Добра и многу лесна за склопување на chicco goody plus, беше на попуст во енци менци околу 13.000ден.
Девојки, се збркав од модели и марки на колички. Па и што гуглам периодов, на фб само колички ми излегуваат според алгоритми чуда. Ниедна не ми е во рамките на потребите. Имам транспортер, имам торбичка т.е. ранец, ми треба само корпа за новороденче и оној дел за седење. Ако имате некоја таква да ми препорачате, само со тие два дела, многу ќе сте ми од помош.
Ја имам конкретно оваа. Количката е одлична, многу лесно се управува и со една рака, лесно се склопува, има заштитна торба да ја затвориш да не фаќа прашина, рачка на извлекување да се влече како куфер, вградена заштита од студ плус прекривка за дожд и комарци значи топ е стварно. Единствена маана што ме нервира е спуштањето во лежечка позиција, малку е непрактично. Има една како штипка и со неа се собира ременот за да се крене или спушти. Мораш да ја видиш за да знаеш за што ти зборам, ако не ти е проблем тоа, ја препорачувам. Може дека јас ја користам за бебево од 4 месеци, па затоа ми е непрактично, поголемо дете е веќе цврсто и може нема да е проблем.
@DaisyDoo Треба да бараш модел 2 во 1. Цените се движат од 200 па до повеќе од 1000€, зависно од марката. Изборот зависи од тоа со колкав буџет располагате, брендови има куп. Рачунај дека ако сакаш транспортерот да можеш да го ставаш на количката, дополнително ќе треба да купите и адаптери. Јас ја имам оваа, количката е екстра, единствено што е гломазна и зафаќа цел багажник, па бидејќи ни е во план почесто да патуваме, нарачавме дополнително и летна количка. Имавме докупено и адаптери бидејќи транспортерот беше Maxi cosi. Не е евтина, тоа беше максимум на буџет што го имавме, да можев да си дозволам повеќе, би земала Cybex или Nuna.
Имам назад пишувано за зелиата, мене ми се погоди. Транспортер имав макси кози позјамено, кратко го користев, најчесто за во кола. Корпата си ја искористив максимално, поготово за зимско бебе. Мана на количкава е што е „мала“, додуша и ќерка ми е повисока ама сепак. Значи веќе од година негде, па ако не и порано, кога е седната нозете почнаа да и илегуваат надвор од рамот, фактички потпрени на рамот, а така може до искривување на нозете да дојде. Ај зимово не се шетавме многу, ама сега сум на мисла дали да баталам количка или да купувам летна, за долги возења веќе не е во нејзе. Во однос на квалитет, издржливост, немам збор, тоа стреата што се спушта до доле е идеална, корпата доле цело пазарче ми го собира. @DaisyDoo ако имаш транспортер види со која количка ти е компатибилен па земи си таква. Инаку еве Зелиа-та на макси кози е 2 во 1, се прави и корпа и седиште од 1 дел. И јас имав транспортер па земав само количка.
Некој од тука ги фалеше Anex количките, мислам дека е @Bubish26 (ако не е таа нека ми извини што ја тагнав). Мислам дека тие колички се како корпа па се прават седиште подоцна. Јас имам Макси кози Плаза+. Таа одеше транспортер, корпа и спортско седиште ама некој рече дека веќе не е вклучен транспортерот во понудата. Јас сум многу задоволна, па ако сакаш види ја и неа.
Ова клучново "2 во 1" не го знаев. Не знаев како да пребарам чисто цените да ги видам со само тие два елементи. Фала ти многу, еве баш сега прогуглав и веќе имам некоја претстава. Максимум до кај 20 000 имам планиран буџет, а гледам и има солиден избор до таа цена. Значи иако транспортерот што го имам, не ми е оригиналниот од количката што ќе ја земам, сепак можам да го користам на количката со соодветни адаптери? Ако е така, супер е тоа.
Да, или да купите од старт количка што е компатибилна со тој транспортер што го имате, ама така ви се стеснува изборот на модели. Адаптерите не се скапи, околу 20-30€ се.
Епа ова со адаптериве ми звучи најдомаќински. Фала ви мајки со стаж @Iris-1234 @Mucika @ladystardust @Mandela, сега веќе имам некаква starting point, инаку изгубена бев, а време се ближи.
@DaisyDoo даа, јас ја имам анекс и ствармо сум презадоволна, ептен се стабилни колички и не е мрдната 3 години како нова е. Во Анекс не е вклучен транспортер, само корпа за новороденче и седиштето, како посебен дел се рачуна транспортерот и се доплаќа,е сега не знам како е со адаптерите за од друга фирма транспортер.. мене ми стасаа во пакетот адаптери плус ама не знам дали се универзални.
Здраво мами, дали некоја има искуство со количкава ептен ми се допадна https://www.lococroco.com/количка-kikka-boo-gianni-3-во-1
Da, jas kupiv kolicka chipolino, odese so transporterce i golema korpa, voopsto ne sum zadovolna,na izgled e preubava golema, ima golema korpa za stavanje raboti,no ic ne mi se pogodi 10 pati dali ja vozev i pocna da krcka, skeletot na kolickata da se nisha,kolcata mnogu tesko vrtea(non stop gi podmackuvav so sprej) A iskreno ne bese ni preeftina, okolu 20.000 den. Kvalitet nula.
Здраво, дали некој ја има летната количка cybex libelle, да сподели искуство? Или некој друг сличен модел на компактна летна количка, погодна за патувања?
Јас ги гледав и се мислев помеѓу cybex libelle и chicco goody plus, ја земав chicco goody plus иста цена се chicco полесна ми беше за склопување и тоа што е за лежечка положба нема на cybex libelle.
Да се надоврзам за чиполино, имаме и ние, 3 во 1, модел Пирует, купена околу 19 илјади на попуст. Не сум нешто најнајзадоволна но маста и ја вадиме секој ден. Недостатоци се што тресе многу и онаа големана корпа што е до 6 месеци одоздола се прицврстува со нитни што едвај се закопчуваат. Ќе видиме како ќе биде со летната.