Ке сакаш ли да ми пуштиш линк од твојата количка, многу ми се допадна. Треба и ние да купиме па уште се мислам која.
Јас исто 3 во 1 од Локо Кроко слична цена, задоволна сум ептен 6 мес ја траскаме сегде https://www.lococroco.com/количка-loco-croco-gizmo-3-во-1
Фала на препораката и оваа ми се допадна, вакви сакам . А лесна е за ракување, склопување, расклопување и дали е гломазна?
Лесно се склопува, има едно копче кај рачката се стиска и се склопува. Нас многу ни е практична, само корпата додаток е малце гломазна ама ние ја искористивме ептен за спиење првите месеци
3 во 1 е корпа, спортско седиште и транспортер. 2 во 1 може да биде мека корпа што се прави во спортско седиште и транспортер или пак корпа и спортско седиште без транспортер.
Здраво женски, Кој има Cybex количка, да ми пишете искуство Ве молам како сте задоволни. Се рамислуваме помеѓу Balio S и Priam.
Девојчиња ве молам за помош , што е подобро да купам 3 во 1 или 2 во 1 ? ми делува дека и двете ги имаат истит функции …
Ние имаме 3 во 1 и сега пак да треба да купувам, пак ќе купам таква. Корпата максимално ја искористивме првите три месеци. И за шетање и за спиење дома.