е сигурно ја нема тука,не сум ја видела.Многу е убава бојава! Башка количката си ни е најубава Озбилно,и по 5год. уште си ја сакам,многу добар модел,Е тешкичка малку,особено ја склопи-расклопи на секое искачање праам. Ти како си во тој поглед?
Темно виолетова е корпата. Рамот не го продавам, уште го возам малово, ама па и колку би ја продала?! Така решив, не ја продавам
Ова е Приам нели? Одлучив јас, имаат Cybex добра колекција на Балос и Газеле, па ќе изберам нешто. Иако ми мати ум и една на Anex, супер е на изглед.
Јас си купив 3 во 1 околу 500€ ми излезе црна со сиво. Сакав квалитетна па таа ми ја понудија како добра опција. Само ташната шо е со неа ми се гледа мала па најверојатно ќе треба да си купам нова.
Исто мислам. Количка, душек и седиште за кола поубави, а додатоците како пресоблекувална, форма на креветче, релаксатор, храналка - солидни. Да позјамсм нема од кој, а и никој не се понудил.
Јас сега гледам некоја акција на Балиос, 3 во 1, супер цена, само се мислам за бојата, црна или розе магнолија. Ве читав сите сте задоволни од Cybex.
Мамички да ми предложете количка 3 во 1 до кај 30000 денари од која сте најзадоволни? Гледам неколку месеци и освен на Чико Трио Актив кафеавата, друго никако да ми се допадне И ако слушнете некаде на Чико да е на акција кажувајте, вака скапа ми е
Дали вашите летни колички имаат доволно сенка? Пред некој ден ја купивме Jungle Sprint од Enci Menci, ама бебево (9 месеци) скоро цело е на сонце. Има натстрешница, ама не прави доволно сенка... Чаре? Инаку, до сега користевме количка Estelle од Chipolino 2 in 1 (во Андреј компани има), околу 12000 беше, презадоволни сме. На кого не му се даваат по 20-30000 ден за количка, му ја препорачувам оваа. Функционална, стабилна и фина на изглед.
Јас имам летна од Free on и воопшто сенка не прави..мала е настрешницата, а воопшто не размислував на тоа кога ја купував...ако најдеш решение тагни ме
На бејбилав во дм нели имаше едно како стреа за на количка? Се зкачуваше на стреата и на рачката. Мислам дека таму го гледав проверете, а сигурно некоја од другиве членки знае што зборам ќе ви пушти слика не можам да најдам. Или чадорче.