Оваа на Joie беше таква, ама незнам каде ја има. Во Енцименци гледам и во Тополино ја нема веќе... https://topolino.mk/product/kolicka-mirus-buggy-dark-pewter-joie/
https://topolino.mk/product/kolicka-quad-so-prekrivka-dark-grey-jungle/ ваква некоја гледам што се склопува скроз и по можност да е куферче, ако најдам што плус се врти седиштето ќе биде супер
Девојки имам прашања до тие што имате купено количка или било кој друг производ од Maxi Cosi и го имате регистрирано на нивната официјална страна. Од продавницата ми кажаа дека негде ќе треба да го внесам бројот на сметка, али не сфаќам баш каде треба да се внесе во кое поле? И дали ви стигна конфирмациски мејл откако завршивте?
Јас ја земав Плаза, се регистрирав на страната, ама не ми стигна маил. Нема ни да ти стигне, на другарка што ја купи истата, уште во продавница и кажале дека нема маил да и стигне повратен.
Некој што има Chicco Best Friend, до кога ви го собираше бебето во корпата за лежење? Моево е 3 месеци веќе ја пополнува скоро. Не ми личи дека ќе издржи до 6 месеци во нејзе
Ми треба совет, добивме количка maxi cosi gia, бебе е 3 месеци и до сега го возевме најмногу во транспортерот е сега решивме да го составиме тој другиот дел за поголемо бебе и свативме дека нема корпа сега бебе 3 месеци да возам во тој делот некако ми е чудно, како преголема да е така количката. Дали да инвестирам во нова количка заради баш тој дел што нема корпа? Некој совет? Бидејќи еве иде зима нема ли да му биде ладно на бебето да лежи така скрос на отворено? И дали имате искуства со количката на cbx и kidilo?
Па до зима бебето ќе ти е 5,6м и нова количка само за корпа и нема да ти треба, ќе ја надрасне корпата. Зимска прекривка земи си, баш имаш на maxi cosi прекривки убави. Треба да пасуваат на сите колички, провери... Јас па уште сега го ставив обичниот ден, не ја возам во корпата веќе 2,3 недели. Ем е крупна голема и она, скоро ја стигна корпата... ем се ја интересира и сака да разгледува, а во корпата ја нема таа можност. Имам таман и зимска прекривка за понатаму.
Sekako ako sakas proveri da ne se prodavaat samo korpi, no sepak da ne ti e mn pari taka + da dades. Vidi kako ke odgovara bebe vo dr del. Jas pocnav od 3.5 ili 4 meseci da go koristam oti bebe golemko ne go sobirase vo korpata.
Не се исплати, 11.000 е корпа на maxi cosi, а ќе се вози уште 2 месеци најмногу. https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-2во1-фут-маф-twillic-green/ Оваа прекривка за зима може да е супер
Ви благодарам многу на информациите и советите мајки, во право сте ако е за еден месец два не се исплати
Здраво на сите. Дали некој ги користел овој модел на количка и креветче да сподели искуство. Гледам има убава акција, дали вреди да се земат?
Nie ja imame Joie ubava e kvalitetna, korpata dolu e golema moze da stavas sto sakas. Lesno se sklopuva i ne zafakja mnogu prostor
Здравоо, продавам НОВА неотпакувана количка Maxi Cosi Zelia³ Essential Graphite. Купена е од бебехоме и е преубава систем количка. Еве линк да ја разгледате. https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-zelia³-essential-graphite/ Цена 22000денари, со гратис адаптери за транспортер. Заинтересираните контакт инбокс
Многу ми е криво што периодот кога требаше да купам, ја немаше... преубава количка, доста фалена и тука. Квалитетот врв, не е огромна, за наши улици одлична. Ние друга земавме, не е лоша и оваа нашава ама за Joie ми е многу криво