се одлучам, некако транспортерот и цврстата корпа иста намена ми имаат...Или грешам?
Јас купив количка со транспортер што е, имаше и со корпа но на совет на братучетка (породена пред 1 год) која има 3 во 1 количка со корпа ми кажа дека корпата е за спиење само и тоа до неколку месеци после неможе да се користи, а како и да количката ја има истата функција и за седење и за спиење, затоа се одлучив за 2 во 1
мислам дека не ти треба корпа, ја земав количка што се прави како корпа (сите мислам се прават) и плус транспортер така сите ме советуваа, мн се гломазни корпите и кратко се користат
Немаат иста намена,корпата е поудобна и повеќе време може бебето да седи во неа,во транспортер макс 2 часа,за комфорт се неспоредливи. Проблем е што многу бебиња не сакаат да лежат во корпата,исто така многу е битен и периодот на раѓање на бебето,ако е зима најдобро е со корпа бидејќи седиштата што се трснсформираат во корпа не го заштитуваат многу бебето. Ќерка ми се роди во мај и пак ја користев корпата до 5 месеци,се изнашета и изнаспа во неа иако на почеток не ја сакаше ама бевме упорни и ја засака
Исто и ние мислевме нема да ја искористиме ама ептен ни послужи.Бебето си е заштитено од ветер и удобно му е за спиење, за зимно време петка. Поздрав
Па не баш. Транспортерот е првенствено за во кола и не се препорачува да се користи како корпа на количка подолго време. Корпата е покомотна и поширока и кога ќе шетате верувам на бебе ќе му е далеку поудобно одколку во транспортер, а плус и не треба да внимаваш на времето. Во транспортер се препорачува макс 2 часа да седи. Плус во корпата е позаштитено од ветер, студ. Рачунај во транспортер е под агол, а во корпата лежи како во креветче. Јас кога се роди синко дома првите денови во количка спиеше денски во корпата, сега за шетање немаме никаков проблем. Плус има и корпи што се мести душечето од лежечка во полулежечка позиција. Нас искрено многу ни се најде плус пошто зимско бебе.
Може е касно, ама да с кажам искуство. Ја имам торнадо, секогаш би ја препорачала, второ дете веке се вози, лесна, се вадат за перење деловите, какви се улиците битола, супер е што издржува. Транспортерот и седиштето се вртат во двете насоки, супер е тендата голема, има зимска прекривка. Јас сум презадоволна. Единствено нема резервни тркала ако ти затреба недај боже нас ни требаше ама мм го среди тоа што се расипа.
Moevo bebe zdravje bozhe treba da se rodi vo maj ama pak si zemav kolichka 3 vo 1 radi korpata.Planiram denski da si spie vo nea.Plus e golema I za denski dremki mozhe I do godina da spie.
Фала многу многу. Еве не знаев за во транспортерот дека до 2 часа само...Јас цело време гледам 3 во 1 колички и чекај реков да прашам, ама дефинитивно останувам на тоа, се топтан, корпа обавезно. Летно бебе ќе е, во Јуни го чекаме, ама пак си викам ќе ја искористам корпата.