Да не ја има некој, да сподели искуство? Цената ми е одлична. Количка - Liberta NICO (3 in 1) (libertabebecentar.mk)
Да да обавезно ќе шетнам. Сакам голема, висока и рачка обавезно да се пушта Меркам неколку така со рачките многу што им се пуштаат (од разни продавници), ама да дојде време па ќе шетнам да разгледувам Многу ми се допаѓаат вака општо производите на Кикабу, па дури и шишенца, ранец, пумпа, подлоги, се би земала од таму...
Кога сметате дека е најсоодветно да почне да се купува работи за бебето вклучувајќи и количка? Се мислам дали после 28ма недела или некаде при крај на бременоста .
Мој совет никако при крај, ако немаш помош како што треба. (Поубаво поранко си се спремај при крај брзо се заморуваш потешко ќе ти е )
Со првото ( син ) си спремав по полека, а сега со второто ништо немам купено за ќерката, нит знам каде да купувам а 29та недела сум.
Мене термин ми е почеток на септември. Па јули/август да трчкам да купувам тешко тоа. Креветче веќе ми дадоа, размонтирано стои кај моите. Уште едно треба да ми дадат, едно кај нив, едно кај нас дома. Количка негде Јуни ќе земеме. Други поголеми работи треба да ми ги дадат, ама за тие е посекако рано. Алишта исто кај и да е , ќе ми дадат. Јули само ќе исперам, испеглам и ќе наредам. Штом влезам во 9 ти, да спремам немам намера. Ситници ќе почнам да си зимам , од типот на 1-2 шишиња, цуцли, козметика, тетри и сл.
Само што ни стигна Нуби 2 на Киндеркрафт. Не сме ја пробале надвор ама вака низ стан ја извозивме и ептееен е лесна и изгледа многу практично. Од 0 до 22кг е. Малиот до сега го возевме во спортско седиште од Бебето, многу удобна но гломазна количка и затоа ни требаше нешто покомпактно. Се спушта скроз во лежечка положба и се врзува со каиши. До 5 месеци го возевме во корпата од Бебето и таму не беше врзан зошто е длабока, а и слабо мрдаат тој период. Летните не се затворени, ама и не сметам дека е неопходно за периодов зошто е топло веќе. Да е зимно бебе ај. Едит: 'Недостаток' на летните колички кога станува збор за користење од 0+ е тоа што 99% не се вртат и бебето се вози само гледајќи напред.
Nie ja kupivme maxi cosi street+ od bebe home i ja koristime veke 7 nedeli. Za sega super e kolickata pa niz carsija ja vozevme tie sto se od sk znaat kakvi se plockite a i niz pazar. Sega za sega topla preporaka zato sto epten lesna i za sobiranje.
Мојата е слична, од Енци менци ја земав ама тоа беше пред 3г, беше околу 9500 мислам Еве мојата е само темно сива https://www.encimenci.com.mk/kolichka-gigi-2-vo-1-light-grey-moni-066q51699 И најискрено никогаш не би купила ваква огромна количка од проста причина што е тешка за транспорт, значи цел гепек ми го зафаќа во кола. И кога треба да ја качувам по скали бидејќи сум на втор спрат, ми се одмили од неа. Сега ми текна дека комшиката моја го има истиов модел, во висина е малце пониска од мојата, она е задоволна, а тежината е иста на количката.
Фала ти многу, ми значи секој совет, сепак од нет не ми се зема сакам да си ја фатам, видам во живо оти ќе се зезнам осеќам
Nie ja kupivme electra na chipolino, so prvoto imavme chicco trio sprint, ušte funkcionalna, ama merak novo bebe nova količka, tek sum 22 nedela, ama ako, koj kje aka po toplono...
Пред некој ден ни стигна Kinderkraft -Indy2 ,јас сум препрезадоволна. Ја затворам со една рака додека ми е бебето во друга. Прелесна и престабилна. Воопшто не згрешив, а онлајн ја нарачував без да ја видам во живо..