1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Количка

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 6 јануари 2011.

  1. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Од кога почнавте да го користите летното седиште? Може пред 6 месеци?
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Па обично и тие се 0+, се местат и на рамно и на 40 степени висина...
     
    На Xxxx2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LEA24

    LEA24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Stroller travel sistem 3vo 1 Zack
     
  4. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Ја зедовме BBO Neo од Gencbebe во Тетово, солидно изгледа за таа цена, многу лесна и практична. Се надевам дека ќе ни се погоди ☺️
     

    Прикачени фајлови:

    На Elliana, Carolin., baguf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Која цена е и дали имаат уште на залиха ?
     
  6. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Околу 4ипол месеци, почнав да приметувам дека и е досадно и се бунтува нејќе да лежи во рамната корпа. На нашава (Макси Кози Плаза+) седиштето оди на 4 нивоа. Рамното не е скроз даска рамно е некој агол од 20 степени. Од страв за повисоко почнав така да ја возам зошто има можност да си гледа наоколу а не е толку исправена. На ортопед бевме за некој ден од како почнав да го користам седиштето и добивме совет дека треба само во него од сега па натака и на агол 45.
     
    На Xxxx2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    17.990 ден. Мислам дека имаат уште на залиха
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Фала многу! И ние сме 4,5 месеци и гледам дека веќе не сака в корпа, ја интересира се' наоколу. Проверив на нашата има можност за неколку нивоа, па ќе го наместам летното седиште. Не знам зошто досега мислев дека до 6 месеци само транспортер или корпа, ама сега ги разгледав сите опции на количката :D
     
    На FitGirlK и Лалина им се допаѓа ова.
  9. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    А што се следува со неа ? Ги има тие зимските делови плус ?
     
  10. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Корпа за до 9кг, транспортер и обичниот дел. Има зимска покривка
     
  11. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.407
    Допаѓања:
    16.712
    Пол:
    Женски
    Истата ја земавме од Хелобебе. Исти газди мислам дека се со Генц, од таму чекавме да ни испратат.
    Мене ептен ептен ми се свиѓа. Прелесна е за возење, лесно се склопува. Од други места што гледав, некако најстабилна ми се виде.
     
    На Carolin., Зеленоокатаа и Лалина им се допаѓа ова.
  12. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    17.712
    Пол:
    Женски
    Мислење за количкава? гледам лесна е за собирање и за патување за во кола да се складира .
    имам јас од ќерками од тие корпите што се прават и за седење. ама додека ја собереш во кола ќе ти здосади. сакам нова да земам по лесна практична.
    topolino-quad-gold.jpg
     
  13. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    173
    Здраво, искуство со chipolino количките модел Estelle 2 in 1, дали сте задоволни, гледам нема многу мислења по форумов за chipolino, се двоумам да ја земам со оглед на тоа што цените се доста пристапни, но се до 15кг, што се прашувам дали е доволно или треба поголема?
     
  14. KIKI KIKI

    KIKI KIKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички, дали некоја ја има оваа количка и како сте задоволни? Screenshot_20240812-170953_Chrome.jpg
     
