Stigna, super e, siva zemavme, ubavo izgleda, opcii isti kako poveketo kolicki na toj princip. Ne mi se dopadna samo sto mirisa na kinezarija, ama Made in China e, baska zapakovana vo karton, se nadevam ke izleze taa mirizba, ke ja soncam malce na vozduh na terasa.
Мене второво моментално ми има 6г и 20кг А ние сме баш големки, крупни, високи. Првото 20кг на околу 3ипол беше (а беше ептен над просек, над сите врсници) и ретко кое дете е толку големо. Он до 2г беше само во количка.
А што е со Joie versatrax што никаде ја нема? Една изложена имаше во Енцименци, а сега на страната ја нема и таа (може ја купил некој) и вика достапна само во Битола. Тополино исто, ја немаат во Ск. Во магацин вика достапна, што мислам истата е таа една што ја продаваат и од Енцименци... Ниту трио нема никаде.. Ги прашав Тополино, вика не гарантираме дека и до летоска би имале... Кај би ја нашла? Баш се заљубив во количкава...
Количкава и на мене ми е љубов. Толку практична,убава,лесна... милина е. Иначе во Енцименци би ти ја донеле и тука во продавница ако ја има на залиха во Битола ,исто беше и јас кога ја купував. А ,пред некое време случајно забележав дека и во Чарли ја продаваат. Е сега не знам дали е ок, зошто за други работи се жалат од Чарли. Па види ,провери
Некако демек ми е рано (24та нед сум), а дуото е сега на акција (трио не ни сакам)... па во мисла сум дали да чекам, да не ја снема скроз или да си ја порачам црнава...
Искуства со количкава на Кика Бу? Освен цената што ми е прифатлива, некако и највеќе око ми фати Гледав колку прелесно се склопува и не е воопшто комплицирана и гломазна да зафаќа место
Мамички според вас поискусните (дека мене ми е прво бебе) кои колички се поквалитетни: maxi cosi или chicco? Цените им се исти скоро 40.000 ден... се мислиме ептен.... и кој месец ја купивте количката и другите раб за бебето
Јас сум задоволна од Чико. Тогаш многу набрзина ја купив, ич не разгледував ама среќа се погоди. Сега да бирам, би бирала некоја поголема, транспортерот брзо се надраснува, а второто дете и во корпата и спортскиот дел пократко се возеше зашто покрупен е. Сега ја користам за успивање низ дома, за надвор имам летна ама здравје планирам за некој месец да ја вадам пак надвор за третото дете. Инаку вака за квалитет немам збор стварно, како нова е, а користена ептен. И со Макси нема да згрешиш ја фалат многу ама немам лично искуство да ти кажам.
Фала ти многу ... и за maxi комшикава ми вика транспортерот дека и бил нај не искористена работа ... ама па како без транспортер имаат акција сега некоја во енци менци за купена количка чико ти даваат хранилка за бебе многу убава (вака на изглед дека многу многу не се разбирам) ама оа домашниве ме предомислуваат било рано имало време јас сакам да почнам да си купувам затоа што ниту една продавница за бебешка опрема не дава на рати со кредитна картичка од било која банка и реално во кеш се наеднаш да дадеш е малце повеќе пари... нека е живо и здраво бебчето ... алал да ти е мамичка на 3 деца
Најнеискористена е и кај мене зашто првото почна рано да се поткрева да разгледува, не сакаше баш да седи, па брзо го седнав во седиште во кола, а од 4месеци веќе почнав да го возам во спортскиот дел, измеѓу тоа се возеше во корпата. Второто го надрасна транспортерот брзо, инаку вака помирно бебе и лежи. Сум читала тука мајки до 9 месеци ги возеле во транспортер ама не знам на која фирма, веројатно некои поголеми модели. Ако сте високи фамилијарно барај поголеми за подолго да ги користиш. А каква е количката на Чико, пушти линкче, може некоја ја има баш таа, па ќе ти каже искуство.
овие ги гледав ...искрено на чико ми беа поубави ... ама вака кога се шетам помини-замини секоја мајка бутка maxi
Сите овие се убави, само имај во предвид дека Plaza + е прилично голема, ти треба баш голем багажник за да ја собере
Главата шашма ми стана рано ми е за купување не сум ни влезена во 5ти ама сакам да почнам да купувам да не ми дојде наеднаш давање пари ... Па и не ни е баш голем ама па само тоа во гепек би било ... здравје за на одмор алишта само за бебе ... за мене и мм купачи и гаќи само
Чико количките во март беа 27.000 на попуст плус и ваучер добиваш. Јас би почекала ако си 5ти месец да фатам некој попуст
Мислам дека уште им важи тоа со ваучерите... до кај почеток на јуни. @maichka скоро имав можност да повозам бебче во Чико трио бест френд и количкава е ко тенк. За да ја качиш на тротоар и сл, огромен напор треба да дадеш. Многу некако тешка за возење ми се виде... Maxi Cosi вака преубави се, ама кога отидов и ги видов во живо се шлогирав колку се гломазни Не изгледаат на сликите дека се така големки, големи задни тркала, мн големи кога се склопени...
Зашо бе, може па навика е Јас четврта година по ред дома ја возам секоја вечер, за трио бест френд зборам. И за надвор многу ја користев.
За да ја качиш на тротоар само тука треба да ја ставиш ногата и практично се подига сама без никаков напор.
Е може, тоа не го пробав хахаха Ама пак тешка за вртење некако... дали дека полесни колички имам возено За првото и второто имав Chicco trio sprint, а потоа една летна чико... таа уште си ја имам, а спринтот ја продадов дека ниски ми беа рачките... Сега ептен око и фрлив на Joie versatrax, па ако нешто не ме премисли, таа ќе ја купам