Јас ја имам зелиата, еве ти прос и конс. Јас сум практичен тип, колку и да ми беше убава лилата оваа ми е попрактична. Прво кога е склопена волуменски фаќа помаце простор, далеку од тоа дека малку фаќа, ама пак е помала, можеш во дуќан да ги споредиш или јутјуб. Фактот дека не требаше да вадам и да мењам корпа и седиште туку е 2 во 1 ми беше олеснителна околност, пошто имав зимско бебе и не можев некако да го возам па и во вреќа така не заградено да речам. За маневрирање дур е мало бебе можеш да го држиш во раце и да ја возиш. По скали мислам дека нема шанси сама да ја качиш со бебе. Со една рака не се склопува пошто треба корпата да се сврти во правец на движење, а бебето кај ќе го ставиш нели, и има две рачки кои се стискаат истовремено за да се склопи, пак а бебето кај ќе го ставиш. Ама како и да е, не знам дали за новороденче постои таква што се склопува со една рака. Инаку сама ја склопувам, вадам, ставам, во кола, дома и сл, тој дел е лесен. Корпата доле беше поголема во споредба со лилата, а јас така си сакам да шопингувам и пола куќа ако треба да ја извадам да имам кај да ја ставам. Единствен конс во споредба со лилата е што мислам дека е пократка, ние сме 77цм на 7 месеци уште ја собира, ама за до година не верувам, тоа да го имаш предвид и со други колички ако ништо друго, должината на седиштето. Пак да бирам меѓу зелиа и лила, зелиа ќе купам. А оваа зелиа2 е со носивост до 22кг и наводно до 4 години, може да се користи, ако го собере . Инаку транспортер макси кози позајмив, па ја земав само количката на попуст негде 22-3000 мислам. И други брендови гледав на таа падна одлуката.
Имам chicco trio best friend, супер ми е количката,ама за на одмор ми треба помала за у гепек. Се исплати ли да купувам летна количка ? Препорака за некоја со убава настрешница и да се спушта за спиење.
Update за изборот на количка Денес бев во бебехоум и ги разгледав количките, се одлучив за Maxi Cosi, само сеуште сум неодлучна дали Лила или Зелиа 3. Тоа што ми се свиѓа повеќе кај Лилата е дека има по анатомско душече и има еден додаток плус како заштитна мрежа од инсекти и се склопува со една рака. Кај Зелиата ми се свиѓа што е помала и полесна, има поголема торба за пазарење и конкретно дизајнот. Мана на Зелиата ( од тоа што успеав да видам) е дека душечето е тенко и обично - не е анатомско како на Лила, не може да се склопи со една рака. Кај двете колички седиштата се прават и корпи што е олеснителна околност, а ја имаат истата функција. Двете одат со транспортер, едната е 31 000, другата 32 000, со тоа што се докупувале некои адаптери за релаксаторот околу 1500 ден. Имаат сега попуст до 31.07 , јас сум 7ми месец се мислам дали да почекам или побрзо да се одлучам... И Лилата веќе не се произведувала, така да останати се само неколку изложени по продавниците...