    На Sitte4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IviIvana9

    IviIvana9 Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2023
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Здраво мајка, може ли да те замолам да споделиш повеќе искуство за Пали Пратик 3 во 1?
    Јас до сега бев на мисла за Макси Кози Плаза+, и да не кажам скоро и се решив за неа, ама неколку мислења посебно и Феникс што ги сподели ме премислуваат. И да ја купам на попуст за 40.000, ако треба да ја мењам за 7 месеци, ми нема поента, плус дека била многу гломазна.
    Јас сум со серклаж и сум на лежење дома, така што маж ми го праќав за да гледа, од Бебе Хоум му ја препорачале и Адора, со тоа што би докупиле корпа, ама некако не ми фаќа око, ми личат тркалата мали, и по скопскиве улици и Водно, тешко да би вршеле добра работа.
    Колку време ја имаш Пали Пратик веќе, полесна ли е од Плазата? Како што видов, доаѓа со корпа и транспортер, а корпата е посебна, така, не се склопува после тоа во спортско седиште? Ми рекоа тоа обавезно да избегнувам.
    Лесна ли е количката, ќе врши ли работа и за летно време, во однос на склопување и зафакање простор? Имаме голем гепек, ама и нема поента ако Макси Кози Плаза фаќа пола гепек, и ако не врши работа за летно/пролетно време. Мене термин ми е средина/крај на Октомври, не верувам нешто многу дека ќе искористиме шетање први неколку месеци, па да не искочи да ја купам Плаза, и во април да треба нова количка да барам.
    И можда најважното прашање, височка ли е? И јас и мм сме високи, па гледам да биде удобна и за нас, да не се грбавиме. Ако можам да ја користам таа од раѓање, па и за летно време, ако се и тркалата и амортизација добри, одма терам со таа, ич нема да му ја мислам.
    Башка гледам дека и вклучени се додатоци во цената, така што и тоа доаѓа како топ дил.
    Извини ако те нападнав со прашања, ама форумов ми е единствено место кадешто може барем малку да опипам кој како е задоволен и за каква количка да се решам. :D
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.708
    Допаѓања:
    10.365
    Пол:
    Женски
    Здраво мајка, секако, ќе ти пишам подетално за количката.

    Може прочита мои мислења, и јас бев залетана за Макси кози, ама не ми се допадна ниеден модел. Гломазни се мн, па и тркалата како од камион, ама ич убав впечаток не ми оставија. Бои темни, на сонце можам да замислам како ли би му било на бебето.

    За цена тука некаде се и со Пали, и ние ја плативме скоро 36.000. Ние одбравме сива, си има мрежичка да си дише бебето кај главчето. Тркалата нормална големина се, од лесна полесна е количкава. Ние немаме голем багажник, таму ни стои количката ама комотно може да ставиме и др работи, не зафаќа простор ништо посебно. И тоа е точно, и да имаш голем багажник, не е работата цел да биде зафатен само од количката.

    Ја користиме па скоро 7 месеци, одлично тера до сега, сме ја возеле и по нерамни места, поминува секаде без проблем, ниеден дел нема мрднато, ниту пак нешто крцка. Лесна е и за склопување, маж во 2 чекори ја склопува. Кога сум кај него, ич да не се секираш, он е 2 метри па ја вози, има долга рачка, си ја прилагодуваш според висината, така да ќе ви одговара за возење :lol:

    Пали има посебна корпа која што си ја местиш лесно ко песна на самиот рам на количката и ќе си го гледаш бебето. Нас ни беше максимално искористена, дома ќерка ми си спиеше и играше во неа, надвор(родена е Ноември) си ја возевме до моментот кога беше спремна за седење, 4 месеци сигурно си ги помина таму, баш е големка, убаво штити за во зима, и ставав како тенко ќебенце околу главче, она со капа и гајле немаше, заштитена мах. Транспортерот исто мах си го користиме сеуште, до лекар, гости, во кола како седиште. И третиот дел, она сега е скоро 9 месеци, па сака да разгледува, си седи, гледа, кога и се спие ја спуштаме. На 2 позиции е третиот дел, седечкиот. Јас нема да купувам летна од истава причина што си има убав седечки дел, си дише бебе, стреа си има, сега лето скроз и ја тргаме, ако задувка или сонце ако ја фаќа и ја повлекуваме и да не речам цела ја штити.

    Душа, ајде уште малку ќе издржиш и после со бебе ќе шетате ќе уживаш, на сè ќе заборавиш :hug:

    Се надевам ти помогнав со рефератов :D ако имаш нешто плус да ме прашаш, слободно да ми пишеш.
     
    На IviIvana9, Kala22 и Лалина им се допаѓа ова.
  17. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    2.764
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам Chipolino elite 3 in 1.
    Син ми е 2 години има 16 кила и сеуште го возиме (нашата е до 25кг)
    Ако има уста количката се ќе ми искара:DМислам дека тоа е доволно да ти кажам колку сум задоволна од марката. Буквално не е мрдната. Лесно се склопува за во кола, препрактична е. Мислам дека уште 5 деца би ја искористиле и нема да мрдне.
     
