И јас ја гледав уопште немав таков впечаток. Компактно се склопуваше скроз а за делот доле не ни очекував многу зошто е баш мала некако. Дали дека ја споредував со другите макси кози летни па ми се виде баш компактна не знам. Ама пример чикото што ја гледав беше каде каде погломазна. Исто ми се свиѓаше и што скроз се спушта да може да спие во неа. Ама ако имате предлог за друга некоја кажувајте
Ќе оди во багаж кај куфери. Имам над 30 летови имано со количка не се крши така лесно, остај муабетот од погоре, таа беше 50 евра купена, од старт беше крш, а Anex-от ми има 4 и пол години стаж, две деца и 30 летови, ни една гребнатина, ни малу уништена. Квалитетна количка не се крши лесно.
Мојава зимска е во принцип лесна, а сакав уште полесна од неа, такада оваа не ми се виде нешто поразлична од мојава. Мислам дека има полесни.
Да те прашам може глупо ќе звучи Прв пат ќе летаме со бебо, можам до влез во авион со количка така? И после кај да си ја чекам? Со третиот дел од количката планирам. Ама и се мислев да ја пуптам уште на чек ин доле, а бебо во кенгур што ми е попаметно?
Ај мутаво прашање што е разликата со летна зимска количка и дали се неопходни двете? ја купивме макси кози плаза + не гледав за каква сезона е ми се допаѓа лесна е лесно се склопува ама фаќа доста простор среќа имаме голем гепек и туле па не прави проблем за патување ама ми е дали треба да купувам за летово летна поради бебето нешто или?
Апсолутно не мораш. И јас ја имам плазата. Одлична е. Ама да, голема. И за патувања скроз може да си ја носите ако ви одговара вас. Јас сакам летна да земам зошто со авион патувања имаме летово, инаку не би зимала. Плазата е комфорна, голема, нема зошто да не ја користам максимално. Ама не ми се носи по аеродроми.
Зависи од аеродромот, некаде ја добиваш пред авион пак, некаде кај багажот куфери. Јас ја носам со мене секогаш до авион пошо имам и други рачни багажи и трупам се на неа. Како ти е најпрактично.
И јас ја имам макси кози плаза плус и јас се мислам премногу дали да ја носам со авион летово или да земам некоја ефтина. А јас сум заљубена у мојата количка, премногу ми одговара за шетање и знам дека 2000% ќе ми го олесни шетањето таму. Дали ги пакувате со нешто количките? Што да правам ако ми ја уништат? Многу би сакала да верувам во квалитетот дека меѓу куфери нема да се скрши нешто :/ инаку знам дека на скоро сите аеродроми даваат до сам гејт да одиш со количка, имаш приоритетно качување. Пред влез, го ставаш бебо у кенгур/раце ти ја зимаат количката, ја чекираат, ти влегуваш. На излез повторно би требало да имаш приоритет и те чека пак пред гејт количката. сѐ звучи супер, ако бебе соработува.
И јас ја сакав бугабуто ( обичната количка ми е бугабу и сум презадоволна во поглед на квалитетот) ама за летна мислам дека имаш подобри избори со оглед на цената. За бугабуто конкретно читав ( а и од познаници ми е потврдено ) дека на кривини знае да се навалува, да не држи стабилност. Плус сите акцесоари се доплаќаат, немаш рамка за држење, додаток за нозете итн. Најдобри рецензии со оглед на цената има baby jogger и joolz, нуната е класа плус и кошта дупло повеќе, мислам дека беше во ист ранг со бугабуто. Јас земав baby jogger и сум презадоволна. Да имав екстра кеш ќе ја земев нуната, се заљубив во неа. Овој канал има добри објаснувања за сите колички Најубаво е да ја носиш до гејт, за да ја натовариш, ама не сите аеродроми ја нудат таа опција, тоа треба да провериш за конкретниот аеродром.
Не ги пакуваме, како што кажав лесно не се крши ако е стабилна количка. Пошо многу патовам и не ми се исплаќаше да земам поевтина количка оти до сега ќе ја предплатев и до сега издржала преедобро, само не можам да ја гледам повеќе ми здосади иначе и трето дете ќе издржи. Нема шо да се плашите, плус ако се оштети, бараш оштета и ти враќаат парите. @Lavender13 епа тоа е, cybexot е најскап, а не е најквалитетен другиве се за малу многу поефтини ама зарад изгледот ќе се намами човек, ништо ќе го земам ова во обзир. Јас и читав коментари дека Cybex им е прва оваа количка за патовање и имаат пропусти ама не мислев дека ќе е разлика.
Нема разлика, само шо "зимската" е погломазна нели, летната е лесна за склопување, не зафаќа место,не знам оти се викаат така, на летната исто можеш да ставиш крзнена вреќа за на зима
Unsolicited advice, ама за во авион не ти треба летна. Најголем дел од авиокомпаниите, барем нискобуџетните не прифаќаат носење на количката, колку и да е компактна со тебе во кабината. Ако патуваш во град со добра инфраструктура, слободно носи зимска, повеќе може да ја товариш за целодневни излети.
Многу е комплицирана за собирање и ептен зафаќа место. Не е само за авионските патувања и за со кола би ни било попрактично да имаме некоја што полесно се собира и не зафаќа многу место.