Сега пошто ќе се јават сите што имаат лила, а ги имаше многу, не знам дали некој друг има зелиа, да си фатам страна со време. Лилата се склопува со една рака можда, ама исто како и зелиата бар мојот модел мислам дека корпата/седиштето треба да е кон надвор свртено, инаку треба седиштето или да го извадиш или да го свртиш кон надвор за да ја затвориш. А јас еве 7 ипол месеци уште си ја возам накај мене свртена. Мислам дека е фер тие што имаат лила да ти кажат дали можат да носат бебе во рака и да ја склопат количката со другата и да ги носат двете. Ова би било голема предност инаку не го гледам којзнае колкава предност на склопувањето со 1 рака. Мене па, далеку од тоа дека не ми е убава, ама на изглед лилата ми беше поубава, практичноста победи. Не знам што бои има останато можда ради тоа, оваа комбинација темна со кафеави рачки на зелиа е убава. За перничето не се сеќавам, и на зелиата и е убаво на 3ката можда и го подобриле. Не ми беше битен детал, на почеток многу често е и во транспортер, после почнува да седи. Е мрежичка нема, ама си нарачав од али универзална, ако ми веруваш 3 пати дали ја ставив во мај-јуни, претходно не ми требаше. Тие адаптерите мислиш за транспортер? Па тие не се доплаќаат, јас само количка земав и беа со нејзе во кутијата. Зар и тоа го ставиле како плус цена. Уште нешто за споредба да видиш е стреата, тоа мене ми е битно на количката, ама мислам дека на двете им е тука негде. Дали си сигурна дека имаш простор за лилата во кола и дома исто провери си, замисли дека ќе треба да ставиш и торба, куфер ако одите негде, кутија некоја. Ај може на одмор не се оди често, јас имам прилично голем гепек и пак со 1 голем куфер едвај се сместува, ама нон стоп шетаме со кола и ми треба простор. Еве и тој дел нека го прокоментираат тие со лила. Бебехоум нонстоп има попусти искрено, т.е. има некој краток период можда без, е сега ако ти се погоди баш тој период.. Јас ја земав кога бев 6-7 месец негде исто ради попустите.
еве јас, не знам дали знаете како изгледа шевролет авео и колку мал гепек има, но количката ја собира и во тој, значи да гломазна е но не е дека не ја собира во било кој гепек, ние бевме и на одмор така, куферите си ги ставивме на предно седиште, иначе количката се склопува со една рака, но ја никогаш не ја склопувам, прво ја вадам неа ја местам во транспортер, ја расплопувам количката на два дела , конструкцијата иде во гепек, деугиот дел на седиште, значи количката е претешка нема шанси да држиш бебе во една рака и да ја кренш во друга, иначе и ја ги купив заедно адаптерите за транспортерот беа во кутијата, ама не ме чуди ништо... торбата за пазарање не знам на таа количка колкава е , но и на лилата е прилично голема, барем мене торбата за пазарење не би ми била пресудна при изборот на количка, од друга страна можам да тврдам дека мрежата е многу битна... количката е одлична, но е многу тешка ако на некој му е пресудно, од друга страна ако мораш ќе се снајдеш, ја сум 90 посто од времето сама со бебето, околу 50 кила сум ја па ја кревам со се бебе количката во раце за неколку скали, често ја товарам во кола, по неколку пати во денот, веќе сум испраксирана за 5 мин сум цела стокмена и средена
Јас лилата ја имам и пак би ја купила оти најуба од сите ми беше. Маж сто пати минимум има речено 'ех шо не си ја зедовме зелиата' мислејќи на практичноста. Реално и зелиата е преубава. Исто и на лилата треба седиштето да се заврти во спротивен правец за да се затвори количката, ама и без тоа, со бебе во една рака, количка да молкниш со друга рака, тешка работа. Ќе ја склопиш, да, ама нит можиш да ја носиш в раце, ни да ја местиш со бебе во раце во багажник, оти е гломазна и не е лесна. Е сега во однос на квалитетот и гаранцијата, мене ми беше поважно да е квалитетна отколку лесна за маневрирање дури дежам бебе во раце. Тоа перничето шо те буни, искрена да бидам ни стоеше во количката цел еден месец, демек голема е корпата за да не се губи бебе во неа. Ама одма го надрасна и не му лежеше главчето во него, па го извадивме. Не мислам дека тоа треба да ти е пресудно. Корпата на зелиата не се сеќавам колкава беше, ама мене лилата ми брка работа. Којзнае колку пати во маркет наместо торба за пазарење нејзе сме ја наполниле до врв, собира прилично многу. Комарникот го имам 2-3 пати употребено кога беше новороденче и толку. Кога пркна и така не сакаше да седи во количка, а не па уште да го "затворам" со комарник. Адаптерите за транспортер и кај мене одеа заедно со количката, макар шо јас ич не го возев во транспортерот, еднаш можеби за на вакцина Простор во гепекот фаќа многу лилата и најмногу ради тоа маж се кае за зелиата. Ако сте луѓе шо често патуваат, размисли убаво. Особено ако треба да носиш количка, хранилка, куфери... На крајот на денот, шо и да земиш нема да згрешиш, тебе да ти е на мерак. Од бебе хоум ќе ти дадат гаранција една година, ама да знаеш дека од производителот имаш доживотна гаранција на рамот, па кога ќе ја купиш количката најави се на официјалната страна од Макси кози и регистрирај се таму. Не се сеќавам точно шо требаше, мислам дека требаше да се скенира фискалната сметка, еве ќе објаснат другиве ако памтат. Оти мене во бебе хоум ништо не ми кажаа за тоа, од форумов дознав, а реално е многу битна работа.
