Фала. Туку ова како ќе се прикачи на летна количка, каде детето гледа напред и рачките од количката му се зад грб? Некако не ми иде, или јас не можам да визуелизирам... За чадорче и јас си помислив, ама видов едно на Chicco околу 2500 што е премногу. Ако знае некој кај има поевтини, пишете
Катастрофа е јас ќе ти кажам. Се врзува горе на чадорот и оди надоле до потпирачот за нозе и детето ништо не гледа пред себе, башка што не го покрива сонцето од сите страни и мора да го поместуваш цееело време те лево те десно, не е практично којзн ае колку ама ако ти заспие бебе врши работа за да ја возиш количката и да не му иде сонце во очи. Ако е будно и го возиш така ништо не гледа, ко во вреќа да е пикнато греота. Заклучок, брка работа кога спијат во количка
Скроз се уплеткав со количките, ја исчитав цела тема и пак немам појма што сакам ниту што да барам. Предложете некоја количка од која сте задоволно до 500 евра, со ув заштита, 3 во 1 систем и да биде лесна, за да можам сама во бус со неа
Моја препорака како искусна мајка е да си земете количка која е лесна,која можеш даја склопиш со една рака,и лесно да ја подигнеш.Јас за син ми земав graco количка,имашеи зимска прекривка,мада јас ја купив во пролет,баш бебе имаше веќе 4месеци кога можеше да разгледува,многу практична и лесна а пак квалитетна.Само земав тогаш црна и од сонце како избели.Сега гледам пак некоја таква.Тие со корпа ми се убави ама многу се гломазни.Рачунај бебе во една рака,торба и количка да склопиш,јас така ја купив со бебе во раце ,од сите модели таа беше најпрактична ги пробував на лице место,и после маста и ја извадивме од возење.
Имам количка Joie и е многу практична. Но за на одмор ми фаќа пола гепек. Предлог за чадор систем количка што се спушта за спиење и со настрешница има? И да не е скапа нормално. Се што возат по улици ми се такви мали како играчки, или имам лоша перцепција?! Не и беше на ум да зимам ама ради одморов сега морам.
Јас ја немам ама ми беше во најтесен избор на купување, па можам да ти кажам негативно искуство кое го сподели продавачката во продавницата каде сакав да ја купам...3 или 4 мајки и ја вратиле назад со расипан механизам за затворање, на рачката има како копче што се стега и се затвора количката...од продавница ја вратиле во Кика бу, во претставништво, на сервис, од таму им рекле не се поправа количката, не ви спаѓа под гаранција итн и ми вика останаа луѓето со расипана количка...и тоа ме одврати да ја купам, иначе ем ми е многу убава ем ми изгледа компактна...а во интерес на продавачката и беше да ми ја продаде зошто таа другата што сакав да ја земам беше 2000 денари поефтина..не верувам дека ме лажеше..сигурно има и мајќи со позитивно искуство, ама не сакав да ми се трефни да ми се погоди фалична па да фрлам 7000 денари во вода
@Tea SK мислам ти зема летна евтина количка. Во амдреј има останато 2 модели ама не ми се свиѓаат. Каква е твојата и како си задоволна? Мо треба само за на одмор за вкола да се собира како чадор систем. Не мо се лупаат 100 евра. Имам џои количка и супер ми е. Како што е џебна венера ќе ја изнавозиме
Еверли ја земав јас на Чиполино, околу 3000 беше. Мала е, како чадор се собира, ни 5кг не тежи. Е сега за задоволна што знам, за тие пари ок е. Расклатена е веќе, а само 4 месеци ја возиме. До душа моево бебе не седи ко сите бебиња, туку стои и скока дур ја возам, па може и тоа удел да има во расклатувањето. Ама па за 3000 не ни очекувам нешто многу квалитет искрено.
Ја немам видено во живо, деновиве ќе одам ама многу ми се свиѓа вака од слики. Бев во Енци Менци, Пренатал, Крш, Бебе супермаркет ама не бендисав нешто баш. А баш ми треба ваква со една рака што се склопува и многу малце место да фаќа. Фала да споделеното.
Za senka ima vo DM kako platno go pricvrstuvash na kapakot od kolichkata i go tegnish do rachkata....jas si kupiv takvo i sum zadovolna....momentalno na korpata od kolichkata mi e staveno...ako sakash kje ti go slikam da vidish i kakvo e i kako stoi.
Јас ја зедов Чико трио актив, баш од таа причина што се склопува со една рака и тоа горе е копчето не треба да се наведнуваш. Исто лесно се вадат тракалата да не зафаќат место во кола. За возење и квалитет ќе видиме кога ќе дојде бебче. Ама за се друго најпрактична ми стои, а до денес е намалена на 30000 денари во Енци менци Се извинувам сега видов дека за летна прашуваш, а јас си се изнакажав
Има ли летни колички на кои им се прават рачките во двата правци? Да биде бебето свртено накај мене? Ако имате и предлог ве молам споделете.фала