Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Количка

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 6 јануари 2011.

  1. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.432
    Допаѓања:
    8.667
    Пол:
    Женски
    Огромна е макси :D јас плазата ја имам, плус цела крцка после 4месеци употреба (од втор месец веќе почна )
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.222
    Пол:
    Женски
    Пиши по јутуб секој модел, ќе видиш. Не се баш мали.. особено плазата склопена огромна е. Имаат и така поголеми тркала... Има и некои модели што им се мали, ама тоа веќе не ми се зимски колички. Cangaroo macan склопена е помала да, нешто како Joie versatrax е големината и пуштена и склопена. Другарка има Cangaroo пред 6г купена, ја користи за второто детенце сега и супер е сеуште... Се надевам и мојава ќе ме служи добро :D

    Инаку на сликиве не изгледаат толкави, мислиш некоја стандард количка. А во живо се баш големи :D
     
  3. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    @Fenix05 баш ви фала, да си барам друга опција.
    Баш ми е криво што joie versatrax ама ниту mytrax ги нема никаде. Дури гледав опција да порачам од странство, ама треб да се распрашам за царина преку DHL. Знам дека тука има мнг опции, ама ептен ми ги фати окото нив. И ми делуваат ок и за лето и за зима.
     
    На Olaaaa и mariz им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.222
    Пол:
    Женски
    Да ептен добро изгледаат, квалитетни. Јас оваа ептен брзински ја земав зошто и веќе 4то не планирам да раѓам и само ова ќе се вози во оваа :D А имаа Енцименци попуст 20%, од 27.700 некаде ја земавме околу 22.000 и плус ваучер од 3000 добивме, поени на картичка скоро собрани за некое играче од 1000ден+. Плус што таков тип на количка сакав, да не е некоја вселенска и со чудна конструкција...
    20240521_122140.jpg Еве вака во конструкција се ептен слични. Рачка исто многу се пушта и на двете, убава корпа доле имаат за ствари, покривот дополнително се пушта.. лесно се склопува и не е гломазна, тркалата се гумени и сите 4 се отстрануваат посебно (пример за на подолг пат, уште помала може да се направи), баш слични карактеристики имаат. Е сигурно Joie е поквалитетна, ама па си реков ајде и онака трето ми е и последно бебе :?: :lol:
    Мојава е црна само, немаше др боја. Ама зима повеќе ќе ја тркаламе и онака... :D Во лето во корпата ќе оди бебе, таму е беличко :lol: После веќе на 3,4м кога ќе биде ќе заладува... Да не привлекува топло си викам...
     
  5. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Убави тркалца, ги видов, мене седечкиот дел ме бендиса, само што не сакам корпа. Нашиов Петко уште нероден :), во јануари ке направи 6. Мене транспортерот ке ми врши работа додрка да залади. После март, февруари, веќе ке седи и затоа така си мислам седиште со транспортер.
    Знам дека Chicco trio best friend не ти се бендисале, ама Duo One4ever гледам е ок комбинација. Или тебе воопшто Chicco не ти оставија добар впечаток?
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Јас порачав ваква количка само друга боја од Ананас,ми стигна денес, ја платив со Виза картичка и имав плус 500 ден попуст, за износ над 1800 ден е 500 ден а ако ти е кумулативна нарачка над 3000 тогаш е 1000 ден попуст.Ке ја пробам за шетање па ке ти пишам, ја гледав јас предходно во Аџико и ми се допадна, имам проблем со место во кола највеќе затоа ја земав.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.222
    Пол:
    Женски
    И јас бев за без корпа, ама бидна со корпа.. а цена како за без корпа. А овој транспортер на cangaroo за разлика од Чико што го имав за другиве две е многууу голем и долго време ќе собира бебе таму :D Имам додаток баш од седиште 0+ и ќе и го ставам тоа, дека бебе у старт ќе се изгуби во транспортерот.
    Трио бест френд ми е мн тешка за возење, пак ја возев пред некој ден... тенк. И тие шо ја имаат се жалат од неа. Вика се зезнавме, требало Макси Коси и во последен момент таа ја земале. Предните некако и укочуваат на вртење, делот на нозете е чуден и на највисоко ниво кренато седиштето пак е многу легнато. За да свртиш лево и десно огромен напор даваш. Тешка стварно. Ама и од таа гледам има разни модели... разни тркалца. А другиве незнам, подобро да е некоја полесна.. За квалитет Чико вака се супер, јас пред 10г ја имав купено Chicco Trio sprint и количката немаше кај не е издрнкана (по плажи, по тротоари, треви, камења, земји). Ама ниска мн за нас беше (наведнати ја буткавме и ја шутиравме), плус на обичниот дел покривчето беше кратко и не се пушташе плус. Ја искористив и за второто до 1г и после ја продадов. Што и да зимате, најдобро на лице место да си видите, да ја свртите некое кругче во продавница :D

    Вака од мое искуство битно е да има покривче кое се пушта повеќе, корпа доле голема, убава амортизација и лесно возење и рачката позади да одговара на вашата висина. А за големината секој со свои потреби...
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    3.028
    Пол:
    Женски
    Ja gledav bash sega vo Enci Menci kolickava i sakam da ja kupam. Imam na free on edna ama mnogu mala, samo za sstkanje i nad 9m valjda koa ke bide. Ovaa ja merkam za na odmor, maloto ke mi ima 6m, t.e na odmor ke napolni 6m pa mi e bitno dali e udobna za lezhenje (dali ke mozhe da spie vo nea denski i navecer) i dali fakja mn mesto vo kola koga ke se sklopi. Zoso maka mi e da mknam kolica golema, glomazna e toa trkalata kako na avion se, mi fakja mesto vo kola. Ako mozham da projdam so transporterot od segashnava kolicka za po pat i ovaa za tamu bi bila najsrekjna na sve, pa pls spodeli :D
     
