Ne kasnis imas vreme uste. Jas imam maxi cosi ama street+ zadovolna sum mn. I plazata togas mn mi se bendisa ama poskapa bese inace plazata bi ja zela. Ja ima @Fenix05 pa neka spodeli iskustvo. I ova od enci menci ubava samo toj delot kaj nozete mislam ke preci koga ke porasni.
Еве јас ја имам 3месеци максимално искористена ми е. За прошетки сама без кола, маста и ја вадам. Бебе сите дневни дремки ми ги спие во корпата, до скоро ја користев како креветче во дневна сега ми е монтирана на количка за нишкање. Транспортерот е супер со тоа ортопедското перниче под газе сеуште си го користиме и за во кола како седиште, баш ортопедот го пофали брендот. Е сега негативни страни се што е баш гломазна за во кола. Ние среќа имаме голем гепек ама фаќа премногу простор за патување. Мм многу се нервира кога треба да ја става и вади од кола. За мене е лесна за возење и контролирање но на камчиња, нерамнини, мали дупки заглавува и не мрда додека не ја кренеш со нога доле да ја стапнеш. Ваљда сите колички иста маана имаат не знам ама ваљда јас очекував за цената да биде и без овие негативности. Во едно паркче со ситни камчиња едвај ја извозев да излезам од таму а другаркава со кика бу количка излезе без проблем. Може со 3тиот дел за после 6мес е полесна,корпата е баааш тешка за контролирање на лош пат. Исто така моево бебко е повисочко,гени, па на 3мес и 2недели скоро и да ја има надраснато корпата која треба да ни е до 6месеци. Во глобала сега да сум знаејќи го сè ова не би дала толку пари за неа (со овие делови монтирани) се надевам третиот дел ќе ми ги поништи сите овие работи зошто навистина ми се допаѓа како модел,убави тркала. Но не ми се допаѓа што цела крцка па скоро од почетокот. Добар бренд се и имав големи очекувања па може затоа сум малце разочарана ..
Оваа на Чико ја видов вчера и во живо, доста лесна ми изгледаше. Помала е за разлика од Макси количките.. Детално не ја разгледав. Ама приметив дека кај нозете доле е како кај Maxi Cosi Zelia и нозете кога би пораснале и отишле надолу ми делува како да ќе им смета тој дел... Многу е убава Joie , види ја и таа... Исто и јас без корпа барам, дека другиве две дечиња височки (високи и ние), па корпа кратко користев.
Да да Инаку тоа заборавив да кажам кога ја биравме гледав 3тиот дел да нема пластика доле кај нозете, да не се удира
Мене многу убава ми е Zelia, ама видов и во живо дека така лошо е направен тој дел (а прочитав за таа маана и тука). Дури и продавачката рече дека да, особено за повисоки дечиња ќе смета.
Smeta toj del bas nie koga gledavme so @Fenix05 deka recisi ni se vrsnici komentiravme ama i vo zivo imam videno deka smeta za nozete. Inace jas ni transporter ne zemav i dobro napraviv bebe mi e dolgo pa za 2 meseci tolku pari ke davav. Korpata uste nekoj mesec ako prodolzi vaka da rasti
I street+ zaprimetiv na neramen pat zaglavuva a nasite patista site dupki se. Bitola bev i mn mi bese tesko da ja vozam mozi deka Sk naviknata. Zaglavuvaat malce prednite gumi.
Препорака за летна количка? Главно за на плажа ми треба, ама ако се покажи добра можи би ја користеле почесто.
Јас уште не можам да се одлучам за летна количка, bugaboo, joolz, nuna (знам дека ја пофали), а маж ме убедува за easy walker.. значи секоја вечер ги разгледувам и не знам, а времето си лета. Coya ми е исто во игра уште ради изглед, а мислам дека не е нешто нај.. nuna ми изгледа гломазна вака по видеа или? Знам дека имаш доста читано и затоа помош @Lavender13
Preporaka za letna kolicka sto lesno se sklopuva i rasklopuva, da ne recam so edna raka, i da ne e teska. Mnogu mi e tesko so Kiddo jazz imame iako e mnogu ubava ama masivna mi e nekako, bebe vo edna raka, torbi, kesi plus, skali
Пошто бараше да ти ја собира во кола ќе ти речев Зелиата, корпата се превиткува можеш да ја извадиш од рам, мислам дека ќе ти ја собере, а и рачката се продолжува за повисоки. Кој дел ти смета не разбрав? Мојата беше релативно долго бебе, ама ја теравме до кај година и нешто, после сменивме на летна. И јас се замишљав дека до 3 години ќе ја возиме во неа, ама тоа мислам со ниедна зимска не постои . Едино кога ја купив летната и кога видов каков пердув е си викам што не го возев детево во летна со вреќа.
Coya апсолутно не, освен на изглед за друго не ја бива. Нуната е убава, од сите набројани мене најмогу ми се свиѓаше, односно на синко му беше најпријатна за седење. Оди и види ги во салон, мене многу ми отпаднаа од игра на прво гледање во салон бидејќи или беа пластични, или не му беа комфорни на синко, или не се склопуваа лесно. Јас сепак се одлучив за baby jogger city и сум презадоволна досега.
После година да. Ама знаеше да си ги качи и така да се вози. Ама и друга да земев кај што се спушта делов повеќе од година ипол не верувам дека ќе ја возев. Едната е на скоро 12, другата на 14 месеци. Спојлер @natash.a Ваква земав после https://www.encimenci.com.mk/kolichka-goody-plus-indigo-0m-chicco-798775100 Макси кози мислам дека ми беа или со мало седиште или поголемите беа големи кога ќе се склопеа.
Сакаш да кажеш дека и најевтината количка што ја најдов на пазарот е задоволителна? Јас барам некоја троа ефтинка зашто сме финансиски штама. Ама овие баш ги скокнав...