За ова со гаранцијата мене ми кажаа во бебехоум, ама не памтам како беше искрено, ќе расчепкаш. Ми дадоа мислам лист дека сум ја купила и листот и фискалната мислам ги сликав и ги праќав. А и максикози на фб редовно враќале, мислам и за тоа дека им пишував па ми кажаа како. И бебехоум имаат и поени некои за членови, кои за количката не ми ги ставија, а им пишав ме изигнорираа. Не дека сум ги искористила другите ама тоа беше најскапото нешто од кај нив што го земав па може со све пропратно ќе сум имала нешто гратис.
Адаптерите почнале да се наплаќаат сега брзо, за да не ги поскапуваат цените на количките, решиле да одат адаптери посебно. Инаку да, и мене таа темната Зелиа со кафени рачки ми се свиѓа. Сепак мислам дека ке биде таа, уште да видам само дали сега или покасно да ја земам, може ке имаат поголем попуст мада чисто се сомневам... За Лилата не сум баш и од друг аспект, останати се само експонати што реално во продавница цел ден склопи расклопи по којзнае колку пати се и амортизирани... @Mucika фала ти за споделеното искуство @Anaroz1 Баш поради тоа што патуваме често и мкнам торби, куфери мислам дека би била попрактична Зелиата, ти благодарам на споделеното мислење . @IRBBB фала многу за споделеното искуство
Само уште ова, попустите се исти цела година. Односно нема попуст, таа е редовна цена +-1000 ден. Тоа им е само фејк реклама. Никако експонат не земај, барај неотпакувана количка. @Mucika смешки е тој бонусот со клуб картичката. Од таму зедовме количка и креветче и со тие поени на адаптерот за хранење имавме попуст ~300 ден.
Доколку некој продава Chicoo Active3 количка нека ме контактира, пожелно е да има и транспортер и корпа. Фала
И јас ги гледав Maxi Cosy, истите модели, меѓутоа она што ми го кажаа е дека доколку нема корпа за спиење, спортското седиште се спушта, но не е баш препорачливо за бебиња под 6 месеци. А наредниот модел со корпа е 39.000 денари.
Еве и ние првите месеци во количка ги преспа на тоа анатомското перниче, тек после 4ти месец негде му го тргнав.
Колку лесни? Летна или комбинирана? Летните, се наоѓаат до 4 - 5 - 6кг количка, мене ми се фаворит на Chicco, имаат 2 3 модела 0+. Комбинирани/зимни се околу 12-13кг, е сега зависи буџетот колку ти е.
Постојано ве читам иако е рано за разгледување сепак си читам искуства да имам идеја што да барам и на што да внимавам. Моето бебе ќе биде зимно новогодишно божиќно некаде здравје боже. Прво женско и сега за количка треба да земам зимна а налето летна или ќе можам истата да ја користам дека сепак ќе биде бебе за да се вози во оние летните што се со седење. Да земам 3 во 1 со корпа нели и транспортер будејќи ми е потребен првите месеци што има понуда или 2 во 1 без корпа. Некоја мајка да ме просветли опширно.