Мила, следува торба со нејзе? Или само транспортер корпата и спортскиот дел? И јас се заљубив во нејзе, ептен ја мерачам од коа останав бремена, па здравје периодов сакаме да ја земеме. Е сеа ќе бидам која боја ќе ме привлече во живо.
Нема торба. Само трите дела се. Има повеќе торби како додатоци се докупуваат. Инаку стварно е предобра. Денеска ја отпакувавме, монтиравме се по ред. За ако не дај Боже нешто не чини, да може да замениме дури има период на рекламација. Ама се си е супер. Количката е стварно со ептен осмислен дизајн.
Јас ја видов во живо, мн убаво квалитетно изгледа. Големка е. Продавачката рече дека е супер количката, а поефтина е дека не е брендирана. Е мене само не ми се свиѓаше делот кај нозете што е таков.
https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-zelia-s-trio-dark-gray-3-во-1/ мислење за оваа количка доколку некој ја има maxi-cosi zelia s trio ?
Јас ја имам, пре пре задоволна сум. Мах ја искористив корпата, во зима за надвор, па и дома во неа си спиеше. Лесна, со полни тркала, не зафаќа простор во багажник. Да бирам пак, пак би ја одбрала оваа количка. Ние одбравме сива, пре убаво изгледа. Ниту еднаш до сега некој дел не крцнал, ништо нема мрднато, а ќерка ми е 7 месеци, толку време ја возиме. Вреди за секој денар.
сега гледам баш на страната, мислев maxi cosy е количката. Сакав некоја од нив или Чико, читав тука најдобри дека се. Ама секако ќе ја имам предвид и оваа, ми фаќа око.
И јас кога бирав количка, читајќи тука се залетав по maxi cosy, бев во продавница, сите ги разгледав. Ниту боја ми се допадна, црни сите беа или некоја темна сина не ни памтам, гломазни огромни, ниту една не ми направи мерак. Тука на форум исфорсирани мах. Фала богу што не ја купив. Чико е мн подобра опција, нас ни беа оваа Пали и Чико како фаворити. Разгледај си убаво па одлучи си, битно е количката да е лесна за возење и со полни тркала.
мора да одам да ги видам во живо и споредам, вака на слика само не може да се одбере. И јас сум за тоа да е лесна и да не зафаќа простор, не ми е голема колата. Фала уште еднаш
Да да, обавезно во живо разгледај си, повози ги и да видиш која ќе ти изгледа лесна за возење. Со среќа
Си ја купивме maxi cosi plaza. Зелената ја избравме, некако најсимпа ми се виде во живо, и маж ми по неа запна хаха. Преубава, одвај чекам да ја распакуваме денес и здравје да ни дојде бебка на овој свет и да си ја возиме.
Женска, дали се регистриравте на maxi cosi страната за плус една година гаранција? Ми пишува дека ќе ми пратат мејл ама уште нема.
Па ние се регистриравме ама вика мејл ќе ми стигне, мејлов никаде го нема дали викенд дека е, ќе видам дали ќе стигне деновиве. Викам да не ти се десило истото.
Ќе стигне за некое време, мислам не враќаат одма. Инаку на рамот има доживотна гаранција, барем така беше.