Девојки од која количка сте најзадоволни? Сакам да е 3во1, зимско бебче ќе биде, па до кај 24.000 дали се наоѓа квалитетна количка? Ги гледав Hot mom на hellobaby и ептен ни се допаднаа ама на акција се 33.000 плус ми рекоа наводно оној тврдиот дел што е доле за седење на бебо кога ќе потпорасне ќе го убивал на ноџињата и затоа да не бил пластичен туку мек дел доле. Мислење?
Затоа што ја имам истата количка и ќе ти кажам едно големо НЕ. Кога гледав за првото бебе гледав да биде фенси, убава, но количкава не е воопшто практична затоа што цел багажник го фаќа па ако треба куфер да ставиш нешто нема шанса. Купив друга количка за патување ерго бејби метро плус презадоволна сум лесна. Сега за второто само корпата ќе ја користам некој период од оваа количка и после ја фрлам.
Ти благодарам ете ќе се залетав за џабе, не знам што да барам прво детенце ми е и не знам што е важно да гледам кога ќе отидам во продавница. дали можеби некој го има овој комплет? https://m.facebook.com/story.php?st...NRb3SuCpAl&id=100064473325272&mibextid=hubsqH
Мајка, еве мое искуство..јас бев залетана за Maxi Cosi, бевме во продавница да ги видиме сите модели..не ми се допадна што се слаби на избор со бои и што се прегломазни, тешки. Одма се откажав од нив. Си земавме ваква, лесничка, нежна со бојата, 3 во 1 е, не зафаќа простор во багажник, а нас тоа ни беше битно. Е сега повеќе од 24.000 е како што бараш, некаде 35.900 така нешто ја земавме.
Јас лани се породив во Септември, купив количка бебетто 3 во 1 и ја искростив ептен, посебно корпата. Заштитено бебе да си го шеташ и да не му мислиш дали го дува или е е ладно.Тие колички се гломазни и се поскапи ама има зошто, квалитетот си го плаќаш. Јас во корпата бев заљубена ептен, и дома ја користев за спиење и за шетање. Транспортерот како седиште во кола.Е сега кога стигнавме до спортското седиште бебе веќе не сака да се вози во неа, сака во точак оние на туркање и веке така ми стои. По мене совет да си купиш ваква количка користена сочувана за многу помалку пари одколку нова зашто реално кратко време се користат.
Јас имам количка BBO NEO 3in1 18.000 ја земав од Gencbebe Тетово, нема торбица со неа па купив ранец од истото место. 3 дела има, корпа за новороденче до 9кг. Транспортер до 13кг. И седиштето за кога ке може да седи бебо, кое се спушта рамно за спиење, оди на 45° и 90° за седење. Сега засега ги користам корпата и транспортерот, за овие 2ипол месеци супер се покажаа, ја возевме по песок, по камења не е мрдната и што е најважно не зафаќа многу простор. Разгледај си.
Bas denes gledav i jas devojki da se nadovrzam so muabetov. Glata haos, ne znam so kolku dela da ja zemam. Gledav maxi cosi street ama transporterot ne me bendisa pa ja gledav so korpa plus da zemam sediste za vkola od 0. Pa ja gledav na cybex lux mislam bese pre pre ubava ama nekako mn skapa skoro 40.000. I jas haos sum. Inace @Fenix05 taa od hot mom mislam ako deteto podporasne ke mu smeta toj del kaj nozete. A inace bb neo taka ness gi vidov vo zivo ubavi samo ne znam kolku se izdrzlivi a vaka mn prakticni. I od joie se ubavi so 3 dela.
Ние имаме кабрио фикс, и друга макси кози, слична. Пред 4г е купена количката не се продава веќе. Транспортерот, еве 3то дете се вози, не е мрднат, супер е и за кола и за возење во количка. Со скафандер во зима го возев големиот сега и ова бебе така. Па здравје од март ќе оди кај 4то бебе на користење Количките скоро сите се убави, лесни се и практични. Оваа количка ја има другарка, во цитроен ц3 им ја собира без проблем
За сите заинтересирани за Maxi Cosi Zelia³, јас продавам нова неотпакувана по поволна цена, купена од Bebehome
Здраво, постаро мислење ама таман. Како сте задоволни од количката? Ја гледав кика боо чери 3во1 ми личеше лесна квалитетна на акција е до 15.11 па не знам дали вреди да се земе ?