Мене многу убава количка ми е оваа, само тука викаа дека тоа кај нозете знае да смета кога ќе подпораснат... Инаку често е на акција оваа
Ја имаш истата? Ако е често на попуст, па и да не избрзувам. Ама некако колку што повеќе читам и гледам толку понеодлучна сум. Во моја околина сите што ги прашав не си ги препорачуваат нивните избори на колички. Воедно и дали вреди да се инвестира во добра количка и која е таа разумна цена која е океј да се даде за истата?
Не знам зошто е пишана 3 во 1, мислам дека корпата се трансформира во седиште. Ако е така, рачунај дека нема да ти одговара за поголемо дете бидејќи металниот оквир што го гледаш е воедно и потпора за нозете. Што значи кај поголемо дете ќе му висат нозете и тоа металното ќе му смета од позади. Мој совет ти е ако не најдеш до посакувана цена и критериуми 3 во 1 систем да си земеш посебно транспортер посебно количка, транспортер е седиште за во кола.
Зошто сите си наоѓаме по некоја мана во количките, затоа. Едно ако чини, друго не чини и така Јас ја немам оваа, јас Cangaroo macan имам, ама и на таа мана и најдов Многу ми е криво мене Joie што не си купив. Тие види ги, тие ептен ги фалат и не се пожалил никој до сега
На бебехоум производите и се стално на "акција" секој месец различна боја пример, не мораш да брзаш. Отиди погледни ја во живо убаво растреси ја да видиш како ќе се понаша. И на оваа и на плаза мене не ми се допадна тоа што корпата како не скрос фиксирана им е се клатеше. Ама за количка мора одење на лице место и детална анализа Инаку многу марки имаат сетови со 3 дела и поисплатливи се одколку посебно да докупуваш транспортер.
Здраво мајки, сакам да ве прашам како сте задоволни од Cybex количките? И од која марка на колички сте најмногу задоволни?
Ние ја имаме Cybex Balios S lux 3 во 1. Презадоволна сум засега. Да треба сега да купувам, пак истата би ја одбрала. Уште малку ќе го надраснеме целосно транспортерот, па планирам и Cybex Sirona седиште во кола да земеме. Priam не знам дали би земала, гледав многу видеа, а и една српска инфлуенсерка имаше објавено дека кожата кај рачката се лупи. Башка мене металниот дел не ми се допаѓа долу на таа.
Имате ли некој од колечкиве на бебето? Многу убаво ми изгледаат на слики компактно не сум била да ги видам во живо, некој искуство дали има со нив околу практичност https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/bebetto/bebetto-torino-2019-3-in-1
Јас ги имам видено во живо многу пати. Јас сум ниска, а овие колички се многу гломазни. Корпата е огромна, буквално како креветче. Е сега, ако ти одговара тоа супер, не се лоши вака. Гледам кај нас во околината ги возат, ама дефинитивно не се за мене. Рачунај бебе во корпа ќе спие максимум 3-4 месеци, после ќе сака да станува, да гледа, да се врти. И така ќе ти стои волкава гломазна корпа дека ептен малку време ќе ја користиш.
И јас сум 160цм значи ќе ме покрие, ќе одам да ги видам и во живо баш ако има некој искуство околу тркала квалитет итн нека пише. Искрено корпиве ми се преубави за до 6месеци али после па не се користат ич имаш право … од искуство со породени мајки подобро 2во 1 да земеме со транспортер само?
Ни до 6 месеци нема да ја користиш корпата. Е сега тоа сигурно зависи од бебе до бебе дали ќе лежи или слично, ама тешко дека на 5-6 месеци ќе сака бебе само да лежи во корпа. Јас се одлучив за таква количка 2во1 што е со транспортер баш од либерта, се прави и корпа и седиште и ми е многу подобра опција, па ќе видеме како ќе се покаже со бебуш.
Ако е пролетно/летно бебе, ја не би земала со корпа искрено хаха со две деца ни едното не сакаше да лежи во корпа. После 3-4 месец бебе освен да спие, не верувам дека ќе лежи во корпа
Преубава, го читав брендов баш го фалеа а не ми е познат ич околу нас деугаркиве други возат, претежно maxi cosi и cybex. Отидов до крш да ја видам убаво cybex balios ама дали продавачката дека беше ултра неуслужлива некако не ми остави впечаток дека е нешто посебно за толку многу пари… можда грешам сма материјалот некако шознам
Ако си од Скопје таму не е многу возена количката, ама тука кај мене во околина многу ја имаат, буквално секоја втора мајка ја гледам со истата. Добив многу пофалби па се одлучив за нејзе. Па здравје ќе видеме како ќе се покажи со бебка, едвај чекам.
Одлична е cybex balios, и јас имав лошо искуство со продавачките, кога гледав, а се мислев помеѓу нејзе и maxi cosi plaza. На крај за максито се одлучивме. Сеа за сеа задоволна, ќе видиме понатака.