Фала ти мама ќе погледнам. Со чадорче може да се реши таа мана, не е страшно. Убавои прошетки да си има бебе
Од Али експрес нарачај си. Јас имам вакви, држач од бебе супермаркет мислам беше кај сити мол @Sofi.ja зошто покривот? Коа ќе се откопча патентот, до долу ја покрива дури @Nala37 имаш патент на покривот, откопчај го и ќе видиш Старите о ла ла колички немаат патент, пократок беше покривот
Фала мама. Зборевме за Либрото дека има краток покрив, за Чико го видов патентот, супер е . Корпата ми е мала ама, дури и нежна ми изгледа, не знам што би ставала во нејзе. А научена сум со Гракото да ја полнам многу, пример од пазарење. Со чикото ќе морам закачалки да земам.
Здраво, се мислиме за оваа количка, дали сте задоволни вака први впчатоци, дали е лесна за склопување ?
Јас идам да ти кажам фала. Да не те прочитав немаше да знам дека постои маркава. Ја купивме ние вита хопе. Презадоволна до сега! Баш дека живееме покрај парк и има како терени со земја, ко измислена е за мене. Возење со еден прст, собирање со една рака, а пространа. Перфекна за мене. Уште малово да сака и кога е будна да се вози, мислам дома нема да се приберам. Ама пусто, морам да ја заспијам, па да ја легнам во корпата и тогаш и 2-3 саати знае да откачи во дремка, а мајка и да пие кафе и пиво во парк . Или па ручек некој пат. Ништо не и смета поради перфекната амортизација. Се надевам бар ко ќе попорасне ќе го ужива спортското седиште, оти околинава ми е створена за шетање. Со адаптери ми се фаќа и макси кози корпата, така да ептен ми е искористена. Башка Аахен прв град ми беше. РВТХ универзитетот се партнери во дизајн. Однос цена и квалитет неспоредливи со никоја друга марка. И јас сум воодушевена
Еден потег ама две раце? Или јас нешто погрешно правам. Зборам за склопување. За отварање е едно раче @Shaya лесна е многу за маневрирање, со една рака комотно може да се бутка. Лесно се склопува и отвара, мада склопувањето не успевам со една рака, ќе пише Ели дали грешам. Прелесна е, со една рака се крева,бебе ужива во нејзе комотна ми делува за сега. Позитивни први впечатоци, но по тоа што читав и се распрашував мислам дека нема да зажалам што ја земав. Само пофални зборови има за истата. И познаничка работи во Енци Менци ми рече дека немала до сега рекламации за Олала.
Дали има некој купено летна количка од пики? Дали се добри?јас и мм сме доста високи па оние ептен мали колички не ми одговараат, сега имам бебетто количка ама цел гепек го зафаќа и барам летна помала, таа сива горе во средина ми се свиѓа. Мислење и за оваа количка од енци менци, дали некој ја има?
Препорака за летна количка со покривка која ке може да се користи цела година, до 12.000 ?? Имаме Bexa Ideal ама не сака да седи баш во неа.
Ne ja zemavme, dur se mislev koja, kako shto - drugarka mi podari koristena od nejzinoto detence se nadevam nekoja chlenka ke spodeli mislenje za Kidilo*
Мамички размислувам за летна количка до 22кг, ама да не е тешка за склопување т.е да можам да ја носам и сама Предлог за некоја што ја имате користено?
Дали некој има искуство со оваа количка kindeekraft xmoov од либерта бебе центар? И дали вооопто од таму сте задоволни од количките?
Луѓе здраво, имам количка oxy jungle (слики во прилог), ама количката е без транспортер. Би замолила ако некој има транспортер што одговара на оваа количка и му е за продавање да ме исконтактира. Или ако знаете кај по продавниците може да најдам транспортер за оваа количка.. Количката е од пред некоја година и е купена без транспортер, а сега за бебе ми треба.
Ние на фри он имаме земено од беебе центар една жолта е 4000 денари. Жими во оваа што се возеше во таа зимската ич не сакаше да се вози носа гланц ми остана само кенгурот ми вршеше тогаш работа.
Здраво да прашам дали новите количка и душек за креветчето ги носите на хемиско ? Или вадите тоа што се вади од количката и си перете дома ?