Значи ја ќе се борам со количката, зашо сум малецка ама па на мм ќе му биде таман xD Фала ти сонц на одговорот. Ми олесни одлука ^^
Па крцка ама мислам дека нема количка што не крцка, поготово која што се склопува и расклопува.Кај рачката има малце луфта за да мрда јас мислам дека тоа мора да е така. Ако е стегнато тоа до макс на првата дупка од удар ќе пукне ако нема луфта. Вака е супер еве 2,5 месеци ја утепувам по 10км на ден возиме. Склопи расклопи по трговски центри, во багажник, по тротоари со дупки, цврста е издржлива..2 пати до сега не сум ја отворила од прва ама мислам дека јас во брзање не сум ги стиснала двете копчиња од еднаш.. На пријателиве пак ќе кажам некако порастраскани им се, а за високи луѓе оваа е спас. Кога ќе застанете покрај друга количка или ќе се разминете, во споредба изгледаат како играчки.
Секој ден шетаме еве цела недела, бебе претходно нејкеше да седне во количка ама оваа ја сака, му личи на играчка ваљда. Абе не е лоша ама спрема таа што ја имав (зимска бебето) е буквално играчка. Не зафаќа многу место, некако уште ме буни склопувањето, нема амортизери нешто значајно, ама бебе ја сака. Можеби сепак оние како куфер се подобри, некако поцврсти изгледаат ама за летово и оваа ке заврши работа.
Фала, јас такво нешто барам играчка да е даносам и дете и количка и тодлер за рака. Ке ја ѕирнам и јас.
Jas sepak ke se pofalam od maxi cosi. Maz mi vcera padna od 2 skala so bebe vo korpa i ramkata vo dr raka za sreka niss nemaat no korpata odlicno go socuva bebeto. Mislam da bese nekoja od onie poevtinite tesko nas ke bese vcera. Sepak sekoj so svojot dzeb ama mislam za kolicka najmn treba da se oddelat pari.
Здраво мајки, се двоумам помеѓу овие: Cybex Balios S Cybex Mios Cybex Eos Anex e type Maxi cosi Plaza +Luxe Која би ја препорачале?
Пред некој ден ја земавме Balios, се заљубив на прв поглед Бебето уште не е родено ама го возев средното дете и топ е. Транспортерот е малку мал или така ми се чини ама најмногу заради спортското седиште ја земав, се спушта скроз рамно во лежечка позиција за разлика од Eos на пример, убав е материјалот и има добра амортизација. Со другите немам искуство, оваа едвај чекам да ја возам.
Јас ја имам Anex e type Special Edition Boho 2vo1, беше љубов на прв поглед и прво нешто што купив неколку месеци пред да се роди бебе. Освен што изгледа преубаво, супер е и за возење. Првин корпата ја искористивме максимално, до 6 месеци бебе си спиеше надвор на шетање во неа, удобно како во креветче. Сега и вториот дел го возиме, но сепак земав и летна количка. Сите убави и стабилни количка со поголеми тркала зафаќаат повеќе место во кола.
Ние ја купивме Cybex Balios Lux 3 во 1. Супер е, многу лесна ми изгледа, ја пробавме низ дома и едвај чекам да го возиме бепче во неа.
Во Мк. кога пребарував, мислам дека само овде ја најдов. Моментално само пишува дека не е на залиха. https://www.babycenter.mk/cybex-kolicka-3-vo-1-balios-s-lux-aton-b-i-size-crna-1044658.html Ако знае некој каде на друго место може да се најде, нека пише. Ние од странство ја купивме.
Jas bi ti rekla mios, imas mnogi sareni varijanti i so mrezickata nema da to se poti letno vreme. @Meddy vo krs imas cybex