За шетање никогаш не сум користела транспортер. До кола можеш и во раце, но ако сметаш дека ќе ти е потребно транспортер земи си.
Јас имам Joie versatrax од Енци менци. Таа е количка со корпа а дополнително купив транспортер. Презадоволна досега па и седиште за во кола земавме исто од Joie
Можеш и во количка во корпата за да не е во раце. Малку помачно е ама не мора во раце. Ставаш во количка одиш до кола го ставаш во седиште, на доктор вадиш количка и го ставаш во количка. За шетање не ти треба транспортер во корпа му е супер.
Моето искуство е скроз различно , цело време шетаме со корпа ,скоро два месеци сме од втора недела шетаме , и на бебе му е покомотно , си спие раат , во транспортер максимум до два саати смее.
И јас не сум за транспортер многу тесно ми се гледа ама пак за излегување од болница ќе ми треба транспортер на тоа заборавив или ќе позајмам од некој или ќе купам тоа е уште не се имам одлучено за количка ама абц мамба прва ми е на список.
Ако имаш позајми. Ама не знам зошто од болница не би ти дозволиле во количка да го изнезеш па да си го ставиш во седиште.. И тоа е безбедна варијанта реално.
Јас ја земав Maxi Cosi Plaza+, комплет оди количка, корпа и транспортер. Вака ми изгледа многу убава, па ќе ја пробаме да видиме здравје кога ќе се роди бебуш. Инаку транспортерот не е воопшто тесен, кога ќе се роди бебе тоа е толку мало што и транспортерот му е голем
Значи можи така прв пат сум бремена незнам како се изнесуваат бебиња вака што сум гледала со транспортер ги изнесуваат супер ќе ми дојде ако во случај да не најдам транспортер благодарам многу за советот.
Со здравје да си користиш ја гледав на нет и таа количка топ количка си одбрала само искрено многу пари не ми се даваат за количка плус ако се погоди на мене да не сака ич да се вози џабе пари сум фрлила ама ќе размислам уште малу имам време.
Ако имаш од кого да позајмиш најубаво , ние оваа ја земавме и сум супер задоволна ако се мислиш можеш да ја погледнеш https://www.babycenter.mk/freeon-kolicka-3-vo-1-trio-comfort-grayblack-38848-964266.html
Се мислам помеѓу овие две, ако може совет од поискусни https://www.babycenter.mk/freeon-kolicka-3-vo-1-trio-comfort-grayblack-38848-964266.html https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/bebetto-tito-3-in-1
изгледа и двете не се добри, не ни обрнав внимание на гумите , а баш ми се свиѓаат. Препорачајте некоја
@spasovskam И јас сакав да искоментирам тоа. Кога бирате колички внимавајте да не се со гуми на пумпање, бидејќи големи се шансите некој ден да ви пукне во шетање.
Јас ја зедов на Чико Актив 3 во 1, преубава е Не можам за квалитет да кажам зашто бебе тек ке се роди, ама стое ми доста стабилна
Јас ја имам, скоро 2 години ја возам, по песок на плажа, на Водно по камењата, по дупките на улиците и тротоарите, по трева... нема гајле по секаков терен оди.