1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Количка

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 6 јануари 2011.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    Ако ми веруваш денес го натерав маж ми во city mall да влеземе во крш да ја видам уште еднаш, леле човече оваа продавачка дабетер од претходната :D]:) ја прашувам за нивоата како се дали оди до нула и колку степени има се врти и ми вика, е добро сите со прашањава нормално дека оди до нула. Ја погледнав само и фала пријатно и заминав, маж ми вика до Солун ќе идеме ако запнеш овој модел да го земеме сма тука на овие денар не им давам за сељачкиов однос :inlove:
     
    На Antebellum, Лалина и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    Ја има во Солун, летото за 600 и нешто евра беше во Оркестра, ама не ми се купуваше заради рекламации и сл, па одлучивме од тука. Иначе стварно е добра, мислам @senza.parole ја има.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    4.366
    Пол:
    Женски
    И јас го имав истиот проблем со продавачките од Крш во Сити Мол и Ист Гејт, крајно неуслужливи. Случајно влегов и во Крш во Дајмонд за последен пат да ја видам пред да одлучам, е таму фала богу беше како што треба продавачката, ми обрна внимание, ни објасни се. Ако се решите за од Солун, ја има и во Mothercare и Bebehome, таму продавачките се врв, преуслужливи, да ти е мерак да купиш. Доста поевтино испаѓаше него од кај нас кога ќе де земе и во предвид tax free, плус има поголем избор на бои
     
    Последна измена: 14 декември 2024
    На Baby warrior и Лалина им се допаѓа ова.
  4. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    5.202
    Немој тоа да ти биде критериум при одбир на количка. Отвори на нет за секоја имаш дури и видеа, ич ништо да не ги прашуваш. Гледај која ја сакаш и која ти одговара на буџет.
    Оди само да си видиш квалитет на лице место.
    И мојата само во Крш ја имаше, па мораше од таму да ја земам.
    Јас не влегов во Крш продавница во Скопје, а да имаше љубезна вработена. Ни па знаеја нешто ко ќе ги прашав. Уствари имаше, во Point Retail.

    Споредбено со продавачките од другите бебе продавници, особено ќе ги пофалам од Бебе Хоум Аеродром.
    Ние сме со кола со мал гепек, па ни дадоа дури и да ги пробаме количките на лице место дали ќе ни ги собере.
    Cybex Balios е многу убава количка, нас немаше да ни ја собере во гепек иначе ми беше во игра.
    Убав предлог ти дадоа за Солун, рачунај и tax free ќе вратиш.
    Плус не знам како е сега како е со попусти.
     
    На Baby warrior и Лалина им се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    Иначе рано ни е.. ама маж ми ај бе да почнеме да разгледуваме, мераци ☺️ 4ти месец сум тек. Овде во бебе хоум жената беше мн услужлива ни ја покажуваше chicco best friend таа намалена ептен -15илјади. Крем боичка некоја убава во кафено комбинација.
     
  6. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Моево 5 и пол месеци е и ја обожава корпата. Кога и да излезевме си спиеше во нејзе. А нашата корпа е мала веќе одвај го збираше. Сменивме тек пред некој ден дека ни рече ортопедот време е да го седнуваме на 60 степени и да не ја употребуваме корпата.
    Транспортерот не се препорачува да се користи како количка. Тоа двајца ортопеди ми го кажаа.
    Муабетот ми е, се зависи од бебето :)
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    Ама и некако најубави ми се количките со корпа :l: онака баш изглед на бебешка количка. Имаме време ние разгледуваме модели сеуште па ќе прашувам тука мајки искусни чисто за брендовиве што си ги користите инску убедена сум дека за секој човек различни работи се битни :rofl:
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Ние имаме Chicco Best Friend Pro. Мене ми е тешка количката, не би ја земала пак. Особено дека во зградата немам лифт и во мојата кола која е помала не ја собира. Иначе да имам и второ дете и за него би користела корпа. Моето е родено на почеток на Јули, и уште првите недели си го ставав во корпата дома и си завршував работи како пеглање, миење шишиња (да ми е во близина).
    Верувам дека сите имаме различни вкусови, а и секое бебче е различно. Со лесно бременоста :l::l::l:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    Ако ти кажам дека во 17та недела купив и количка и креветче ко од шала во ист ден, непланирано:) тоа му доаѓа 4ти месец, премин кон 5ти. Ако ти влезе нешто во срце, купувај и не му ја мисли.
     
