Ние исто од 4 и една недела го користиме седиштето, а мекиот дел од транспортерот го извадив одма пошто беше непрактичен за нас како да ми висеше бебето надвор. И дур беше помал тетри две му имав под газот ставено да не биде толку во седечка позиција. А за оваа количка да не знае некој рачките дали може негде да се претапацираат? Ги испокинав со прстен
Рачките на сите Chicoo се такви страшно колку лесно се кинат, мојата ќе почне кај и да е и јас истото се прашував
Ич не ми се свиѓа тоа, како ќе се користи и за второ бебе Ај ако најде некој некое решение нека пише, пошто во Енци Менци ми рекоа само држачот пред бебето може да се смени а за рачките тоа е ..
Го користите главното седиште, но претпоставувам легнато или полуседечка положба? За рачките не знам, освен кај кројач да прашаш. Моја пријателка имаше така направено, со патент по мерка од количката од тој дел имаше сошиено.
Го користев во полуседечка положба, 45 степени, постепено кога веќе и он почна сам да се тегне да седнува во скоро скроз седечка положба да го возам. Сега сме веќе 6 месеци точно. Фала ти за ова, ќе видам ако не барем да ги заштитам.
Дали летните колички се и за ептен мали бебиња 0+ (толку се спуштаат)? Што ќе ми препорачате. Или првите месеци е подобро за во транспортер. Имам зимска ама ептен ми е тешка, сакам систем чадор.
Некои може да се спуштат скроз во лежечка положба, и да се врзе бебенцето и се. Мене единствено не ми се допаѓаше што главчето не му е никако "заштитено" и зацврстено да речам. Ние на 2 месеци го возевме во летна, и ми беше малку шубе. Но, може и зависи од количката како и да е. Само ете кога би гледале и бирале, обрни внимание и на тој момент.
Дали некоја од вас има maxi cosi adora2 количка да сподели искуство? Од трето возење се расклинка цела количка, рачката клати, сама се спушта десно, тропаат тркалата…. Многу сум незадоволна ќе ја носам во сервис оваа недела но знам дека некое штрафче ќе стават и ќе речат тоа е
Јас ја имам макси кози адора. Ќерка ми е 2 години и 8 месеци. Количката откако е родена цело време е во употреба и глас нема пуштено. По авиони фрлана, на планини качувана ,по црн пат возена . Да не споменам колку ја товарам кога одам на пазар. И да ќерка ми уште комотно спие во неа без да и штрчат ноџињата.
Имаат една година од бебе хоум гаранција и една од производителот. Проблем ми е што кога ќе ја оставам сега на сервис не знам колку време ќе бидам без количка и нема да можам да се шетам со беба на сонце
На сервис рекоа неможеме да најдеме количката дека има проблем, се е во ред. Тотално сум разочарана и на никој не ја препорачувам.
Рано ми е, ама со време да си прашам.. Какви ви се искуствата со количките од Лококроко, особено Kika Boo? Гледам убави има 2 во 1, 3 во 1, а цената им е одлична..
На мм сестра му имаат на кика бу маста и ја извадија 3во1 е нивната и транспортерот е голем мислам до 13кг. беше. Корпата до 9кг и третиот дел е до 22кг. Ама големи се комотни. Секој дел максимално е искористен, внуката до скоро спиеше во корпата дневни дремки. Малце е пониска количката во рамот, ама рачката се подесува она висока си е и и одговара. Оди види ги ако можеш, па најдобро ке си процениш.