Kade ima kolicki na chicko? Mnogu mi se svidja edna vo enci menci ama minatiot mesec bese na popust sega ne e .. koj znae dali kje ja spustat za veligden a nemam mnogu vreme kje pristigne bebe
На Joie под 9000ден нема... https://www.encimenci.com.mk/kolichka-mirus-dark-pewter-joie-s1703addpw000 Видете ја оваа. Еве кој бараше летна, а рачки да и одат и напред и позади...
Останати работи може од 7 месец да почнете да си купувате, а конкретно количка при крај ако е заедно со транспортер или од кога ќе се роди бебето. Овој совет ви го давам зошто јас ја купив во 7 месец количката - декември, бебето се роди во февруари а почнавме да излегуваме надвор на крај на март. Од три возења во април количката се растропа цела во тркалата (adora 2 maxi cosi) а гаранцијата е веќе пола помината зошто има година дена гаранција (макар што од сервис ми ја вратија и ми рекоа ништо не е и било, наредно ако сум сакала рекламација во maxi cosi директно и ако ти одобрат се чекало до три месеци за нова). Затоа не брзајте со количката зошто ќе ви стои дома спакувана а гаранцијата ќе си поминува
Ја купив сепак, супер е само вечер ќе ја проверам уште еднаш , мене ми беше битно да може да се врти седиштето а не да е напред само
Niko ili Lena ja zede? Јас одам утре енци менци имаат попуст априлски ако не земам од таму ќе земам и јас од либерта Niko mi e vaka bash ok. So zdravje da se vozi mnogu ubavi prosetki da si imate
Фала многу , мене не ми се исплаќа поскапа да земам пошо нели не се знае дали ќе сака баш во количка да се вози затоа не ризикував , каква таква нека си е инаку Нико земав, поубава да си земеш ти каква и да се одлучиш.
Слична најдов иста цена енци менци има некој си априлски попуст сакам да ја фатам на рака како е, некако од нет ми е страв ама ете штом тебе ти се погоди
Јас ја ставив ваквата на продажба, за да можам да земам летна количка. Оваа ми е премногу гломазна и во кола не ми ја собира и плус ми беше тешка многу.
Е фала, вака не знам кога количка ќе најдам ама поубаво отколку да се зезнам Уште овие две да ги видам ми остана, ама по таа логика и оваа првата назад широка бааги, ај утре ќе разгледам
Се мислам за Cybex Balios S Lux 3 in 1. Најмногу ми се допаѓа од сите, а сега и супер попуст начекав, па се мислам да нарачам. Искуство со неа некој?
Tea kako si zadovolna? Baram evtina letna kolicka, poso zimskava mi e preeeeeteska. Chipolino mislam Andrej komlani gi drzat?
Катастрофа беше. Се скрши за 2 недели, па си купив нова од Локо Кроко како куферче што се собира. Ќерка е 2 г и 8 мес уште ја возам таа.
Предложете квалитетна летна количка. Ги гледав на интернет на Maxi cosi, Inglesina quid2, oxymammy metro , Joie… Битно ми е да издржлива зошто секојдневно ја возам по секаков терен (да не тропаат тркалата како тезгере, да се собира лесно зошто сум во зграда без лифт) , бебе секако да може да е свртено
Сите овие брендови што ги спомна се ок. Се сеќавам дека ја гледав Метро еднаш и многу ми се допадна, ама не ја знаев јас кога купував, а и не знам каква е за склопување и колку тежи. Јас кога купував дома едно гледав, ама кога излегов да гледам, сосема друго земав. https://www.encimenci.com.mk/kolichka-goody-plus-dusty-green-0m-chicco-798771904 Оваа ја имам. Само една мана и најдов, малку пожолте материјалот на потпирачот и на церадата горе. Функционално е беспрекорна, возена е на секаков терен и не е ракувана нежно. Многу лесно се склопува/расклопува и ептен е лесна.
А дали некоја ја има оваа количка и како е задоволна? https://www.encimenci.com.mk/kolichka-julie-one-black-gold-lionelo-5903771704328
На една австриска страна ја најдов. Ако ти одговара, ќе ти пратам линк. И во Мк. пред некој ден ми излезе мислам 45.000 на попуст, ама не се сеќавам сега каде.