Можеш да ја користиш истата количка. Освен ако ти е гломазна па сакаш да смениш со помала. Јас имам 3 во 1 и максимално ми се користени сите делови.
И јас тој период треба да се породам здравје прво ќе ми е со женско бебе и разгледувам колички и појма немам каква би купила рано е сеуште ама си разгледувам и по чаршија кога шетам само колички гледам и никоја не ми се бендисвит само една така во живо што ја видов од maxi cosi многу убава ми изгледаше кога ја возеја само 39000 на попуст е во бебе хоме а другите колички од maxi cosi што се 2 во 1 без корпа на страната на нет добри се во живо ич не ми се бендисвет тој дел ко корпа што е многу мал тесен ми изгледа а се по 30000 ден со си транспортер.
Некоја да има количка abc design mamba да кажи искуство не ја имам во живо видено само на слики и ми се бендисува што е со корпа и ок е за парите плус што ќе треба транспортер и адаптери за транспортер да купам и се заедно би ме фатило околу 18000 а вака стабилна количка ми изгледа со добри амортизери само рамот е 13 кила незнам дали би била лесна за возење.
Моето синче е родено во зима на 30.12,количка купив дури во Април кога се разубави времето,предходно беше ладно да го шетам и немав потреба, го изнесував само во двор да го фати воздух по 15-20мин, во Април таман веќе беше попораснат и немав потреба од корпа, купив многу практична количка од Gracco, лесна се склопува со една рака, а квалитетна се покажа, ја искористивме максимлно. Сег се мислам за новото бебе дли д купам нова количка со корпа, ке се породам во Септември, или да си терам со старата, сочувана е,ке видам има време, пред да се роди не купувам.
Бидејќи имам една зимска но тешка, најдобро летна. Јас гледав во енци менци една од 4.5кг но сега ја нема . Дали има друго продажно место за Chicco? Буџетот не е важен, само да најдам тоа што ми треба.
Мини ми бејби стор на фб побарај ги, тие имаат производи на чико. Продавницата се наоѓа во Прилеп во склоп на катната гаража.
Летната не е само за на лето може и за зима, тоа се помали колички и се за поголеми деца, не сум сретнала некоја што е 0+. Може и да не ти ни треба, може ќе прооди нема ни да сака количка. Може па ќе спие до големо во количка. Понатака ќе си мислиш за летна. Моето е зимско, уште се вози во таа зимската или травел систем количка, тоа се тие кај што се става на нив, транспортер, корпа и сл. Јас имам 2 во 1, седиште кое се прави корпа и мене ми се виде многу практично. Корпата како дел мислам дека не се користи многу долго, веќе на пролет ќе го возиш подкренато. Транспортер имав што се ставаше на рамот од количката. А и не мора, може било каков, за вадење од болница, за возење во кола. Пример јас транспортер позајмив на почетокот, а си купив поскапо седиште за во кола кое е 0+, тоа ми беше побитно. Се е многу индивидуално и зависи од буџет. Имаш травел системи за 20.000 со корпа, транспортер седиште и имаш само количка 2 во 1 за 30.000. Барај количка со полни гуми, алуминиумски рам, убава стреа, материјал што лесно се чисти и не поти, да се маневрира со една рака.
Јас имам abc design количка веќе 5 години. Прилично е тешка и зафаќа поголем простор во багаж.... откако имам деца возам караван само ради количката За управување не е тешка, има прилагодливи колца со кочници. Супер е издржлива, штофот никаде не попуштил ниту е избледена....е само кожните делови кај рачката горе и напред кај бебето после 3 години активно користење почнаа да се лупат Тоа влијае само од естетски аспект,никако поинаку.
Фала ти многу а дали можам рамот само да го кревам на пример од кола кога ќе го вадам или по скали да го слегувам и каков транспортер имаш за количката.
Да,рамот се вади. Транспортерот беше заедно со количката,комплет беше. Освен како седиште во кола, За транспортерот имав додатоци за да можеш да го склопиш на количката. Вака Спојлер Освен ако нешто не промениле во дизајнот досега....
Ова ќе го пишував. @rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Транспортерот ти е 0+ седиште за во кола. Можеш да земеш и транспортер посебно, посебно количка со корпа ако не планираш да го шеташ во транспортер. А можеш и да позајмиш транспортер за почеток за од овде до онде и да си купиш 0+ седиште поквалитетно кое ќе го користиш до 4 години ко што вика Муцика. Јас ова не го размислив и купив ем скап транспортер (кој на 9 месеци го надрасна), ем скапо седиште. Иначе летна количка не е ништо друго туку компактна количка за патување која не зафаќа простор и обично е за бебиња над 6 месеци (јас би рекла и постари). Без проблем можеш во “зимската” да го возиш цела година.
Сега колку што гледав на baby centar на нет само количка и корпа се продава заедно немаат транспортер има посебно некој транспортер и адаптери за транспортерот вака ок ми се гледа количкава све заедно ида да е 18000 ден со си транспортер и адаптери само ми е страв дан ми е тежок рамот од кола да го ваѓам сама и по скали да го влечкам во стан на втор спрат живеам.
Моментално О ла ла е на попуст во енцименци, пријателка ја купи и можам да кажам дека е супер, квалитетен материјал и издржлива, 4.5кг тежи, на рака не се ни осеќа, плус скроз рамно се спушта за од 0+
Ај ко ќе одам во Скопје ќе ја разгледам и неа и ќе видам колку е тешка и ќе си ја видам на лице место фала многу за одговорите.
Ако си имаш ич не купувај. Јас здмав најобична на joie има опција и за транспортер ама дека имав веќе и не земав. Си ја возев беба. Мислам дека сите имаа модерни 2во 1 3во1 а јас наједноставна. Ама како расте ептен е практична.
не знам, така ми кажаа во самата продавница. првпат сум бремена и навистина немам искуство дали ми го кажаа тоа бидејќи сакаат да ми продадат екстра производ или сепак има некаква врска.
Zdravo mamicki kazete mi dali nekoja ja ima Maxi-Cosi Gia Essential Black i kako ste zadovolni od istata?