Дали случајно овие од joie ги проба? Јас сакам со воздушни тркала, пошто одиме по секакви терени. Оваа што ја имам сега е перфекна, ама тешка и цел багажник ни фаќа. Сакаме сега за одмор, да сме во состојба и нешто друго да понесеме освен рамка и спортко седиште. или некој друг ако ја има да каже, joie litetrax pro air? Во сабота ќе одам да пробам, не знам дали ќе дадат да седне дете во нив.
Ние земавме чико трио, ама имам уште да терам до пораѓај и не можам да ти дадам совет додека не го возам бебето . Ја земавме бидејќи до 09.05 имаат попуст 20% ако земеш два производи. Земав и душек за да го искористиме попустот. Плус ни дадоа ваучер од 6000 што можеш на истата сметка да го искористиш и баш поволно дојде.
Јас му се мислам да му ја отидам до Енцименци по Joie versatrax. Ја немаат изложено, ама ја видов еднаш во живо... па додека е на акција да си ја порачам. Ќе земам и душече, немам тоа... да искористиме попуст. А и ваучер ваљда ќе ни следува. Ќе заокружам 30.000 и нешто ситно, за ваучерот од 6000 Ваљда на тој принцип е, јас битно испланирав
Има некој искуство со Cangaroo, поточно еве и оваа. Како бекап план и оваа доколку не ги донесат Joie versatrax...На маж ми многу му се засвиѓа оваа. Височка рачка, вака стабилна доста и 3 во 1 е, со зимски покривки, торба... Големината и исто како Joie versatrax, па ќе ја собере и во мојата кола
Ве молам за препорака за летна количка што не зафаќа место. Има ли некои чадор колички што се подесува висината на рачките, ја гледав чиполино мајли ама некако ниска ми е, јас и маж ми сме високи и некако ми делува ептен како играчка. Дали некој има искуство со колички од Либерта, таа стела ми фаќа највеќе око.Со оглед на тоа што ми треба само за летово барам поефтина количка. Еве кои модели ги гледав, ве молам за совет и мислење.
Во Hello Baby (hellobaby.mk на инстаграм) има некои модели. Имаат продавница во близина на Vero Jumbo.
Има ли летна количка на која се подесува висина на рачките? Високи сме со мм и тие што ги гледав како чадор ми се некако ниски.
Ја проба ли Joie? Иста е летната што ја гледав во тополино, ми се бендиса на слика ама ја немам во живо видено. Сакам да не зафаќа простор многу, морам деновиве да купам и не знам што да правам
Купив. Joie Mytrax зедовме. Како спортска количка е демек. Ја зедовме неа оти има телескопска рачка, таа другата што ја мислев немаше. Е оваа нема воздушни тркала, ама ок е. Малата ја бендиса. За возење е исто ок, има огромна сенка, што мене ми беше битно, оти малово не сака да ја пече. Е сега јас предходно користев една германска количка, што уствари имаше ненормална добра вожна, па сега оваа ми е ла ла. Ама и оваа е авион во споредба со тие со малите тркала. За компактност, па има и други што секако многу многу помалку место зафаќаат, ама тие мене ни ми вршат работа, оти ние, особено сега кога времето е убаво, сме постојано негде. Или на планина или на езерео или во парк. Значи ми требаше некој компромис помеѓу гратска и поспортска. И точно тоа е компромис. Реално бев скржава да дадам повеќе пари за туле. Ама уствари оваа е и компромис за носење во багажник. Потеренска би била и многу многу поголема. Прогуглај ја на Јутуб има видеа, колку да добиеш ориентација. Ама генерално, однос пари и квалитет е супер. Оти додека бев таму и таа на Стокке ја пробав зимната, мојата стара, па и оваа, се возат многу полесно. А и друго и оваа скоро па се вози со една рака. Е тоа мене и те како ми е битно, да можам да ја туркам лесно и со една рака, во случај малата да ми биде во раце или кенгур на мене.
И ние дома не сме прибрани, јас реално сакам летна зошо оваа што ја имам 3во1 зафаќа многу простор пола багаж, голем ни е ама пак да тргнеш негде место за уште еден куфер има и толку. А имаме и летања со авион не ми се носи сега оваа што ја имам од причина да не ми ја искршат по авионине па после на другиве 2 дела што да им правам, треба да ги фрлам, а вака летна па и да ја скршат нема да ми е толку криво искрено. Другарка има во германија земено joie 3во1 по слики се многу слични со оваа што ја сакам. Еве ја таа што ја гледав, мене сите слични ми се од joie. За по одмори јас би купила и поефтина ама тие што се поефтини се до 15кг, а бебо сеа има 12-13кг, оваа ми е најдобра со однос на цена и квалитет
Немам јас ни каде да ја видам во живо и затоа сè уште се мислам меѓу оваа, Quad Jungle и една од Kikka Boo. Морам веќе деновиве да одлучам.
Ја немам видено, или па била таму, ама оти барав друго, не сум ја ни загледала. Побарај на Јутуб имаат скоро за сите колички како презентација. Може ќе ти е од помош. Оваа што ја зедов, ја возев вчера цел ден. Не е лоша. Ама има и многу подобро и нормално поскапо. За парите што викаш ти арни се. Убава изработка се. И сличен дизајн се сите, да. Едит. Ама овој модел според спецификациите е до 15кг. Оваа јас што ја купив е до 22кг. Провери баш уште еднаш. Или јас погрешно сум видела.
Мајки дали случајно некаде имате сретнато спојки за летни колички? Да може две колички да се спојат како близначки да може да се возат?
Дали количките на chicco вредат за парите? Повеќето се над 40000, па претпоставувам имаат и попусти зошто вака ми делуваат скапо. Едниов модел оди со подарок креветче. Дали третиот дел од количката (не знам за што е) се користи? Дали овие модели се добри? Искуства? Не знам какви да гледам. 1. 2 3.