Јас ја земав Maxi Cosi Diza, исто задоволна сум топ е, 4кг пердув ама не знам околу делот на трескање колку ќе издржи, ние на рамно ја возиме обично. За до 22кг би ти ја препорачала MaxiCosi Leona или Lara2, евентуално на Chicco Goody, тие ми се виделе ко поцврсти вака. Околу компакност, склопување и материјали се сите топ.
@Снегулк@23 Мој предлог за летна количка е Lorelli. Ја купивме од бејби центар околу 10 000. Многу повеќе ми се допаѓаше на изглед количката што ја сподели @Srcka28 и отидовме специјално за таа да ја купиме ама се премислив на лице место. Ова на Лорели е полесна, се склопува како куферче и има рачка која се извлекува и се влече/ вози куферчето, прејако и препрактично, што не беше случај со таа на фри он, таа на рамо се става има како каишка или во рака се носи крената. Иако на изглед е далеку поубава ама за лепота ја имаме макси кози извозена само 2 пати. Јас оваа количка ја симнувам сама од 2ри, количката во една рака, бебе во друга. Тоа ми беше најбитно овој пат и занемарив изглед, иако не е воопшто лоша на изглед , само има далеку поубави. Исто многу лесно се расклопува, со една рака, што исто ми беше битно зошто нема каде/ во што да го оставам бебе за да ја расклопам кога искачаме. Ја препорачувам. Јас се препородив откако ја купивме, претходно не сакаше да се вози во количка. Имам и искуство од сестра ми, ја имаат истата и нема да мрдне, скоро па две год како ја користат и каде не е носена, фрлана по аеродроми, оф роад, плажи и слично.
https://www.bubamaraigracki.mk/bebe.../kolichka-quad-jungle-3?sort=rating&order=ASC дали ја видел некој во живо или да ја има, вака ок ми изгледа
https://chipolino.com/bg/product/3332-baby-stroller-easy-go Како сте задоволни од оваа фирма и дали имате инфо дали во бугарија се поефтини
Девојки дали некоја ја има количкава (Free on Trio Comfort) ? И дали сте задоволни? Многу ми се допаѓа бидејќи има гумени тркала . Нејќам количка со пластични , бидејќи во мојот град ќе биде уништена уште првиот месец.
Предлог за лесна количка, првенствено практична за во авион? Потоа битно ми е да е за поголема килажа, да има убава стреа и седиште што се навалува.
Мајки, искуство и мислење за количкава? Ова 0+ нели е за новороденче па натаму? Ме буни пошо не гледам дел за лежење, само седечки дел е.
Да 0+ летна количка, ми се чини до 14кг. Многу е лесна и компактна, околу 4 кг е и лесно ептен се склопува. Од друга страна па е малечка, нозете на моето бебе му штрчеа напред, а инаку се спушта и за лежење. Некако мене ми изгледаше многу лита с и бебево ми е скоро 9/10 кила на 7 месеци а оваа е до 14, затоа не ја земав инаку е топ.
Јас во моментов користам постар модел од количката и според мене е супер. Моево е трето дете што ќе се вози и количката е одлична. Освен зошто е црна таа јас што ја користам, малку бојата е малку на делови оштетена, ама веќе изнарачав работи за да ја дотерам. Прелесна е, се склопува и расклопува со една рака. И за разлика од повеќето летни (особено оние чадор систем) каде рачките се разделени, овде се споени. Јас секогаш навивам за споена рачка заради полесна манипулација со една рака. Ова од искуство зошто за првото дете имав на заем летна од мадркер, ама со разделени рачки и беше потешка физички и потешка за манипулација. Инаку нема посебен дел, ако на тоа мислиш дека не го гледаш 0+, туку самиот наслон се спушта скоро до хоризонтала(има минимален наклон). Овој модел гледам е подобар зошто и стреата му ја продолжиле(кај мојата е за цел дел покуса). Се на се од мене има позитивно искуство и мислам дека за цената е одлична. Само јас ако би бирала никогаш не би купила црна.
