Здраво девојки. Читам во темава Cosatto колички имало во продавница Маша и Медо во Скопје, но не можам да ја најдам никако онлине. Работи ли уште продавницава и дали има онлине да се разгледа, ако не каде се наоѓа во Ск?
Колку што знам се наоѓа после железничка кога се оди према Аеродром од лева страна, пред трговскиот Скопјанка. Дали работи уште незнам.
А некоја да не има купувано во скоро време количка Cosatto? Многу ја фалат таа за близнаци што е, во Србија ја има, ама подобро е да може да ја видиме во живо.
Здраво, дали некоја од вас има искуство со FREEON Trio Comfort? Се мислам помеѓу овој бренд и BEBETTO, па секое искуство е добредојдено.
Ние ја земавме , ама уште не ни е користена , чекаме инаку горе доле од free on земавме се од постелнина , релаксатор , количката ... ми изгледаат доста квалитетни
За летните колички слушнав добри коментари, меѓутоа за системиве досега никој не ми спомнал. Купувањево количка испадна потешко од бирање факултет
Така ќе му дојде Незнам мене ми се допадна на изглед ептен , видов неколку бебиња низ маало ги возат во истата , валда е добра Инаку вака генерално од фирмата и јас читав добри коментари
Јас ја имам бебето тито, количката е ТОП! Амортизација одлична, комотна е количката, стабилна. Ги има сите потребни додатоци (мрежа за комарци, за дожд навлака, држач за чашка, торба една што виси на рачката и уште една долу). Рачката за туркање се подесува за висина како ти одговара. Корпата и седиштето се вртат во двата правци (спрема тебе и обтатно). Душекот од корпата се подесува на висини (скорз лежечка и малце подигната кај главчето). Дополнително корпата се затвара целосно па и за зимно време е совршена да можете да шетате и да не се секирате дали ќе задува. И прозорче има за да може да го гледаш бебе иако е затворена корпата. Исто е бајаги комотна корпата. Има место бебето не е стуткано. Спортското седиште исто е одлично може да се затвори целосно. Кога ќе се спушти детето е како во креветче долго е доволно. Материјалот се пере во машина, и е водоотпорен и со ув заштита. Има 2 години гаранција количката. Транспортерот е исто комотен еве синко е за една недела 9 месеци уште го возиме во транспортерот не го надраснал. Има и адаптери за да можеш транспортерот на рамот од количката да го ставиш и да го возиш. Мана е што е тешка самата количка и нас пример не ни ја бере во кола. Па купувавме багажник хаха. Ама се исплати скроз.
Еј супер ова што го пиша, зашто и ние ја нарачавме (сеуште не е стигната) Tito Premium Class (оној новиот модел што има уште подобра амортизација од претходниот и нов рам што е многу полесен, околу 9кг.), а немам сретнато многу да пишуваат за неа и да дадат мислење. Ја земавме 2 во 1, зашто транспортер позајмивме од пријатели. Едино што ме плаши е баш ова што го пиша, дали ќе ја собере во багажник, ние немаме голема кола, ама ако треба ќе се докупи оној багажниот дел што се става одозгора. Инаку мене ми беше најубава од сѐ што гледав во тој ценовен ранг, иако и вака е меѓу поскапите, не е баш евтина, ама елеганцијата на дизајнот ме воодушеви и после не можев да бирам друга.
Истооо кога ја видов се заљубив и џабе гледав други колички знаев дека тито ќе биде. И јас сакав премиум да ја земам ама требаше да се се порача од фабриката и ми беше страв да не не стигне на време па ја зедов оваа. Во рамот беше разликата само. Ајде мама со здравје да ја служите и убави прошетки да имате со бебе.
Ти благодарам на деталниот одговор искрено како дизајн и јас се вљубив на прва во количките, но не гледав често ривјуа, па се загрижив веројатно дека сепак Bebetto ќе биде. Мене ми се допадна Bebetto Luca, но некако има мала корпа долу
Јас ревјуа читав на интернет на странски страни имаше бајаги. За корпата долу не знам дали си ги видела во живо не се така мали како на слика. Мене корпата долу ми е полупразна, ми се нашла многу ама полна не била никогаш, ми е зборот и мала врши работа. Е сега на тито моделот торбата што виси е бајаги голема и за синко се ми бере таму. Како и да е мислам дека нема да згрешиш со Bebetto.
Citam nazad vo temava, HOT Mom edna clenka voopsto ne ja preporacuva (ova pred 4god) a drugi komentari ne najdov. Ako ja ima nekoja mama skoro sto zela neka spodeli info, mene navistina mi se bendisa.
Zdravo mamicki, sto mislite za kolickata locco croco croxx ? I vo bebehome sega sto im se na akcija kolickite graco near2me i safety 1st??
Safety 1st не е лоша, поефтина верзија на макси кози. Мене искрено ми се допадна, матријалот е само малку шушкав и се приметува дека е ефтин, ако добро се изразив. Не е мекан на допир туку шушка, ако тоа не ти пречи количката е сосема ок за цената. Не е голема и гломазна што е уште една предност. Со другата количка немам искуство.