Овие на сликава се да поголемо бебе шо седи, не се за новороденче. Барем јас не гледам ни корпа ни транспортер.
Zdravo ve molam ako moze preporaka za letno-zimna kolichka lesno da se sklopuva,da e lesna za upravuvanje i da ne zafakja mnogu prostor vo bagazot
Здраво, дали некоја има Chicco Trio Best Friend Pro количка? Ме интересира како ја чистите, бидејќи забележав дека не се вади материјалот (или барем така мислам), па лошо изгледа вака исфлекана .
А јас па обратно, големата количка не ја давам за ништо живо. 30 лета има точно поминато, сега второво ја користи, таа малата, партал ми ја пуштија на лента после 4ти лет, а оваа ни гребнатина. Јест да зафаќа место, јест да е тешка ама е цврста и удобна. @SunnyGirl2 според мене треба да е квалитетна, цврста, лесно да се управува и да е удобна. Треба да земеш во обзир дали често ја ставате во кола и колку простот ви зафаќа, ако немате голем гепек тоа ќе е проблем, дали често сама мораш да ја склопиш и расклопиш, јас пример ете едино ја склопувам на аеродром, така ми седи цело време одпуштна и немам проблем со кревање за тоа. Како што кажав првптп количката ја користеше 3 години секојдневно возење и толку многу поминато летови, сега второво ја користи како нова е, да беше некоја полита, досега ќе ја преплатев. А таа за патовање шо ми беше као заврши в канта. Ее сегаа таа не ја купивме скапо де ама пак не издржа ич.
Девојки прва бременост па да споделите што да гледаме додека бираме количка. До колку кг, подобро е до 22кг? До 36 месеци (3год)? Приметив кај една беше 3во 1 материјалот никаков , транспортер тенка постава(сунѓер) како директ на пластиката да го ставаш да лежи а поскапа додека кај една 2во 1 ем поефтина и вложено во материјал и подобро изгледаше. Збунета сум и престанав со гледање веќе. Сватив дека треба да е лесна и да се склопува лесно, да не зафаќа мн простор. Но и ме буни моментот дали ми е потребна количка 3во 1 со корпа,седиште,транспортер или океј ми е и 2во 1 со седиште што се прави како корпа и плус транспортер ?? со оглед на тоа што терминот ми е ноември значи зимско бебе не знам дали корпата воопшто би ми користела, пример ладно загадено не знаеме каква зима доаѓа а и општо за кратки прошетки транспортерот нели врши работа.. Друго не знам што да прашам упатете ме
Моите и двете се зимски деца и корпата ја искористија максимално. Надвор за шетање, а дома денските дремки ги спиеја таму на почеток. Ладното не е проблем за шетање, плус во корпа е позаштитено од тие 2 во 1. Јас кога барав гледав лесно да се управува, со гуми што не се на пумпање бидејќи со нашите улици и тротоари чести се случаите со дупнати гуми.
Ке сакаш како поискусна да ѕирнеш? https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/coccolle/coccolle-amani-3-in-1-antracite https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/coccolle/coccolle-melora-3-in-1-diamond-black Дали се океј? Кај двете седиштето се прави во корпа Или да барам да има и посебно корпа?
Овие јас ги знам како 2 во 1, каде што корпата се претвора во спортско седиште. Каква и да одбереш, најдобро е да пробаш како се движи и секако според тоа дали имаш каде да ја чуваш и колку место ќе ти зафаќа во багажник. Јас пред да купам ,сакав сосема друга количка, но кога ја пробав во живо многу беше тешка за возење. Таа што ја купив не е многу лична, но лесно се движи по секаков терен што за мене беше многу битно.
Исто види дали спортското седиште се собира, превиткува. Колку што гледам на сликите се собира, сепак провери. Ние направивме грешка со седиште што воопшто не се превиткува и огромно. Рамката се собира на мало, седиштето не, па мора да раскопуваме. И седиштето, транспортерот и рамката мислам цела кола ја зафаќаат. Помала кола и мал багажникот е, така да едвај тројцата со плус количка не собира.
За ова во право си обично тие што се прават од корпа за спиење во спортско кога ќе ги склопиш ќе ја собере во туле само нејзе и ништо друго. Затоа и ги мразам а летната на фри он чадор систем топ ни се погоди и највеќе седеше во нејзе и убаво се спушташе за спиење.
Јас бев вака изгубена на крај си купив 3во1, со транспортерот од болница само го земавме, 9 дена има бебе, во корпата од прв ден спие надвор и сабајле дремката и навечер.
Zdravo Dali ima nekoj iskustvo so kolichki na Kidilo da spodeli? Vo potraga sme po letna kolichka so pristapna cena, sekoe mislenje e dobredojdeno blagodaram odnapred