А јас баш истиот ден кога ѝ одговорив на @VirgoStar добив мејл дека Cybex е на попуст онлајн овде кај нас, па го нарачав Sirona SX2 Да, Joie-то има најдобра оцена, но разликата во цена сега со попустов на нас ни испадна голема и се одлучивме за него, треба и летна количка да купиваме, па моравме да рационализираме со буџетот. Со здравје да си го служите, одличен избор сте направиле. Туку, да прашам, некоја да ја има летната количка ONE на BBes да сподели искуство?
Со здравје и виИе да го користите cybexot да шетате на убави дестинации па да споделиш импресии. јас уште не сум решила кое
На сестра ми воопшто не и се погоди на Чико количката. Крцкаше целата, лошо возење, дури и гума дупнаа и секако дека немаше во мк резерва
Ве молам за искусто сакам да земам летна количка да ми предложите незнам каква да земам некоја практична.
Лани тргнавме по макси кози диза да ја купиме, ја немаше во бебехоум (ја немаа на лагер, не знаеле дали ќе имаат), ни ја понудија Моми стролер, ја земавме, година дена ја возиме, многу ја сакам, лесна, стабилна... До сега сме немале никаков проблем. https://bebehome.mk/product/momi-ofra-black/
Искуства со Kiddo jazz од Bebehome, конкретно овој модел. Некако ептен ми фати око и лесна е за управување
Јас ја порачав оваа сега е на попуст,барав нешто баш вака не многу скапо.Ми стигна и можам да ти кажам дека е преубава,лесна и практична https://lococroco.com/количка-kikka-boo-beetle-2
Дали ја има некој оваа количка? https://www.encimenci.com.mk/catalo...3-gray-mist-0m-chicco-797337200/category/267/ Ќе ни треба помала за летово, и неколку авионски патувања имаме и за со кола стандардната ќе ни фаќа многу место, па гледам опции и за летна бидејќи сме со помала кола. Во буџет до кај 8000 денари баш.
Со овој модел конкретно не. Јас имам постар модел на кидо џук од пред 6 години. Возена, пакувана, распакувана, шетана со првото дете, еве сега ја возиме и со второто и за квалитет немам замерка. И за управување ептен лесна, со една рака се маневрира без проблем. Корпата е солидна големина и бидејќи е висока количката може да се товари . Само малку е гломазна и нас ни фаќаше цел гепек. И уште една мана тој модел што јас го имам не се вадеа навлаките за перење, само од транспортерот се вадеше (нашиот модел е 3 во 1).
И јас сеуште барам летна количка. Оваа ја гледав, но не се одлучив за неа. Во живо, просторот за седење / лежење ми беше мал и тендата за сенка исто. Затварањето на количката е автоматско, но на таа опција има 1 година гаранција. Прикажаната во енцименци ми неше расклатена. Добра страна, прелесна е за носење, но јас не се одлучив за неа.
Ние имаме макси кози зелиа и сум задоволна. Транспортерот ни е максимално искористен, корпата не баш зошто кога се роди ја шетав во транспортер, некако по ушушкана ми беше и после не ја ни сакаше корпата зошто се ја интересира и сака се да види. Добро е што сега ќе ја искористиме за седење, откако ке дозволи ортопед. Друга работа, ако те убедуваат дека ќе можеш сама да ја ракуваш воопшто не се лажи. Дете во една рака, количка во друга е невозможно, барем за мене. Ние живееме во мала зграда без лифт и јас не можам да ја симнам по скали сама, тоа е единствена мана. Лесна е за одржување, матријалот добро се чисти. Споредено со таа на сестра ми, нашата се движи многу поубаво, не закочува, нема проблем никаков со тркалата, едноставно мн лесно се бутка.. Се на се сум задоволна.
Дали некој ја има https://www.cybex-online.com/en/ca/p/ST_GO_Libelle_1_US.html Сакам убава летна количка, лесна за склопување и да на не ми крца.
Една кратка рецензија за Чико трио бест френд. Во глобала задоволна, корпата максимално искористена. Замерка имам за седиштето што е за 6+. Прво има големи дупки со мрежа од страна, па морав да му ставам ќебенце одоздола за да не му шиба ветер. Второ баш е грда на изглед кога ќе се спушти целосно, а не се ни исправа скроз за да седи исправено. Навлаката што е правилно за корпата скоро е невозможно да ја наместиш на овој дел, цела е смкната. Рачките и тоа напред што е за д се држи бебуш е од некој глуп скај што веднаш го изгриза, а кога е склопена се потпира на рачките па лесно се оштетува. Во однос на лесна за возење, генерално лесна за носење и склопување немам замерка. Ама да ги знаев овие замерки претходно за седиштето, немаше да ја купам искрено. А дека пак би купила во 3 дела мислам да.
Мајки препорака за убава летна количка? Макси кози ништо нема на залиха. Гледав во крш има еден мал милион и разни марки и модели. Буџетот е околу 13000 денари. Битно ми е лесно да се склопува и да не е тешка.