ве молам за помош! се мислам за maxi cosy: 1. maxi cosy adorra 2.maxi cosy plaza или Чико best friend pro light cory разгледував вчера цел ден и не можам да се одлучам сеуште.
Дали чико количките се истите во Тополино и Енци Менци? бев пред некој ден во Тополино, многу мал дуќан и ги немаа изложено количките, туку само спакувани по кутии па некако чудно ми е. А се поевтини од Енци Менци.
Истите се. ЕнциМенци најверојатно поголема кирија си плаќаат, па поскапо продаваат. Знам ја продаваа Joie versatrax 2во1 и во Енцименци и Тополино ја имаше само на залиха а во продавница не (една беше истата и исто на акција беше и во Енцименци и Тополино), никаде на др место ја немаше количката.. така да мислам Тополино и имаат договор некој и со други продавници така, продаваат и работи кои ги нема во продавница кај нив.. а на страната да. Ако порачаш, повлекуваат од друга продавница и ти продаваат.
не е мала разликата во цена, па затоа ми падна чудно дали се истите да не се зезнам и дека ги немаат изложено да се видат па затоа. Фала ти
Ништо Обавезно за тие што не се изложени во нивната прашај дали е нова спакувана или е некаде во друга продавница изложена веќе... обично повеќето на акција се тие што се изложени низ продавници...
Ги видов во Енци во живо, ги имаа изложено. Па кога видов тука поевтини си викам да заштедам некој денар ако се истите да не плаќам поскапо ваму. Не сум слушнала до сега за Тополино и затоа ми беше премисла.
Ве моламмм искуство за оваа количка. Немам место за корпа па морам вака комбинирана, седиштето да се прави корпа..
Ние ја имаме оваа, задоволни сме. Не ни е купена од МК но претпоставувам ист е квалитетот. Што поточно те интересира прашај слободно.
Здраво мила,јас ја имам на Chicco Best friend и еве 2 ипол години е ќеркичката па уште си ја користам количката и лето и зима.Многу е лека .
Здраво девојки, жени. Можеби ми е уште рано за количка, ама веќе почнав да гледам, со оглед на тоа што има попусти, па сакав да прашам за мислење околу неколку опции што ги гледав. Претходно мислев дека не би дала повеќе пари за количка, ама според тоа што читав, вреди да се инвестира. Ова се опциите што ги гледав засега: 1. Maxi-Cosi Zelia S 3 in 1 https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-zelia-s-trio-all-gray-3-во-1/ 2. TRIO BEST FRIEND PRO LIGHT KORY I-S DESERT TAUPE 0M+ CHICCO https://www.encimenci.com.mk/kolich...ght-kory-i-s-desert-taupe-0m-chicco-798662533 3. Bébé Confort Haze 3-во-1 https://bebehome.mk/product/bebe-confort-haze-3во1-тинтед-греј/ Може ли некој да сподели искуство и препораки за која е најдобра? Гледам дека доста од вас ја имаат Maxi-Cosi Plaza Plus, ама за таа дополнително треба да се купи транспортер, и искача околу 40.000, а мислев дека макс до 30.000 би дала. Толку е подобра варијанта од Maxi-Cosi Zelia? Имам неколку прашања: дали е подобро корпата и седиштето да се посебни додатоци, или е ок опција и ако корпата се прави во седиште? Друго, не знам ни дали воопшто имам потреба од корпа, искрено. Термин ми е крај на октомври, тие 2-3 месеци на почеток сигурно ќе излегувам само на контроли, и ако е топло, можеби кратка прошетка, и претпоставувам за тоа доволно е транспортерот. Декември и Јануари во Скопје се најужасни со загаденост, така што не верувам ни дека воопшто ќе мрднам од дома, што значи дека после средина на февруари, веројатно веќе ќе може да користам седиште во легната позиција, па не знам дали воопшто имам потреба од корпа. Да напоменам, и јас и сопругот сме 180цм плус, што значи гломазна количка нема да ни е проблем, напротив, ни треба нешто што нема да не згрбави од буткање и двајцата, плус, живееме на Водно, значи добри и големи тркала со амортизација се обавезни. Имаме голем гепек, па просторот нема да е проблем. Знам дека треба да се види и во живо, ама јас сум врзана за кревет до крај на бременост, така што количката ќе ја испробува сопругот во продавници. Фала однапред на сите препораки и совети.
@IviIvana9 Имам неколку прашања: дали е подобро корпата и седиштето да се посебни додатоци, или е ок опција и ако корпата се прави во седиште? - Според мене подобро е да се посебни. Тие што сум ги гледала кога корпата се користи како седиште, делот за нозете е некако многу мал и многу некако затворено ми личи. Јас имам прилично високо дете и таков тип на седиште многу брзо ќе му беше мал. Зависи и колку планираш да ја користиш количката, дека многу родители менуваат брзо во летна количка. Така седиштето на стандардната количката кратко го користат, па големината не е проблем. Јас мојата количка ја користев до 18 месеци, ќе ја користев уште ама земав кола која има мал багажник, па не ми ја собираше. Друго, не знам ни дали воопшто имам потреба од корпа, искрено. Термин ми е крај на октомври, тие 2-3 месеци на почеток сигурно ќе излегувам само на контроли, и ако е топло, можеби кратка прошетка, и претпоставувам за тоа доволно е транспортерот. Декември и Јануари во Скопје се најужасни со загаденост, така што не верувам ни дека воопшто ќе мрднам од дома, што значи дека после средина на февруари, веројатно веќе ќе може да користам седиште во легната позиција, па не знам дали воопшто имам потреба од корпа. - Мене корпата ми беше многу корисна. Моето е родено во ноември и го шетав уште првата недела. Во Скопје го шетав на кеј, Водно, Кучково. Во јануари и февруари и Маврово, Шапка и Копаоник го имам носено. Имаме и викендичка во едно село надвор од Скопје, често идевме и таму зимата. Соодветно облечени немаат гајле на ладно. Дома денски дремки тераше во корпата.
И мене ми е прерано, ама пусти мерак почнав да гледам цени на многу работи како се движат и баш ми падна во око оваа Зелиа. Ај кажи ми мила, дали е многу гломазна и дали зафаќа многу простор во гепек? Дека јас сум ситна, па да не испадни да не се гледам од количката Исто и некоја ако имате искуство со Киндеркрафт Moov количката да ми кажете искуство?
Фала ти на споделеното мислење. Во тој случај, која количка е најдобра препорака? Така и си мислев, за жал.
И јас да се надоврзам на темава, затоа што ја гледам истата количка. Вметнувам цитат подолу од пораката што ја пишав и дилемите што ги имам. Дополнително, како си задоволна од корпа/седиште во едно? Една членка пиша дека делот за нозе е пократок, и дека е подобро да се одвоени, па и тоа ме интересира.
Korpata spored mene e potrebna barem jas ja iskoristiv do maks. Jas nemav transporter, prvite izleguvanja vkorpa go stavavme vkola a posle sediste imavme kupeno pred da se porodam. Bebeto mene mi e golemko taka da transporterot mn malku ke go koristev. Za izlegvanje pa oktomvri e mesec taman za izlegvanje vremeto, ima mesta kade mozes da odis nadvor od Sk ne bi go zatvorila bebe doma bas toj ubav esenski mesec. Plus rece zivees Vodno pa taman korpata ke ja koristis tamu ti e poubavo vremeto. Od chicco jas ne ni gledav ama dr da. I dvete se ubavi zavisi koja vi odgovara inace gledaj i od joie.