    На Baby warrior, BellaBibi и marrisa им се допаѓа ова.
  10. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    Провери во Gencbebe, ја гледав ама не се сеќавам кој модел беше. Мене ми беше прескапа, мм и фрли око, ама на крај земавме chicco seety. Trio best friend и мене ми беше тешка.
     
    На marrisa и Baby warrior им се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    Ја гледам и плазата многу ми изгледаше компактна и убава црната. Ама не ми текнува што ми рече продавачката за транспортер:| сега читкам уствари не доаѓа во комплетот тоа си докупуваш посебно? Или грешам нешто
    https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-plaza-essential-black/
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    Ние ја земавме зелената, 3во 1 имаше акција летото 39990 беше сите три дела. Имааш сигурно и сега некои акции, цело време им е на акција. Cabrio fix е транспортерот што иде со нејзе.
     
    На Bejb15 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    Ја видов зелената изложена маж ми се фати за неа :inlove: преубава, супер ќе следам месециве како ќе биде со цени и ќе ѕиркам и во Солун што ќе се случува со понуди онлајн
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    7.275
    Јас темно сината ја зедов, и предобра е.
    Јас и маж ми сме повисоки, и топ е количката. Не е тешка, и баш убаво вози низ ужасниве улици со дупки. И цело време треба качи се-симни се по тротоари од коли испопаркирани, гајле нема.

    Транспортерот не го користеме многу баш, имаме седиште друго. И ортопедот др. Каличанин во Систина малку замерка му најде на транспортерот, дека долу каде што е за седење требало да има некој подебел сунѓер плус, не бил добар тој дел за новороденче. И не го користеме.
    Ако ја гледаш оваа количка и се решиш за неа, ако го користеш транспортерот и како седиште, гледај ако можеш друг транспортер да земеш, доплати си подобро.

    Надвор во корпата ја изнесуваме, и баш е убава и широчка корпата.
     
    На marrisa и Baby warrior им се допаѓа ова.
  15. Unno

    Unno Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Извини што упаѓам, за транспортер за кабрио фикс мислиш му нашле замерка? Од постарите модели или новите што се i size?
     
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам истата ама зелената, не ми рече ништо ортопедот за перниче, баш ни покажа како правилно да ја ставиме во транспортер, се збунив сега. Ние не го користиме како количка, само до педијатар во него ја носиме, воопшто не ми е практично транспортер за бебе да шеташ, ко гревче ми се во нив, скифлени цели, нашава па и долга е многу, уште месец макс ќе ја собира, гнездото мало ни е веќе, и искачаат ноџињата.
     
    На marrisa, Лалина и Autumn Love им се допаѓа ова.
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    7.275
    За тој што оди со количката, овој е, i-size. https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-кабриофикс-и-сајз-ессентиал-графит/

    Јас првите два пати на лекар ја вадев од седиштето кога ќе стасавме, ставав во транспортер и до болница само. Ама сега кога ми рече така, на раце од кола од паркинг до внатре во болница. :)
    Многу ми викаа што зимаш со корпа количка, најнеискористена е. Ама мене транспортерот ми изгледа како нешто што најмалце се користи.
     
    На marrisa, Лалина и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    Да, дефинитивно транспортер најмалку се користи, и ние корпата ја користиме повеќе, плус па и вака зимско бебе, ептен погодена корпата.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Ние купивме Maxi Cosi Mica седиште за во кола баш ради транспортерот на Chicco што исто беше непрактичен. Беше стуткан ко кифла и заради рефлуксот нонстоп повраќаше кога ќе го ставиме во него. Секое возење до некаде ми беше стресно. А и да се засркне каишот од кола му одеше преку нозе, брзо да го извадам беше невозможно.
     
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    7.275
    И ние зедовме Maxi Cosi Mica 360 pro i-size, и супер е. Си се врти, и на бебе му е презгодно во него.
    Имавме патешествие со бебе хоум за него, во 9ти месец сфативме дека едната железна шина што се става во седиште не се отвара до крај. На крај ни ги заменија со друго, неколку дена пред пораѓај. :D Немаат сервис тука асален... Ама барем се супер услужливи и коректни.