  9. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Женски
    Јас ја нарачав од Бубамара за 4790 и после ми излезе на Инста понудата од Енци Менци. :D Се изнервирав ама ајде се надевам дека ќе е добра. :D
     
  10. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    4.606
    Пол:
    Женски
    Mala e, 6-7kg teska, ne fakja prostor, jas sum sitna, stom sama so nea izleguvam i so bebe vo edna raka (ne ljubi da lezi vo kolicka vo lift (facepalm)) znaci stvarno e okay.
    Za spienje, spie mali vo nea dreme celo vreme. Skroz go spustam legnat.

    Eve edno video i sliki , a utre ako sakas ke ti snimam slikam i jas. Samo nema UV zastita tendata. Ama kapce mu naracav so UV zastita od Banz, sekako i za plaza ke mi treba, baska i do godina ke go koristi. Baska ne planiram vo zeskoto da go setam sekako.


    I jas isto, vikam tuuu 600denari plus, ke jadev od 7ca 2 sendvica :rofl:
    Ne e golema razlika, baska nie veke 2 nedeli ja vozime, amortizacija 8-|
     

    Прикачени фајлови:

    • 7.jpg
      7.jpg
      Големина на фајлот:
      315,9 KB
      Прегледи:
      43
    • 4.jpg
      4.jpg
      Големина на фајлот:
      340,8 KB
      Прегледи:
      42
    • 5.jpg
      5.jpg
      Големина на фајлот:
      304,6 KB
      Прегледи:
      42
    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      239,1 KB
      Прегледи:
      42
    На Konstrakta, Giiirl23 и Lady Miami им се допаѓа ова.
  11. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    16.795
    Пол:
    Женски
    На мисла сум за оваа количка. Ми се допаѓа тоа што лесно се склопува, за кога ќе сум сама по скали да можам да ја симнам и лесно да ја склопам за во кола. Багажник имаме голем, ама па за патувања со куфери и чуда , да можам комотно да спакувам се. И така бебе ќе се роди крај на август/почеток на сеп. ќе се вози во транспортер. Таму дек/јануари или ќе тераме со транспортер или другиот дел ќе почнеме да го користиме. Се зависи до кој степен ќе биде воздухот надвор загаден.
    Некоја дали ја има или знае некој што ја има?
    https://www.instagram.com/reel/C7CfnjhL-Bu/?igsh=MWRmODdoNHQwanUzdg==
     
  12. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Ги гледав баш пред некој ден, истиот пост на инста ми излезе. Мојот термин е крај на јули, па така некако и јас си барам, ама овие BBO освен кај нас и Србија нигде другде не ги најдов, и тоа ми е малку сомнително. Ако случајно ги видиш во живо, те молам пиши впечаток. Chicco Duo One4Ever e тој концепт и други не сум видела, а да се подостапни со цени.
     
  13. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    16.795
    Пол:
    Женски
    Цената е ептен прифатлива и тоа ме привлече. Тоа BBO искрено појма немам ни што им значи. Прв пат во животов гледам и барам количка и не сум нешто паметна околу тоа. Локо кроко ги отфрлам од старт.
    Ќе идам следна недела, чисто да разгледам што и како нудат, па ќе пишам впечаток.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  14. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    А што уствари овие maxiCosi се гломазни а? А задоволни ли сте?
     
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски

    Јас ја имам BBO 3во1 што е, количката ми е искористена максимално во секој дел и не е мрдната. Црногорска фирма се.
    Сега купив и летна ама таа стои во багаж во кола за одење некаде, сеуште го користам 3тиот дел, одлична за маневрурање, лесна мене многу ми се погоди.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    16.795
    Пол:
    Женски
    Од Hellobaby ти е?
     
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски

    Gencbebe на инстаграм ама истите работи ги имаат со hellobaby под bibaby се водат двете.
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    16.795
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот. Hellobaby ми се тука , до Тетово тешко да ќе отидам.
     
  19. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Јас јс имам Макси Кози Плаза + и сум презадоволна. Да висока е и голема ама и јас и маж ми сме 1м80 високи и за нас е одлична. Рамката е некои 8кг тешка што за мене не е многу,но можеби за некого ќе е многу. Ако ја расклопам дете во корпа и рамката нема да можам наеднаш да ги кренам ама дел по дел не е проблем. И во двете коли ни ја собира, едната кола е мала градска, а и тој делот корпата за лежење се сплескува за да го собере во багажник. Јас сум презадоволна има и голема корпа доле многу работи собира, високо е поставено детето не да се наведнувам до земја и некако кога гледам нормални колички на пријателиве ми се малце смешни и сите згрбавени во рамениците ги возат
     
    На Skyler81 и merriel0 им се допаѓа ова.
  20. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.432
    Допаѓања:
    8.667
    Пол:
    Женски
    Тоа е супер предност и ние ради тоа ја избравме, високи сме со мм ама кажи ми дали ви се раскрца цела??? Кај рачката и баш доле конструкцијата кај што се склопува крца
    Плус често кога ја собираме заглавува не сака да се собере оа уште 5 пати горе доле тегни влечи бутај? Ако е само до нашава да одам да ја рекламирам со време