    На lala15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.059
    Видов во енци менци има до -40% на колички ако некој е заинтересиран за некоја количка од таму.
     
  19. IviIvana9

    IviIvana9 Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2023
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на вака опсежен одговор, баш ми значи. Дури и пробував да најдам други мислења за количкава, ама не успеав на форумов, не знам дали ја немаат многу луѓе, баш поради тоа што е повеќе ќе кажам непознат бренд.
    Ме зачуди што викаш дека е прелесна, вака според карактеристики што читав, искача дека е едно кило потешка од Макси Кози, ама веројатно и тоа зависи дали е само рамка, или со корпа, не знам на кој принцип рачунаат тежина. Ама за склопување дефинитивно, видов димензии дека е упола кога е склопена од Макси Кози.
    Ќе го пратам мм викендов да ја види во живо, да испроба склопување и се останато, и ако му фати око да ја купи, сега до крај на август е 30.000 денари, комплет. Многу голем плус е како што видов и дека нема потреба да се докупуваат адаптери, дека се си е вклучено, па дури и торба за количката, и прекривка зимска, и навлаки, таман комплет.
    Рачката е ротирачка за спортското седиште? Знам дека корпата се поставува према родителот, ама не бев сигурна дали и за спортското седиште има опција за двете страни да се сврти?
    Јас на невидено, ептен ептен се залетав за Макси Кози, си викам па и да е голема, и ние сме големи, не ми е проблем тежина или нешто слично, ама вака по форумов читајќи дека Феникс не е нешто најзадоволна од неа, си викам не знам ни дали има поента, ако реално кога ќе ми дојдат пролетни/летни месеци, јас ќе треба да купувам нова количка, летна или полесна, па ќе искочи вака да дадам само 40.000 денари за количка со корпа што сигурно нема да ја користам многу во зимскиве месеци.
    Вака, ако со оваа можам да терам и како летна количка, тоа би ми било идеално, барем ќе знам еднаш дека ја купувам, и ќе ми врши работа и цела следна година.
    Не знам и дали ми е време, јас од денес почнувам 30та недела, ама све па некако од мината историја ми е шубе да почнам, а си викам треба полека, едно по едно да спремаме, барем количка и креветче да земеме, башка има супер попуст до крај на август, си викам да не бидат нови цени од Септември, па да се попишманам пак :D
    Ќе пишам ако се решам да купам, фала ти многу што сподели мислење и искуство. :hug:
     
    На Cherry blossom89 и Лалина им се допаѓа ова.
  20. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.708
    Допаѓања:
    10.365
    Пол:
    Женски
    Тешко ќе најдеш мислења, за макси нај веќе пишуваат и чат пат некоја друга. Јас сама си пресеков, немаше мислења за Пали, Макси не ми се допадна, гледам мене што ми е убаво и јас што барам, не што купиле сите, така да, зошто да не се издвојуваме ја и ти од сите други :D :D

    Не знам по кој основ пишале тежина ама од свое лично искуство ти кажувам дека е многу лесна. Бебето веќе ми е накај 10 кила па заедно со се количка пак е лесна за возење.

    Не се докупува ништо, секое делче го има, и за зима како прекривка, пре убаво ранче има, јас тоа си го користам за надвор.

    За спортското си гледа бебето само напред, рачката не се врти на ниеден дел како порано што беа на некои колички, сега е секој дел си се мести на механизам. Во спортакото затоа и бебињата се местат кога веќе се поголеми, сакаат да разгледуваат, напред си гледаат :D

    Еве за мене ти кажав, нема потреба од летна количка, спортското седиште си ја брка таа работа и ќе си дадеш таа сума ама ќе имаш и зимска и летна количка.

    Мој совет, таман ти е, горе доле и ја тогаш купив покрупни работи како креветче и количка, нека стојат склопени, ќе дојде време ќе си наместите.

    Размислете си убаво, маж ти нека ја проба нека праша сè што го интересира и одлучете, јас само свое искуство кажувам да не биде работава те убедувам :D

    Да ми се пофалиш ако си ја купите :hug: