Ние бар сме на пат секој викенд, бебе го шетам сама од негови 8 дена, секој ден буквално. Колку и да шеташ, нема 4 саата да не го извадиш од транспортер. Секако има разлика и од транспортер до транспортер кој каков е. За на пат, ако немаш џип, кај ќе ја стаиш корпата.
Абе транспортерот е неминовно потребен. Како иначе ќе земеш бебе од болница. Ама за прошетки никој не може да ме убеди дека корпа не е подобра од транспортер. Сум ја возела по 5 саати во неа и си спиела и се. Во транспортер не ја оставав без потреба. И кога патувавме на саат ипол правевме пауза. Секој со своето јас не се убедувам, кажувам мое искуство само.
Јас се породив сред пролет, така што најубавиот период во годината за шетање надвор ќерка ми го помина баш во корпата. Имаше денови ќе се заакав од сабајле до вечер бевме излезени со количката. Си спиеше, се гледаше дека и комотно, за пресоблекување широко без проблем. Исто и јас од искуство сум за корпа и е една од најискористените работи за нас. Не мора ни количката да е од најскапите. Во однос на простор нашата корпа се собира, па на пат кога сме оделе така сме ја пакувале и немало проблем. Првиот месец повеќе ја шетав во транспортер, пошто многу бљуцкаше, имаше рефлукс и киселини. Во тој период не ја обожаваше баш корпата, па така правев компромис. Покрај тоа што ми личеше стуткана, за менување пелена или облека надвор скроз непрактично ми се покажа транспортерот. Ортопедот наш исто го има ставот да не се вози предолго во транспортер. Особено не секојдневно. Баш кога ја прашував како да правиме паузи по пат на одмор ми рече да не се секирам и ако поминат 2 саати, ништо нема да и биде и 2 ипол и 3 да биде внатре. Одење на пат е поретко, се препорачуваат паузи ама не мора да сме прецизни до минута да се стресираме. Муабетот и е за секојдневно навики и долги прошетки дека детето треба да лежи на рамно, односно подлога како што има корпата. Не ми е поентата ни на мене да се убедувам, споделувам мое скорешно искуство и муабет од ортопедот.
Jas ne kupiv transporter za izl od bolnica. Kolickata so korpa pa od Cair do doma ima 2 min so kola pa rekov sto ke davam pari. Za 1 pregled vkorpa ke go klam,mislam nema gajle i onaka 1 mesec retko se izleguva. Ne znam dali napraviv dobro.
По мојата неуспешна потрага по количка (ми ја продадоа пред очи таа што ја имав бендисано) сакам да го споделам искуството со сите тие што бараат количка По препорака на другарка закажав презентација во МоМ&Bebe да ги видам моделот Inglesina Aptica XT и Aptica (уште од дома бев за Aptica XT заинтересирана по видеата што ги гледав на youtube). Двата модели се во основа се со исти делови освен конструкцијата и амортизацијата (XT е за секаков терен со амортизери за на снег, планина и сл). Се воодушевив од изработката кога ги видов. Пространо седиште на рамот, лесно се собира, собрана не допира ништо на земјата, корпата најголема од се што сум видела (Maxi Cosi, Cybex, free on, Joie и сл.). Корпата има предност исто што доле се поднесува вентилација за воздух дали сакате отворено или затворено и самата корпа има наслон кој се подига на вртење така што не мора да биде скрос легнато. Самата корпа има држач за домашна употреба така што бидејќи е голема може до 4 месеци да ја користете за спиење на бебето во неа (во дневна или каде и да ви треба како креветче). Транспортерот беше стандарден. За жал како што кажав во моментот кога влегов на презентацијата парот пред мене ја плаќаше Aptica XT која беше последна на лагер. Да ја имаше дефинитивно ќе беше мојот избор, но бидејќи ми кажаа дека нова пратка ќе добијат на крај на март а јас во јануари/февруари здравје ќе се породам неможев да чекам па ја купив Maxi Cosi Adorata. Имајте ја во предвид како избор тие што имате термин после март зошто според мене беше најдобра изработка од се што видов. (новата пратка за жал само ќе биде со редовна цена, а оваа зошто беше последна имаше супер попуст)
Кога ќе родите, се живо ќе купите Две имам, двете возени во транспортер на почеток до кај 6,7,8 месеци. Ако заспие во кола (а стандард заспиваат), директ на количка оди транспортерот и одиш било кај (на лекар каде баш често се оди за редовни контроли и вакцини, до маркет). Јас возам сама кола, како би го возела инаку ако не е во транспортер, тројца ќе се позади и за корпа нема да има место Транспортерот не се користи 1 месец само. И стварно од голема корист ќе ти биде заспано бебе да си извадиш од кола, а и полесно. Корпата не е баш лесна, а и бебињата секој месец килце повеќе се... кичма ќе ве фати за да го вадите и ставате со се корпа во кола Е сега ако не се возиш често, тоа е др работа.. така може и нема да ти треба.
Па и џип ако имаш, ако имаш уште 2 деца позади.. како Јас за третово од искуство, неможам без транспортер и обавезно ќе си купам (дека ја продадов троделната со транспортер што беше пред 6г). Баш ќе барам дводелна сега, обичен дел 0+ што се прави и транспортер. Со парите за плус корпа, монтажно креветче ќе си купам. Тоа баш ми фалеше и за двете (за патувања, за во дневна да си го монтирам, за во летна кујна во двор)
Zedov sediste 0-36 pa zato ne kupiv transporter. Sedisteto moze da se koristi od novorodence. Ne znam eventualno ako ni pritreba da zemime pokasno.
Имам и јас од децава седиште 0+ до 36м. Ама од таму ќе треба да го вадам, па да го ставам во количка. Па пак од количка заспано да го ставам во седиште. Вака не изгледа комплицирано, ама верувај е...
Кој не земал транспортер, очигледно не возел бебе сам во кола. Освен од болница до дома кога не земаа, сегде сама возев бебе, теоретски шанси немаше без транспортер. После имав и седиште од 0+, пак ќе речам транспортерот е најдобар кога и 5мин да го возиш детето ќе ти заспие (пошо спијат малтене нон стоп кога се новородени). Зборам за низ Скопје кај и да сум одела, на подолг пат првпат на 7 мес отидовме. Понатака транспортер во кола, количка во багажник со корпа. Матиз тогаш возев, дури и едно тркало вадев од рамката за да го собере во багажник, така да нема смисла муабетот гломазна била корпата. Додека не прооде така си терав, после летна количка (чадор систем имав), ама најчесто идевме пешки надвор, во кола си имав седиште што до скоро го користев (5 год сега ќе прави малата). Мислам дека скоро пишував на темата, ама пак ќе речам 3 во 1 за мене е најдобра опција бидејќи се се користо. Или ваљда 2 во 1 (кај што корпата се менува во седиште) уште подобро. Најглупа варијанта ми се оние скапи колички со корпа ко јајце, нит е транспортер, нити имаш седиште за понатака кога веќе нема да сака да лежи.
@Spidy малку надвор од темата. Како возиш бебе сега во седиште? Мора назад да се монтира, така? Јас ја возам ќерка ми на совозачко во транспортер, со исклучено воздушно перниче, како што е и законски пропишано. Инаку 8,5 месеци е и уште и е ок транспортерот. За во град скоро секој ден ја возам сама, ама сум одела и неколку пати на подолг пат. Баш вчера бев на ортопед, ми кажа до кај 2 години негде да ја возам во спротивна насока. Некако ми е тешко да замислам дека ќе сака сама да се вози позади и да не ме гледа...
Назад си беше од старт, на совозачко не ни сакав да пробувам. Транспортерот секако е свртен према назад, па така си се навикна од бебе, и седиштето после према назад беше, ама тоа побрзо од препорачаното го свртев према напред дека голем проблем имав со повраќање околу годината (3км не можевме да поминеме без да се исповрати, не знам колку пати тоа седиште е перено). Ако до сега се возела на совозачко, нормално да не и се свиѓа позади, ама како и секоја друга промена со бебе, моја филозофија било стиснеш заби и кад тад ќе си легне на брашното. Колку ми плачеше како бебе, ама што да и правам, додека возам не можам да се пружам ни цуцла да и ставам. Ама за месец дена се навикна, додека не почна тоа со повраќањето немав никаква мака. Од 2 години отприлика првпат ја носев на подалечен пат (сама од Скопје до Неготино), само ако поврати застанував да ја средам, иначе си седи без плачки.
Ништо, ќе мора да пробувам варијанти. Кога беше помала ми има приредено неколку предраматични плачења во кола кога и се спиело или била гладна, мислам дека тогаш ако останав присебна ваљда и преместувањето позади ќе го преживеам за скоро ќе пробам па ќе кажам
Најбезбедно е во спротивна насока да возиш, но зависи и од дете колкаво е. Мојов многу беше долг па препораката за килажа не ни играше улога му маваа нозете во седиштето и му беа свиткани па го имав свртено нанапред. Затоа и барав седиште 360 што се врти имаше и кај нас плачки ама си легна на брашно еве сега е 3 години и обожава да се вози особено на подолг пат.
Секако планирам да ја возам свртена во обратен правец како што препорачува ортопедот. Проблемот да речам ми е што за скоро ќе мора седиште наместо транспортер, а седиште мислам не може да се намести на совозачко. Ако ја возам позади сама, познавајќи ја нема да е среќна и ќе ми се збоктиса возењето. Ај за низ град ќе поминеме и со плачки и се, ама на пат сама со неа тешко дека ќе одам.
Sediste se mesti na zadno sediste ke ja svrtis napred pa koga ke gleda mozi ke sedi, nekoja igracka ili ete snaa mi imase finta: gledase poveketo da vozi koja na malata i bese vreme za spienje pa samo so ke vlezese mu davase sise so mleko i cel pat spiese primer od resen do skopje.