Најмали се pockit и libelle ама ниедна не се спушта во лежечка, овие и во wizz мислам дека можеш да си ги качиш како рачен багаж толку се мали. Другите компактни (летни) колички сите имаат слични склопувања и во поголеми авиокомпании може да влезат и во кабински багаж, ама сепак тоа треба да се провери. Ми се врти во странство беше, првиве 3 цело време ги среќавам како најдобар избор по нет, па таму ги имате сигурно, кај нас ги нема. Димензииве се на склопена количка, сите се до 22кг, со лежечка позиција, е стреата кај некои не е најголема. Овие ги нема кај нас. (не сум сигурна за аер+ не проверив) Yoyo2 44x18x52 6.6kg Joolz aer+ 45x23x53 6kg (таа без + не се спушта) Baby jogger city tour2 49.5x15x59.5 6.5kg Овие ги има кај нас: GB Qbit+ all city 42x27x58 7.5kg Chicco Goody+ 46.5x25x56 6.9kg Cybex Orfeo 48x15x53 6.3kg Foppapedretti Ciao 46x20x53 5.6kg Maxi cosi Lara2 50x26x51 6.4 kg Да можев можда joolz aer+ или babyjogger ќе ја земев, yoyo2 е некако солена. Orfeo мн е мала и лесна ама не ми беше во буџет и нема бампер. Ciao е исто интересна малечка и лесна се мислев за нејзе ама на крај за чикото се одлучив, т.е. маж ми пресече. Ако имаш поголем буџет мислам да бираш од првите 3.
Цел ден ги вртам овие што ги пиша и куп други. Имам топ количка, огромна е каква што сакав, и супер ме служи со второ дете, ама не е за во авион. Јојо ми излага цело време на фб реклама и ги обожавам сите модели. Ама прескапа ми е за втора количка, а едно бебе. Да требаше одново да бирам би зела токму некој јојо модел ама сега не. Имам аверзија кон колички со мали тркалца, особено оние што имаат по две, ме асоцира одма на количката играчка од ќерка ми. Дали случајно ја има Hauck во Македонија, ме интересира искуство? Конкретно Hauck Buggy Rapid 4D? https://www.babyartikel.de/prod/hau...-25-kg-xl-verdeck-all-terrain-bereifung-black Или има некој во странство што ја користи? До 25 кила е, вака на изглед не ме бендисува баш, ама има солидни карактеристики. Само што не можам да ја видам во живо, ќе треба онлајн да ја нарачувам па ако ја има некој да сподели искуство би било супер.
Каква количка имаш што мислиш дека не е за во авион, можда нема да е со тебе ама ќе биде преземена пред да влезеш во авион. Ако ти е баш само за во авион тогаш види и на старо дали ќе најдеш од јојото ако таа ти се свиѓа, сметам дека е квалитетна изработка од тоа што читав, а не да се раздрнка. Не се навраќам пак да гледам тркала, завршив јас работа . Ако мислиш на дупли, овие се сите со единечни и мене ми се чудни тие со 8, не сфаќам каква улога имаат, некои викаат дека се за понерамни терени, некои дека баш па на понерамни терени место 1, 2 тркала ти се заглавуваат и затоа ги одбегнував. Ама да, компактните претежно се со мали гуми за да фаќаат помалку простор. Хаук нема кај нас, вака ми личи прилично голема и тешка, не верувам дека може во авион со тебе да влезе. Мојата зимска количка што ја користев и сега ја сменив е скоро иста големина и тежина од оваа на линкот, ми стана непрактична.
Ќе сакаш кратко да елаборираш оти ваков вид на количка ти стана непрактична? Да знам што пропуштам при анализата. Мојата количка е на Бело Бејбис. Не се познати кај нас, наменети се за западно европски пазар. Ја нарачував од Англија и ја чекав преку цел континент во Грција. Прво дете и многу неразумни потези. Не се жалам, количката е топ. Се што ми беше битно и како имав замислено. Голема и комфортна е како што сакав со предобри амортизери и лонг стори шорт, она што не го предвидов е тоа што со второ дете тоа значи второ седиште во кола и помалку простор за количката. Значи огромна е. Делот за седење воопшто не се собира, тоа значи мора да се извади од металната рамка. Рамот се собира, ама е голем, при тоа тркалата се огромни, се вадат сите 4 но и не мора. Од оваа перспектива сега ми е тешка за пренесување дури и со кола. Со едно дете, седиштето од количката стоеше на задно седиште или ако јас седев назад стоеше на предно седиште. Сега со две деца ми е тешко да се соберам. Плус додај куфер, торбици и сл. За во авион исто. Ајде рамот се собира, меѓутоа делот за седење не, а е огромен и фаќа простор, плус со две деца повеќе торбици. Затоа ми се чини полесно ќе биде со количка што се собира во еден дел целосно.