Da majka a nema seuste 4 meseci veke dupliravme rodilna tezina, se vrti sam na mese, akrobacii niz cela spalna. Visok na tatko mu ke bide hahah.
И кај мене првото само едвај до 4м го собираше 56цм роден.. незнам колку беше ама знам не го сибираше веќе. Еве го сега 9г, а дечко од 150цм е Е женската беше поситна, ама мадам сакаше да седи од 4м и стануваше уште во корпата И оваа корпа сега е 70цм.. ќе видиме што гени ќе фати оваа женска
Au masala majka, maze od sega si imas. Sepak korpa spored mene treba. Nie izleguvame cesto i po 5 6 saati koga ne bese zesko pa vo transporter ne e preporaclivo tolku vreme a vo korpa i si spiese udobno.
Јас исто маста ја извадив на корпата. Транспортерот се искористи само првата недела кога одевме на преглед кај педијатар. Сега ни седи како седиште во кола. Од сите делови транспортерот ни е најмалце користен, а сите ми викаа дека без тоа не сме можеле. Јас уште не го вадам од корпа се додека си е комотен внатре
Има едни како штипки на страните ги потегнуваш и креваш нагоре. Прелесна е за склопување. Нели кога ќе го извадиш седлото каде што седи новороденчето, пред да ја спуштиш рачката, има од страните како штипки, стисни ги и крени ја количната во вис -толку аххаха. Ако ти треба помош пиши ми во лп ќе ти пратам видео
@Fenix05 мила прочитав ти ја имаш maxi cosi plaza. Како сте задоволни? Вреди ли за парите? И дали следува торба со нејзе?
Ја имаме да. Доста е гломазна, во кола фаќа доста простор, среќа имаме широк гепек па по должина ја ставаме и има уште пола гепек празен. Кога е со корпата е доста тешка за кревање,спуштање по тротоари, ама е многу комотна убава цврста корпа па нормално да има и свои маани поради тоа. Бебе макс искористи во корпата, денски дремки му се сите таму, први 3 месеци стоеше на гарнитура си го нишкав спиеше сега сеуште ми е монтирана на количка и шетаме во неа. Од утре планирам да го активирам третиот дел за надвор зошто веќе не спие кога шетаме па барем да си гледа, низ маало шетаат доста со истата ми личи баш комотен и тој дел. Транспортерот (го имаме cabrio fix сега гледам е понуда со друг малце поевтин) е супер ортопедот го пофали поради перничето, е сега ептен го поти бебо, мада на +35степени нормално е, па затоа го користиме само за кратки релации во кола. Не ми се допаѓа што мноооооогу крцка цела количка буквално од 1 недела користење почна да квичи на 5 места. Многу ме иритира тоа, ваљда зошто не очекував на 45.000 (редовна преку 60 мислам) да крца како на дедо ми точакот од втора светска војна. А да сега се сетив па едит. На собирање количката често знае да не се затвори па од 10та ја склопуваме, а нели во продавница ти ја презентираат цаап цап со 1 прст затварање. Во глобала сум задоволна, освен овие финеси што ме иритираат.
Zdravo, dali nekoj ja ima ovaa kolicka da spodeli iskustvo dali e lesna ramkata, dali ima dobra amortizacija i udoben transporter?
Мајки вие што ја имате Maxi cosi plaza+ дали третиот дел што е за седење, може да се постави скроз рамно ? Има 3 позиции ама кога ќе ја поставам најниско нозете му се во вис зошто кај газето е како под агол и не гледам поента зошто се симнува до доле?
Sakav da ve prasam majki za cybex kolickite kako da iskombiniram kako da zemam primer ova vo slikata e smao korpata neli? I kolku vreme e korisno ova pa posle na koj del se preminuva. Vo krs gledav imase 3delno cybex 50000. No ne razbiram ramnoto za sto e pa drugoto za sto e ako nekoj saka neka mi objasni kako da iskombiniram za da zemam planiram od grcija
Луѓе, ајде совети од некои со искуство. Гледам колички, прво дете ќе ни биде. На што е најважно да внимавам? Гледам некои имаат долу како стопирач на нозете, некои се за како да им висат само нозете. Што е подобро? Има и 2 во 1, и 3 во 1. Се користи корпата многу?
Нашите се ноемвриски, мислам дека ќе ја користиме корпата доста. Е сеа малку ме мачи и мене тоа зашто па многу е загадено кај нас зимно време, шетање ќе биде малку тешко.
Јас искрено не планирам да сум во Скопје првите 2-3 месеци. Дека родителите и на двајцата ни живеат во југоистокот и си имаме делче наше, и си зедовме и апартман во Дојран... Јас ќе сум на породилно, маж ми од дома ќе работи. Кога имам опција да не седам тука, воопшто и не се мислам. Ако имаш и ти таква можност, избегај на некој период. Мене ми е искрено страв, дека е загадено и плус сезона на вируси...
Па немам и двајцата сме од Скопје, а маж ми нема опција од дома да работи. Али ќе ни треба мислам корпата. Вака сите другарки се фалат дека ја утепале од користење. Се зависи и од бебето, колку ќе сака.
Вака, да ви улетам. Моево е Јануарско бебе, не мрднавме од дома па мислам до 20ти февруари, сега има 6месеци корпата да знаеше да збори ќе проплачеше , маста и ја извадивме. Моето дома спие денски во неа, комотна е цврста ,шетаме со неа. Може такво бебе се погоди не плачеше ниту сега бара во раце, ама до 5 6 месеци секако ти нема да го седнеш во количка за да гледа, ако не сака нема да дака воопшто и нема да користите количка. Мој совет - навикнувајте ги од мали на колички. Јас бев 9месеци врзана за кревет трудна па штом намали загадување пешачев со бебе во количка по 10-15км може и затоа си седи сеуште. Барај колички без пречник доле, кога ќе потпорасне ќе го мава во лист позади ќе го боли тоа. Барајте лесна за возење и склопување, цврста,полна гума, доле да има голема корпа за работи, да не фаќа премногу простор во гепек. ... @LadyR
Денес бевме во она Хело бебе, една количка ептен ми фати око. Има транспортер, корпа и спортско седиште што може да се користи баш долго, до кај 2 години. Лесно се склопува, ми се допаѓа делот што можам да повлечам рачката колку сакам. Не се ниски седлата, туку баш она високо , доаѓа негде на висина како мојата половина, па и малце повисока,а јас сум 175 цм висока. Оваа беше со три посебни дела и се загреав доста за неа. Ааа и корпата има како душече што се вади и може да се пере.
Јас се мислам меѓу овие модели: - https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-plaza-essential-graphite/ - https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-plaza-luxe/ Не знам дали разликата во цена вреди помеѓу овие двете на Maxi Cosi - https://krs.mk/proizvod/ts-balios-s-basic-blk-3in1-a-deep-black-black/
Нас ни кажаа дека разликата помеѓу двете на Maxi Cosi е во материјалот кој е користен за количката. Останатото наводно се било исто…