Ne ne, kaza deka nikako ne smee da se vozi za prosetki vo trasporter samo za vo kola I na sekoj DVa casa da I'ma pauzi od polovina cas...
Моето се роди во мај, од старт немавме никаков проблем со корпата. Во неа го шетав до 6 месеци точно. Ќе го шетав уште во неа да не му стануваше веќе тесна. Ама јас излегов со количка од дома на негови три дена, и секој ден наголемував време поминато надвор. Транспортерот ни беше само за во кола, никогаш не го ставивме на количка. Мене искрено не ми изгледа воопшто удобно седењето во транспортер, посебно за толку мало дете, посебно па на лето. И во право е докторката, се вика транспортер со причина.
Ете кај вас немало проблем кај мене имаше иако го изнесов ппсле недела и пол надвор, кога лежеше во количка мафташе со рацете и се расплакуваше, додека со транспортерот му беше супер најверојатно по тесно и посигурно се осеќаше.
Секое дете си е приказна за себе. Ама дека никако не смее да се вози во транспотер тогаш нема да смее ни во кола да се стави, препораките се максимум 2 часа со пауза после тоа. Што јас сега ако го ставам во корпа разбуден прета и не сака да седи, за 5 мин ке морам да го носам во раце и да гурам количка за шетање, а зошто кога можам во транспортер 1 час да подишеме чист воздух и он прошетан и задоволен и јас.
Мојот транспортер со 2 деца потполно неискористен остана, пробав летото ко се роди ама некако ко неудобно ми гледаше, како стуткан беше, па одма во корпа почнав, сега е скоро кнап и во корпата, ја потполни и неа ама уште лежи за шетање во неа. Можи и до транспортот е. Оваа ја имам јас. Презадоволна од количката посебно летен дел, максимално искористен дп 2 и пол години со првото, ама транспортерит како мал е.
Па да, препораките се максимум 2 часа, при патување, или инцидентно ете, се дешава некогаш. Ама никаде не пишува дека може и треба да се користи секој ден. А верувај дека брзо станува навика, секако дека позгодно е и за тебе да носиш само транспортер отколку транспортер + корпа, а со тек на време и бебе се навикнува и ете проблем. И ова што го читам во темава е друго. Се купуваат колички без корпа, бидејќи корпата била гломазна и не ја собирало во гепек? Или продавачката кажала дека нема потреба од корпа, може слободно да се шета и во транспортер? Мислам секој како што си мисли, ете има доктори, колку се вреднува нивното мислење на темава, не сум баш сигурна.
Искрено корпатата што е само корпа е бескорисна. Секако 2 во 1 количките имаат корпа што понатака се трансформира за седење и е најискористена работа што може да постои. Еве кога ќе биде поголемо 6 месеци пример или 7 ќе сака да стане со корпата само како ќе го седнеш? А вака со оваа корпа 2 во 1 ќе си ја трансофмираш и дете сака да седи сака да спие се може.
Каков било систем што овозможува лежење на рамна површина е добар. Ама познавам луѓе што скокаа скроз такви додатоци, земаа спортско и транспортер? Не ми беше сфатливо ама ај.
Нас баш ни се најде корпата. Максимално ја искористивме. Земавме 3 во 1 систем. Транспортерот го користевме генерално само за во кола, во ретки ситуации на количка. Во корпата се возеше од раѓање до 6 месец. После се префрливме на спортското и сега тоа го користиме. Транспортерот уште малку сакам да го сменам со седиште соодветно за неа за во кола. Ич не го сакам. Ја поти, утуткана е, никогаш не и беше нешто пријатно во него. Кога беше бебе дома во гнездо си ја ставав.
Фала ви на сите за споделените искуства! Сепак се решивме и земавме количка 3 во 1, па здравје ќе видиме како ќе биде.
Мене ми е корпата максимално искористена, дури жал ми е што гледам дека уште малку нема да го собира, ама па предност што ке го користиме третиот дел па нема да мкнеме секаде и корпа со нас, а седиште ке ставиме фиксно во кола. Јас сум за корпа и на сите би им препорачала 3во1 количка. Обично и темпирам да шетаме кога му е време за дремка повеќе ми спие надвор ама ете се дешава 2 од 7 дена во неделата да биде буден и тогаш го ставам во транспортер. Според мене не е ништо страшно тоа ама според мене, не размислуваме сите исто. Почитувам сечие мислење, може и грешам со ова не знам
Мислам дека не сте згрешиле. Јас непланирано земав 3 во 1, планирав 2 во 1 зашто блиски ми кажаа дека не е потребна корпата. Ја искористивме максимално. Буквално како портабл креветче ни беше докај 5 ипол месеци (до тогаш го собираше). За дневни дремки и прошетки. Во транспортер го ставав само кога мораше - во кола. Како и да е, со здравје да си ја користите
Еве јас сум една од тие што не зеде корпа, инвестирав во добар транспортер (ради безбедност во сообраќај пред сѐ) и спортско седиште. И воопшто не згрешив бидејќи син ми многу не обичаше да не биде во контакт со мајка му првата година, па почна да се вози во количка подалеку од пред зграда дури после роденденот. Иначе нема збор дека е 100 пати поарно шетање во корпа ако веќе бебето сака да се вози, па спие во количка, излезени цел ден, ама ако е ко моево џабе фрлени пари. Да имав потреба од корпа сигурно ќе купев отпосле. Правило е дека нема правило.
Еве јас скокнав. Првото беше до 7м во транспортер, ова исто така ќе биде. И јас мислам дека апсолутно нема потреба од корпа.
Да не требало, не ќе ја измислеа. Прво корпата, па транспортерот…ама секој со неговото на крај на денот.
Nie donsega sme vo transporter duri i so zapivanje nadvor. Nekogas i 4 saati bil u transporter. Korpata iskoristena ssamo za doma koga nemozam da ja uspijam. Nadvor ne gleda nisto od stranite i place za vo race....sekoe bebe razlicna prica
Не е неопходна, тоа е муабетот. А не е ни ефтина за нешто што се користи само неколку месеци. Преплавени сме со информации што се треба, мислиш нема да пораснат ако не се во корпа или ако немаат релаксатор.
Јас стално викам... " Ние во транспортери, корпи и релаксатори израснавме? " Јас си ставив лимит за количка, креветче и ред други работи, ако ми останат пари ќе му ги ставам на штедна книшка, за коа ќе порасне да си има. Сопругот гледаше една 30000 и нешто таа ја сака јас викам уште 30000 ќе додадам југо ќе му купам
Не е неопходна ако не шеташ, да. Ама ни транспортер не е замена за корпа, тоа е целиот муабет. За релаксатор скроз се сложувам.